Чулев: Тврдењата на синдикатот се паушални

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ги оцени како паушални наводите изнесени на денешната прес-конференција на Сојузот на синдикати на Македонија и на Македонскиот полициски синдикат.

– Политизирано и партиски координирано раководство на еден синдикат не може да ги штити правата на работниците, а денешната прес конференција одржана по партиски директиви уште еднаш го потврдува тоа. И таа говори за тоа на каква синдикална организација членуваат дел од вработените во Министерството за внатрешни работи и кој ги „штити" нивните права, пишува Чулев во реакцијата на Фејсбук.

Во Фејсбук статусот, Чулев наведува дека од првиот ден кога бил поставен за прв човек на Министерството покажал дека правата на работниците за него се важни, а со предлогот за доделување на паричната награда уште еднаш го потврдил тоа.

– Таа поддршка и желба за дијалог ја покажував и преку неколку средби кои ги одржав со членовите на македонскиот полициски синдикат, но и со сите други репрезентативни синдикати. На денешната прес конференција очекував полицискиот синдикат да го запраша Оливер Спасовски и останатите претставници на власта зошто се уште не го прифаќаат предлогот за парична награда за вработените во полицијата и зошто во неколку наврати поништуваат решенија за распоредување на вработени донесени во транспарентна постапка и во согласност со законот, а во која активно учествуваа и потпис имаат ставено и претставници на Македонскиот полициски синдикат. Воедно, го прашувам раководството на Македонскиот полициски синдикат зошто ваква реакција немаше кога Оливер Спасовски пред самото заминување подели голем број на решенија, а за најголемиот дел од нив и самиот синдикат потврди дека се спротивни на законот, пишува Чулев.

Вели дека до него не e пристигнат предлог за награда од 25 илјади денари за секој вработен во МВР, а доколку ваков предлог е доставен до Владата, тогаш, посочува, таа треба да го прифати.

– Ги повикувам вработените во Министерството за внатрешни работи да проверат дали раководството на Македонскиот полициски синдикат ги застапува нивните права или пак работи по директива на власта. Јас како министер и понатаму ќе останам отворен за дијалог за сите предлози кои ќе ги унапредат правата на вработени во Министерството за внатрешни работи, вели Чулев во реакцијата./МИА

Уапсени 21 лице во акција на Европол за измама на кол-центри

Затворени се 12 кол-центри осомничени за измама.

Најмалку 21 лице се приведени во Германија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и во Либан, во полициската акција „Пандора“, која беше спроведена со поддршка на Европол, во текот на разбивање мрежа на 12 кол-центри осомничени за измама на илјадници луѓе, соопшти денеска Европол.

Во соопштението се наведува дека во акцијата „Пандора“, спроведена на 18 април, затворени се 12 кол-центри осомничени за измама, а одземени им се документите и имотот.

Како што се посочува, измамите опфаќале лажни полициски повици, инвестициски измами и „љубовни“ измами, а работата на кол-центрите ја организирале 39 лица. /МИА

Стојчевски: ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите

„Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина“

На граѓаните им е преку глава од меѓусебните напаѓања, особено од двете најголеми политички партии. Ние како нова партија нема да се служиме со напади. Во врска со прекинатото гласање во една од кумановските општини, кога беше прекинато гласање, иако имаме прочистен избирачки список, одговорноста за спроведување најмногу е на е на ДИК. Движењето ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите. Најголема поддршка очекуваме од левичарските гласачи поради што ние потекнуваме од таква партија. Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина. Дајте изјава од носителите или коносителите од сегашниот парламентарен состав на СДСМ, да не биде само декларативно дека сте се откажале. Од раководството ја одбија подадената рака, поради ароганцијата, рече Даниел Стојчевски во Само Вистина.

од раководството

Раст на берзите во САД по изјавата на Фед за зачувување на каматните стапки

Американските берзански индекси покажаа уверен раст на почетокот на тргувањето денеска откако Федералните резерви (американската Централна банка) ги зачува досегашните каматни стапки и притоа ја намали загриженоста од нивно покачување.

Инвеститорите очекуваат уште податоци од извештаите на крупните компании денеска и од официјалната статистика за невработеноста утре. Во меѓувреме пораснаа и фјучерсите.

- Инфлацијата сè уште е многу висока. Не можеме да гарантираме прогрес во нејзино снижување, а понатамошните перспективи се неодредени, изјави претседателот на Фед Џером Пауел.

И покрај неодреденоста во тековната економска ситуација истакна дека е малку веројатно покачувањето на каматите.

Следен извештај на регулаторите што го очекуваат инвеститорите е клучната статистика на трудот во САД што ќе биде објавена утре, а која може да даде појасна претстава за состојбата со пазарот на трудот и понатамошната траекторија на каматните стапки.

Фјучерсите на Dow до 15 часот централноевропско време пораснаа за 0,53 отсто, на S&P на 0,72 отсто, на Nasdaq 100 дојдоа до 0,9 отсто. /МИА

притисни ентер