Чупеска: Уставниот поредок на удар, неместо реформи власта прави упад во правосудството - Канал 5

Чупеска: Уставниот поредок на удар, неместо реформи власта прави упад во правосудството

Оваа прес конференцијата ја посветуваме на одбрана и на заштита на уставниот поредок на нашата држава.

Чупеска: Уставниот поредок на удар, неместо реформи власта прави упад во правосудството

Не делат само 24 часа од еден од најголемите упади на една власт во трета независна власт чија самостојност е гарантирана со УСТАВОТ.

Наместо неопходни реформи ќе бидеме сведоци на операционализција на еден груб, и многу нападен удар врз правосудниот систем кои ќе се одвива во законодавниот Дом.

Преку незаконската интерпелација на поединечните членови на судскиот совет за која нема ниту законска можност ниту пак ќе има правно дејство.

Вака како што е поставена оваа интерпелација е школски пример за директно и грубо кршење на уставниот принцип за владеење на правото и за поделбата на власта на законодавна, извршна и судска.

Власта предводена од Мицковски само ја демонстрира својата злонамера за целосна партизација и политичка контрола врз правосудната власт.

Наместо, да ја гарантира нејзината незавиност.

Тоа е отров, високо токсичен отров за демократските принципи и вредности, затоа што претставува отворен и пакосен влез во авториратирам.

Гледаме како власта ја упорно сака да ја демонтира секоја инстицтуционална брана од авторитаризам, преку нелегалните и неуставните постапки, преку исилените и силеџиски разрешувања, преку сатанизации и јавни линчувања на судии, на обвинители.

Таа, всушност подготвува терен за своите послушни инсталации.

Брзањето со интерпелациите на членовите на Судскиот совет, на ваков начин, во услови кога се подготвува нов закон за ова тело, ги обелоденува вистинските намери на власта.

Намери кои не поврзани со реформските процеси туку со воспоставување целосна партиска контрола.

Да беше намерата за суштински реформи немаше вака на сила и спротивно на закон да се турка.

Зошто не почека власта да се финализира новото законското решение и во нормална и редовна постапка се избере пакет на нови членови, согласно новото законско решение?

Зошто упорно ги игнорира постоечките законски одредби и извршната власт, на чело со

Премиерот се става над уставот и над законите?

Затоа што јасна е намерата да нема никакви реформи туку инсталирање на партиски лојалисти во правосудните органи.

Ова не е случајност.

Станува збор за смислен, ситематичен и координиран напад врз правосудниот систем.

Ако Судскиот совет биде срушен на ваков начин, следни се судиите што не се по волја на власта. Потоа ќе следуваат и нарачни пртесуди, како што сме гледале во минатото.

Ако обвинителот биде сменет на ваков начин, без почитување на законите, следни ќе бидат сите што не се подготвени да работат по инструкции на Мицкоски.

Во таа смисла, ужасни, невидени до сега, се изјавите на премиерот во врска со судството кои не може да ги сместиме никаде освен во дијапазонот од скандалозно до шокантно.

Замислете, премиерот ноншалатно, но крајно деспотски, си изјавува дека ќе му зададе удар во чело на судството.

Изјавите пак дека ќе се игнорира мислењето на Советот на јавни обвинители во врска со разрешувањето на Републичкиот јавен обвинител, се исто така фрлање на шок бомби.

ВМРО-ДПМНЕ сака тотална контрола.

Токму затоа се брзаат, токму затоа го игнорираат законот и токму затоа СДСМ никогаш нема да го поддржи ова насилно уништување на правната држава и на уставниот поредок.

Ние и стручната јавност ваквите појави ги сметаме за неприфатливи, оти јасно е дека се спротивни на Уставот и на Законите, на демократскиот поредок

Драги новинари и граѓани,

Оваа власт нема решение за реформи во правосудството.

Таа само ги проектира своите интерни манири на авторитаризам и апсолутизмот кои го спроведува во својата партијата спрема државата.

Згора на тоа, сега истата проекција ја насочува и спрема третата, СУДСКА власт, која мора да биде независна. Тие, бахато и силеџиски сакаат и неа да ја узурпираат, да го инфицираат.

На најгруб и превратнички начин.

СДСМ во претстојниот период, јасно и недвосмислено ќе се спротивстави на овие насилнички и недемократски дејствија.

Наместо ваквото недемократско однесување, ние бараме за судските реформи да се создадее национален консесус и да се осигура темелен реформиски процес во правосудните органи.

Ги повикуваме сите политички партии, сите засегнати страни да се вклучат во процес кој ќе овозможи суштинска а не примитивно водена, половична и персонализирана, партиско-лојалистичка квази реформа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за вистински и суштински реформи во правосудството, кои ќе ја гарантираат неговата независност и ефикасност.

Затоа, НАЈВАЖНО, бараме од власта веднаш, да престане со овие незаконски и неуставни дејствија.

Да се спроведат вистински реформи, во согласност со препораките на меѓународните институции, и да ги следи чекорите предвидени во Планот за Раст, оние од Оценската Мисија, укажувањата на ММФ.

Во овие процеси мора, повторувам, мора да се штити и гарантира Уставот – посебно начелата за поделбата на власта и владеење на правото.

Конечно, ова не е битка за неколку членови на Судскиот совет – ова е битка за зачувување на демократијата и уставниот поредок, рече Ана Чупеска - потпретседателка на СДСМ.

YouTube video

Кошта на турнеја низ Западниот Балкан, в четврток ќе престојува во Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта од денеска до 16 мај ќе престојува во посета на земјите од Западниот Балкан, во чии рамки в четврток ќе допатува во Скопје, а в петок ќе учествува на самит на Европската политичка заедница во Тиран

Кошта на турнеја низ Западниот Балкан, в четврток ќе престојува во Скопје

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, целта на посетата на Кошта е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата.

- Зајакнувањето на соработката со Западен Балкан е врвен политички приоритет за ЕУ и за мене лично, порача Кошта во пресрет на неговата западнобалканска турнеја.

Тој нагласи дека заминува во посета на регионот за да разговара со лидерите на земјите од Западниот Балкан, кои „се соочуваат со постојани предизвици“ и за да покаже дека ЕУ е подготвена да им помогне.

- Постои јасен моментум за проширување, но моментумот бара посветеност, истакна Кошта.

Како што соопшти Европскиот совет, на средбите со политичките раководства на партнерите од Западниот Балкан, Кошта ќе ја нагласи „важноста на понатамошно градење на обновениот моментум во процесот на проширување и на односите меѓу ЕУ и регионот“.

Работниот дел од посетата на Кошта започнува утре во Белград, каде тој ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, со премиерот Ѓуро Мацут и со членови на Народното собрание на Србија.

Утре попладне, Кошта од Белград ќе отпатува за Сараево каде ќе се обрати пред припадниците на Силите на ЕУ во Босна и Херцеговина (ЕУФОР Алтеа), по што ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ.

В среда, Кошта ќе допатува во Подгорица на средби со црногорскиот претседателка Јаков Милатовиќ, со премиерот Милојко Спајиќ и со членови на Владата на Црна Гора, а попладнето ќе отпатува за Приштина на средба со косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу.

Претседателот на Европскиот совет в четврток ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски.

Од Скопје, Кошта попладнето ќе замине за Тирана на средби со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама, а ќе разговара и со студенти на тиранскиот Колеџ на Европа.

В петок во Тирана, Кошта ќе биде кодомаќин на шестиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ), чија тема е „Нова Европа во новиот свет: Единство - Соработка - Заедничко дејствување“.

Самитот ќе се фокусира на безбедноста, а лидерите учесници на собирот ќе ги споделат своите визии за иднината на Европа. Во рамки на Самитот ќе се одржат и три тематски тркалезни маси.

Целта на собирот е зближување земјите од европскиот континент и обезбедување платформа за подлабока политичка координација меѓу нив. /МИА

РобоМак 2025 - натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција

Меѓународниот натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција „RoboMac 2025” од денеска до 17 мај ќе се одржи во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

РобоМак 2025 - натпревар по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција

Скопје 13. пат ќе биде домаќин на повеќе од 70 млади иноватори и експерти од земјата и странство.

Студентите, како што најавуваат организаторите, ќе имаат можност да се запознаат со последните технолошки иновации поврзани со роботиката, автоматиката, електрониката и вештачката интелигенција, преку богатата програма и практични работилници. Работејќи во тимови, студентите ќе имаат можност да ги употребат своите теоретски знаења и практични вештини, истите да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија.

На отворањето, како што е најавено, ќе се обратат деканот на ФЕИТ, Владимир Атанасовски, Ректорот на УКИМ, Биљана Ангелова, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и претседателот на македонската секција на IEEE Анастас Мишев.

РобоМак 2025 е во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, заедно со Македонската секција IEEE и Факултетското студентско собрание на ФЕИТ.

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати.

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт осврн неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година.

СДСМ

притисни ентер