Чупеска: СДСМ бара претседателката Сиљановска да не го потпише Указот за скандалозните Закони за полиција и МВР - Канал 5

Чупеска: СДСМ бара претседателката Сиљановска да не го потпише Указот за скандалозните Закони за полиција и МВР

Се бришат и основните професионални критериуми за раководни позиции, што отвора широк простор за инсталација на партиски кадри без соодветно оперативно искуство.

Чупеска: СДСМ бара претседателката Сиљановска да не го потпише Указот за скандалозните Закони за полиција и МВР

Во пресрет на закажаниот состанок на Советот за безбедност, ние од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со голема загриженост, се обраќаме до претседателката Гордана Силјановска-Давкова, со барање и апел: да не ги потпишува указите за Законите за полиција и внатрешни работи.

Ова од причина што Власта, со неверојатна лежерност, протурка скандалозни и опасни измени, кои го укинуваат професионализмот во полицијата и неа ја претвораат во партиски инструмент на принуда, или милиција која ќе биде под директна команда на Министерот за внатрешни работи.

Ова упорно и навалентно инсистирање полицијата да се партизира по секоја цена, создава сериозни ризци за безбедноста во државата, а воедно врши и атак врз самите граѓани.

Почитувани граѓани, почитувана јавност, со новите таканаречени закони , министерот Тошковски добива неограничена моќ и значително проширени дискрециони овластувања.

Сега, тој ќе може да предлага директор на БЈБ, он најшироките области на општествени науки - што е невиден преседан кој цели кон целосно хендикепирање на професионализмот во МВР.

Сега Тој сам ќе може да поставува началници на Сектори за внатрешни работи и командири, без тие да исполнуваат основни критериуми за стаж, без да имаат искуство или претходно постигнати резултати.

Се бришат и основните професионални критериуми за раководни позиции, што отвора широк простор за инсталација на партиски кадри без соодветно оперативно искуство.

Го избришале и условот кој децидно предвидува извесен број на години на искуство и стаж за напредување на највисоките раководни позиции – што значи дека, началник може да стане било кој што му е по ќејф на министерот, па дури и да е штотуку вработен приправник. Ова е апсолутно неприфатливо за позиции кои бараат огромно искуство и лидерски вештини и претставува директно депрофесионализирање на полицијата.

Оттука, јасно е почитувани, дека овие измени не се во правец на заштита на слободите и правата на граѓаните , туку на партијата!

Ваквите измени се во директна спротивност со клучните стандарди за полиција на Советот на Европа, посебно со Европскиот кодекс на полициска етика кој промовира важниот принцип: за оперативна независност на полицијата од политички влијанија и бара професионален и меритократски систем на управување.

Особено загрижувачки, за нас, се и одредбите кои отвораат простор за масовно следење преку биометриски податоци, и тоа без јасно утврден надзор. Ова, е спротивно на Општата уредба за заштита на податоци (Gеneral Dаta Protection Rеgulation), поточно на европската регулатива.

Уште пострашно, ја избришале и одредбата со која беше предвидено дека полициски службеници осудени со правосилна пресуда за кривични дела кои предвидуваат минимум шест месеци затвор дека по закон им престанува работниот однос. А со елиминација на оваа норма, де факто, широко се отвора врата за инсталација на криминални структури на раководни позиции во министерствот. Па така, оние кои до вчера биле гонети од полицијата сега ќе може да им станат шефови на оние кои си ја работата чесно работата.

Сите овие опасни, недемократски и антиевропски измени не можат да водат кон ништо друго освен кон тотална партизација, зголемена репресија и уривање на човековите права, накратко, водат кон полициска држава.

Почитувани, ова не е се закони, ова е легалзиација на еден манифест на авторитаризам!

Таканаречените закони се длабоко комромитирачки, неевропски и поради тоа што предвидоа укинувањето на регионалните центри за гранични работи, што е чекор до укинување на граничната полиција. И ова во контекст на соработка со Frontex е високо ризичен потег. Бидејќи, Граничната полиција, мора да има посебен статус и оперативна независност.

Се на се, пратениците на ДПМНЕ, не само што гласаа за партизација на полицијата, туку станаа и соучесници во растурањето на најважниот дел од безбедносниот систем: полицијата, односно МВР. А, ова министерство е меѓу клучните одговорни за суверенитетот на државата.

И, бидејќи законите се веќе усвоени во Собранието, Социалдемократскиот сојуз, јавно ја повикува претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова да не ги потпише овие скандалозни, недемократски и антиевропски документи.

Ние, сме длабоко сме убедени дека Претседателката има и сила и волја да застане на страната на уставноста, на демократијата и особено на страна ма мерит систем за кој знаеме дека неуморно се залафа. Сега има неповторлива шанса ова да го покаже и на дело.

Прво, бидејќи овој закон не е реформа, туку е како што кажав : манифест на авторитаризам и брз рецепт за злоупотреба.

Второ, бидејќу ударот врз полицијата и професионалците во неа е удар и врз безбедноста на граѓаните, врз демократскиот поредок, конечно, врз суверенитетот на државата.

Освен апелот до претседателката, кој денес го упатуваме од оваа говорница, ние, како парламентарна опозиција, ќе доставиме и официјални детални и референцијални елаборација за овие стравични решенија, и до амбасадите на ЕУ; САД; до ОБСЕ и Советот на Европа, но и до другите релевантни домашни и меѓународни институции, со цел да алармираме за овие крајно непримерни и загрижувачки чекори на власта.

Нема тивко и бесчујно да дозволиме оваа власт да ја претвори полицијата во партиска милиција, односно државата да ја претвори во полицика држава.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Ана Чупеска – потпретседателка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон

Федералната судијка на САД, Тања Чуткан, издаде привремена забрана за изградба на Триумфалната капија на претседателот Доналд Трамп во областа на Вашингтон.

Судот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон

Федералната судијка на САД, Тања Чуткан, издаде привремена забрана за изградба на Триумфалната капија на претседателот Доналд Трамп во областа на Вашингтон, кратко откако комисија за планирање предводена од членови на Комисијата за планирање на Трамп ја одобри нејзината изградба.

Привремената забрана ѝ забранува на администрацијата да „започне, изврши или на друг начин да изврши каква било изградба, ископ или други чекори“ во проектот Триумфална капија во период од 14 дена, објави NBC News.

Наредбата на судијата дојде еден час откако Националната комисија за планирање на капиталот го одобри огромниот и контроверзен проект за лакови, кој ќе биде сместен во Меморијалниот круг помеѓу Споменикот на Линколн и Националните гробишта Арлингтон.

Дистриктот Колумбија и американската држава Вирџинија поднесоа тужба со која бараат привремена забрана за Триумфалната капија.

Демократскиот конгресмен Дон Бејер од Вирџинија ја поздрави пресудата и го обвини Трамп дека се обидува да ги заобиколи законските пречки.

„Оваа борба не е завршена. Иако оваа одлука го спречува Доналд Трамп веднаш да ги спроведе своите планови за создавање споменик на неговото его, судовите и Конгресот мора да воспостават трајни заштитни мерки за да ја спречат администрацијата на Трамп да го прекрши законот и да продолжи со овој проект“, се вели во соопштението на Баер.

Администрацијата на Трамп ја пофали одлуката на комисијата да ја одобри Триумфалната капија и ја критикуваше пресудата со која беше блокирана.

„Белата куќа ја поздравува одлуката на Националната комисија за планирање на капиталот целосно да ја одобри историската визија на претседателот Трамп за многу потребната Триумфална капија во Вашингтон. Активистичкиот Окружен суд потоа го блокираше проектот“, изјави портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл, во соопштението на платформата X.

Тој рече дека администрацијата е уверена дека барањата за Триумфалната капија ќе бидат „целосно оправдани додека продолжува овој судски спор“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА шампион реши да ја прекине кариерата- објави загрижувачка порака

Кристапс Порзингис (31), латвиски кошаркар и центар на Голден Стејт Вориорс, објави дека се повлекува од кошарката за да се фокусира на здравјето. 

НБА шампион реши да ја прекине кариерата- објави загрижувачка порака

Веста ја објави вчера на социјалната мрежа X, без да открие какви здравствени проблеми имал. Исто така, не прецизираше дали планира да се врати на професионално играње во иднина.

„Оваа сезона навистина се радував повторно да играм со оваа група играчи, но како што постепено го зголемував интензитетот на тренингот, моето тело не реагираше онака како што очекував“, напиша Порзингис, четвртиот избор на драфтот во 2015 година и играч кој беше познат во НБА како Еднорогот поради неговата тогаш ретко видена способност да создава акции и да погодува тројки на 218 сантиметри висина.

„Добро сум, но знам што е потребно и во моментов не сум таму каде што сакам да бидам за да играм на нивото што го очекувам од себе. Во овој момент решив да го ставам здравјето на прво место и да се оддалечам од играта што ја сакам“, додаде латвискиот кошаркар.

Поради здравствени проблеми, тој ги пропушти подготовките за сезоната

Статусот на Порзингис е неизвесен од крајот на септември, кога Вориорс објавија дека ќе биде надвор од терените на неодредено време поради здравствени проблеми. Потоа беше потврдено дека нема да патува со тимот на Хаваи, каде што Голден Стејт се подготвуваше за новата НБА сезона.

Латвискиот центар не играше ниту еден натпревар оваа сезона, а сега одлучи да ги прекине кошаркарските активности за да се посвети на закрепнување. Во својата објава, тој истакна дека има намера да соработува со Вориорс за да најде решение кое ќе им одговара на двете страни.

Тој беше четвртиот избор на НБА драфтот и освои титула со Бостон

Порзингис пристигна во НБА во 2015 година, кога Њујорк Никс го избраа за четврти играч на драфтот. Во текот на 11 сезони, тој промени шест клубови. Покрај Њујорк, тој играше за Далас Маверикс, Вашингтон Визардс, Бостон Селтикс и Атланта Хокс, пред да се приклучи на Голден Стејт Вориорс.

Тој го постигна својот најголем успех во 2024 година, кога ја освои титулата во НБА со Бостон Селтикс.

За време на својата кариера, тој се профилираше како еден од најпознатите европски високи играчи во НБА, благодарение на неговата комбинација од висина, шут за три поени и способност да ја брани обрачот. Иако неговата објава го поставува прашањето за продолжување на кариерата, Порзингис сè уште официјално не потврди дека трајно завршил со професионалната кошарка.

Во својата кариера, тој одигра повеќе од 530 натпревари во регуларната сезона со просек од 19,5 поени и 7,6 скока.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран го укина ограничувањето за балистички проектили од 2.000 километри- колку е тоа опасно за светот?

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека самонаметнатата граница од 2.000 километри (1.200 милји) на дострелот на нејзините балистички ракети е укината, изјави денеска портпаролот на ИРГЦ, генерал Хосеин Мохеби.

Иран го укина ограничувањето за балистички проектили од 2.000 километри- колку е тоа опасно за светот?

Тој рече дека Иран ќе ги покаже своите способности во пракса, наместо да дава изјави, пренесе АП.

Тој не прецизираше дали иранската војска има балистички проектили способни да надминат дострел од 2.000 километри.

Неговата изјава доаѓа неколку дена по изјавата на иранскиот врховен водач Мојтаба Хамнеи, кој рече дека Иран ќе одговори на заканите од САД или Израел „без географски ограничувања“.

И покрај тврдењата дека го ограничува дострелот на своите проектили на 2.000 километри, во март Иран наводно се обидел, но не успеал, да ја погоди заедничката американско-британска база во Диего Гарсија во Индискиот Океан, која е на околу 4.000 километри (2.500 милји) од Исламската Република.

Американските власти, исто така, посочија дека технологијата од иранската вселенска програма би можела да се пренамени за изградба на интерконтинентални балистички ракети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер