ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус
2ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус
БалканЧума на овци и кози во Грција- се уништуваат илјадници домашни животни Властите во Грција најавија ограничувања низ целата земја за борба против смртоносната вирусна епидемија што се заканува на домашната сточарска индустрија.Епидемија на чума на овци и кози, позната и како Peste des Petits Ruminants, или PPR, за прв пат е откриена на 11 јули во регионот Тесалија, централна Грција, и е многу заразна за овците и козите, но не влијае на луѓето. Министерот за земјоделство Костас Циарас воведе забрана за движење на кози и овци низ целата земја за да се спречи ширењето на болеста и да се искорени чумата. Грција потврди 22 случаи на чума кај животните, од кои 20 се откриени во Тесалија, Централна Грција, еден во Коринт, Пелопонез и еден во Атика. Според европските упатства, сите животни во погодените единици мора да бидат уништени, проследено со дезинфекција и карантин. Над 10.768 животни се заклани, откако првиот случај беше откриен во јули и се очекува наскоро да бидат убиени уште 2.000. Фармерите и официјалните лица рекоа дека болеста најверојатно била донесена во земјата од увезена стока. „Мерките кои се во сила од минатата недела во однос на транспортот, движењето и колењето на животните ќе бидат продолжени за уште една недела и мислам дека ова ќе биде навистина важен чекор, бидејќи транспортот на животните е тој што претставува најголем ризик за ширење на болеста“, рече Костас Цијарас, министер за земјоделство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаЃорѓиевски: Конечно решение за булевар „Борис Трајковски“Фејсбук објава на градоначалникот на Град Скоје, Орце Ѓорѓиевски.„30 години голгота - конечно решение за булевар „Борис Трајковски“ Зборот е збор. Со силна динамика продолжуваат работите на довршување на булеварот „Борис Трајковски“, проект што со децении беше симбол на лажни ветувања, застој и секојдневен сообраќаен хаос. Денес, со задоволство можам да кажам дека работите напредуваат според предвидената динамика и дека наскоро повеќе од 100.000 жители ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, како и уредена пешачка и велосипедска патека. Трасата е речиси целосно пробиена, а паралелно се гради и нова атмосферска канализација, со што трајно се решаваат проблемите што со години го отежнуваа животот на граѓаните од овој дел на Скопје. Свесен сум низ што поминуваше мојот народ сите овие години. Свесен сум за изгубеното време, нервозите и долгото чекање. Но, деценискиот сообраќаен хаос конечно заминува во историјата. Ова е враќање на достоинството на граѓаните и доказ дека кога има волја, работа и одговорност - нема невозможни работи! Продолжуваме да го менуваме ликот на Скопје!“- напиша Ѓорѓиевски. Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобусДиректорот на ТИРЗ Гоце Димовски денес имаше средба со Аврам Стојчевски, генерален директор на компанијата ВДЛ Бус Македонија. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, реализирањето на третата фаза од инвестицијата која ќе изнесува повеќе од 5 милиони евра, со нови 150 висококвалификувани работни места во рамките на ТИРЗ Скопје 2. Димовски нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои веќе инвестираат во земјата, преку навремена институционална поддршка и активно следење на нивните потреби. Тој истакна дека токму постојните инвеститори претставуваат најсилен показател за квалитетот на деловното окружување, а нивното проширување е важен сигнал за довербата во домашната економија. На средбата беше разгледан планот за реализација на третата фаза од инвестицијата, која предвидува производство на нов модел на автобус. Дополнително, беше потврдена заложбата за продолжување на конструктивна соработка, со цел создавање услови за успешна реализација на овој инвестициски циклус, натамошен развој и зајакнување на конкурентноста на домашната економија. Инаку, компанијата во април годинава од ВДЛ Ван Хоол Македонија се преименува во ВДЛ Бус Македонија, со што истата започна нова развојна фаза во своето работење. Промената е дел од поширокиот процес на трансформација и развој на компанијата, со фокус на понатамошно унапредување на производствените активности и зајакнување на нејзината позиција во автомобилската индустрија.Тагови: ТИРЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаДЗС: Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај с. РадоборСтанува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75mm, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила. Станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. За пронајденото убојно средство, ДЗС Битола ја прими дојавата преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Тагови: ДЗС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter