БалканЧута: Владата на Србија го подарува бомбардираниот Генералштабот на американски офшор компанииНа прес-конференција во Белград, Јовановиќ објасни дека Еколошкото востание добило копија од споменатиот меморандум за разбирање од Министерството за одбрана, кое го добило документот на 9 февруари. Александар Јовановиќ Чута од српската политичка организација „Еколошко востание“ денеска соопшти дека Горан Весиќ во име на Владата на Србија потпишал меморандум со кој локацијата на бомбардираниот Генералштаб во центарот на Белград ја подарува на американските офшор компании „Kushner Realty" i "Atlantic Incubation Partners" LLC, јави дописникот на МИА од Белград. На прес-конференција во Белград, Јовановиќ објасни дека Еколошкото востание добило копија од споменатиот меморандум за разбирање од Министерството за одбрана, кое го добило документот на 9 февруари. -Станува збор за ревитализација и, како што се вели овде, за развој на локацијата на Генералштабот, која Владата на Република Србија и нејзиниот овластен претставник, министерот за градежништво во техничкиот мандат Горан Весиќ, имаат намера со компанијата „Кушнер да ја ревитализираат, рече Јовановиќ. Тој истакна дека компанијата „Кушнер Реалти“ е регистрирана на 8 март 2022 година во американската држава Делавер, која е позната како офшор зона. Како што истакна тој, компанијата е регистрирана на адресата на Џонатан Кушнер, роднина на Џаред Кушнер, зет на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. -Владата на Република Србија го овластува Горан Весиќ да подготви меморандум за разбирање, да изгради нешто што го нарекуваат развој и ревитализација на оваа локација, да и дозволи на компанијата Кушнер и оваа сестринска компанија да склучат закуп за 99 години на предметната локација бесплатно, за да по 99 години таа спомената компанија може да стане сопственик на предметната локација. „Београд на вода 2“ кажа Јовановиќ. Тој потсети дека комплексот на Генералштабот е прогласен за споменик на културата во 2005 година и ја повика Владата на Србија без одлагање да ја објави целата документација поврзана со овој аранжман. Инаку локацијата на Генералштабот во Белград со години се поврзува со Соединетите Американски Држави, поточно со Доналд Трамп. На почетокот на 2014 година, пред американскиот бизнисмен да стане претседател на САД, тогашниот премиер на Србија, Ивица Дачиќ, имаше разговари во Белград со претставници на компанијата на Трамп. Тогаш беше кажано дека Трамп е заинтересиран за изградба на луксузен хотел со пет ѕвезди во главниот град на Србија и дека потенцијалната локација на таа инвестиција е бомбардираната зграда на Генералштабот. По неколку години затишје, реконструкцијата на Генералштабот повторно беше актуелизирана во септември 2020 година, кога специјалниот пратеник на тогашниот американски претседател Доналд Трамп, Ричард Гренел, на состанокот со претставниците на српските власти во Белград ја презентираше идејата САД да го финансираат реновирањето на комплексот на Генералштабот. -Гренел дошол на идеја да видиме како заеднички да ја обновиме зградата на Министерството за одбрана и Генералштабот, изјави тогаш српскиот претседател Александар Вучиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаММА: Последен поздрав до нашиот колега и пријател Лирим ХајрединиХаjредини беше 16 години оперативен директор на Алсат.Со тага и болка ја примивме веста за смртта на оперативниот директор на Алсат, нашиот колега и голем пријател, Лирим Хајредини. Хаjредини беше 16 години оперативен директор на Алсат , работеше и во невладиниот сектор а беше искусен професионалец во областа на менаџментот и маркетингот. Заедно со него како еснаф се боревме за професионализација и подобри услови на сите наши колеги во медиумскиот простор. Вработените во националните комерцијални ТВ станици изразуваат длабоко сочуство до семејството и најблиските . ММАТагови: ММА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ЕвропаИсланд пред клучна одлука: Дали земјата се враќа на патот кон Европската унија?За прв пат по Брегзит, Европската Унија има сериозна можност повторно да расте. Додека Црна Гора е блиску до членство, Албанија брзо напредува, а Украина и Молдавија амбициозно ги почнаа процесите, Исланд по повеќе од деценија откако ги напушти амбициите, повторно се враќа на голема врата. Но пред нив е референдум за две недели, на кои Исланѓаните ќе се изјаснат дали се за рестартирање на напуштените пристапни преговорите. Пред клучниот 29-ти август, нацијата е поделена, иако последните анкети покажуваат предност на проевропски настроените граѓани со 53 наспрема 47. -Мислам дека Исланд е многу блиску до ЕУ. Некои ќе речат дека сме 75% во ЕУ. Никогаш не сме гласале за ова. Граѓаните никогаш не добија можност да се изјаснат дали сакаат целосно да се приклучат кон ЕУ или не. Ова е референдум за постигнување договор. На пример: „дали сакате повторно да ги отвориме преговорите и да ги завршиме“, а потоа штом имаме договор, ќе имаме уште еден референдум на кој ќе кажеме „да“ или „не“. , изјави Катрин Гунардотир, премиерка на Исланд. Исланд ги напушти преговорите со Еу во 2013-та година откако тогашните власти по финансискиот колапс пет години претходно оценија дека економијата закрепнала и островската држава може да се потпре на сопствените сили. За само три години од 33 поглавја, успеа да отвори дури 27, а да затвори 11. Затоа, не случајно, во случај на позитивен референдум, Брисел не исклучува можност Исланд со популација од само 400 илјади жители, но стратешка положба и економија силно повзрана со остатокот на светот, во пакет со Црна Гора да стане членка на ЕУ во наредните две години. -Сега го имате Балканот како тропа на врата, други источноевропски земји, дури и Украина. Мислам дека овој вид проширување е многу поразличен. Се работи за северозапад. Исто така со економијата, земја која има висок БПД по глава на жител, ниска невработеност, високи стандарди за социјална помош. Се справуваме добро со сите работи и веројатно ќе биде брз процес. , вели Катрин Гунардотир. Темпото на проширување во најголем дел ќе зависи и од новите правила кои ги крои Европската Унија, поради се посилниот страв дека забрзаниот прием на нови членки може да доведе до парализа на носењето на клучните одлуки во блокот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМПЦ-ОА: Ги отфрламе сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаатМПЦ ОА ги отфрла сите политички, идеолошки светови или платформи од каде и да доаѓаат. Реакцијата на Синодот на МПЦ -ОА доаѓа по неодамнешната изјава на српскиот претседател во Мркониќ град за тоа дека српската црква е иста и во Скопје.„МПЦ – ОА ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани на својата канонска територија, без каква било условеност од нивната национална, политичка, културна или етничка припадност“, стои во реакцијата. Свесна за својата историска улога и одговорност во духовниот живот на македонскиот народ, црквата останува „отворена за сите“, со цел верниците да ги обединува во единството на верата и евхаристиското заедништво...Со тоа се надминуваат, како што се посочува, „сите минливи политички, идеолошки и општествени поделби“. Евангелието христово, верата во воскресението и благосостојбата на доверените души се основната и единствена водилка во дејствувањето на МПЦ – ОА. Се наведува во реакцијата на мпц-оа, во која се додава дека се отфрлаат сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook