Чулев: Управен суд ја поништи одлуката на Влада за 88 распоредувања во МВР

Со вака донесената пресуда од страна на Управниот суд се потврдува дека предметните решенија за распоредување донесени од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев биле законски.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска преку соопштение информира дека Управниот суд на седница одржана на седми мај годинава донесе пресуда со која неговата тужба се усвојува, а Одлуката на Влада со која се поништуваат решенија за распоредување на работно место се поништува.

Тужбата на министерот Чулев се однесува на одлука на Владата донесена на почетокот на февруари, со која беа поништени вкупно 88 решенија за распоредување донесени од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

-Со вака донесената пресуда од страна на Управниот суд се потврдува дека предметните решенија за распоредување донесени од страна на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев биле законски и биле донесени врз основа на законски утврденото право на министерот пропишано во Законот за изменување и дополнување на законот за влада, а притоа во целост се применети законските одредби кои ја регулираат предметната материја пропишни во Законот за внатрешни работи, Колективниот договор и сите подзаконски акти. Додека пак донесената Пресуда од Управниот суд потврдува дека Владата на при носење на оспорената одлука неа ја донела како резултат на погрешна примена на материјалното право, се вели во соопштението.

Според Чулев, одлуката на Управниот суд е потврда за погрешните политики на Владата.

-Ваквата одлука на Управниот суд е уште една потврда за погрешните политики кои ги спроведува Владата, а кои се спротивни на законот, но и доказ дека зад сите одлуки на Владата поврзани со Министерството за внатрешни работи стојат исполнување исклучиво на политички цели. Претходната одлука донесена од страна на Државната комисија за спречување на корупција и оваа пресуда од Управниот суд се потврда на моите тврдења дека распоредувања во Министерството за внатрешни работи се во согласност со законот, стои во писмената изјава на Чулев.

Министерот Чулев ги охрабрува вработените во Министерството за внатрешни работи и во иднина да постапуваат согласно со законот и да ги почитуваат актитe.

-Во таа насока ги охрабрувам вработените во Министерствот за внатрешни работи и во иднина да постапуваат согласно со законот и да ги почитуваат актитe кои се донесени од моја страна, затоа што тие се во согласност со законот што во суштина и единствен концепт на кои се заснова моето работење и раководење со министерството, а што потврда се и одлуките на ДКСК и Управниот суд, вели министерот Чулев.

Емили Ратајковски во „жежок“ фустан на црвениот тепих

Емили Ратајковски присуствуваше на настанот на глобалната гала The King's Trust одржан во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги заврте главите со храбар фустан.

Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој стигнуваше речиси до папокот и кој ја истакнуваше нејзината витка линија. Фустанот имаше и гол грб.

Глобалната гала „The King's Trust 2024“ е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, свечениот настан собра многу познати фаци, како манекенката Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз манекенката Ешли Греам.

УНЕСКО: Убиени се 44 новинари, кои известувале за еколошките проблеми

Новинарите кои известуваат за еколошки прашања се соочуваат со зголемено насилство ширум светот од страна на државните и приватните актери, објави УНЕСКО, истакнувајќи дека 44 од тие новинари биле убиени меѓу 2009 и 2023 година.

Повеќе од 70 отсто од 905 новинари анкетирани од агенцијата на ОН во 129 земји рекле дека биле нападнати, им биле упатени закани или притисоци и дека насилството врз нив се влошило, а само во последните пет години биле пријавени 305 напади.

УНЕСКО, културната агенција на ОН, во својот извештај извести за физички напади, повреди, апсења и малтретирање, како и правни дејствија против новинари, вклучувајќи тужби за клевета и кривични постапки.

Најмалку 749 новинари, новинарски групи и медиумски куќи биле нападнати во 89 земји во сите региони, се вели во извештајот, при што државните актери се одговорни за најмалку половина, а приватните актери најмалку за една четвртина.

„Државните актери, полицијата, воените сили, државните службеници и вработени, локалните власти се одговорни за повеќето напади за кои се достапни информации за сторителите“, се вели во извештајот.

Овие новинари покриваа широк спектар на теми, вклучувајќи протести, конфликти за рударство и земјиште, сеча и уништување на шумите, екстремни временски услови, загадување и еколошка штета и индустријата за фосилни горива.

Мажите обично се почесто напаѓани, а жените почесто дигитално, се вели во извештајот.

Од 44 новинари убиени во 15 земји додека известувале за еколошки прашања, само пет случаи резултирале со пресуди, се вели во извештајот. Во 19 од 44 убиства, сторителите останале неидентификувани.

Најмалку 24 новинари ги преживеале обидите за атентат.

Санкционирани 100 возачи во Скопје, 14 возеле без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење и пет санкции за некористење сигурносен појас.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

притисни ентер