Чулев: Државен карантин за непочитување на самоизолација - Канал 5

Чулев: Државен карантин за непочитување на самоизолација

Министерот за внатрешни работи , Наќе Чулев во вечерашната емисија ,,Само Интервју “  на Канал 5, рече дека ќе има драстични казни за оние кои не ја почитуваат мерката за самоизолација, а прекршителите сами ќе си платат..

Чулев: Државен карантин за непочитување на самоизолација

Чулев најави и дека точка на вечерашната владина седница е и прогласување полициски час како мерка за запирање на ширењето на коронавирусот.

Министерот најави засилени полициски контрола на улиците и информира дека од утре почнуваат со патроли и припадниците на Единицата за брзо распоредување, со цел разбивање на групите граѓани кои не ги почитуваат препораките и се собираат повеќе од 5 лица.

Тој вечерва рече и дека личните документи ќе бидат важечки во услови на прогласена вонредна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисија

Епидемиологот доктор Драган Даниловски за Канал 5 вели дека Македонија веќе се наоѓа во засилена трансмисија на Западен Нил, но не може да се каже дали ова е врвот на епидемијата.

Д-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисија

Смета дека околу 80 проценти од заразените се асимптоматски.Целиот разговор на Сања Трајковска Ставро со епидемиологот Данаиловски гледајте го во вестите во 18 часот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена локална облачност.

Информација за времето. Ќе биде сончево, со услови за локален дожд и грмежи во југоисточните делови.. 

Сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.

Следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп изјави дека ќе го прогласи Ормутскиот теснец за американска територија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го прогласи Ормускиот теснец за„територија на САД“..

Трамп изјави дека ќе го прогласи Ормутскиот теснец за американска територија

Американски медиуми јавија дека не е јасно колку е сериозен коментарот на Трамп и дали го одразува неговиот нов политички став, со оглед дека тој изјавата ја даде со насмевка за време на митинг во Гарден сити, во близина на Њујорк..

Изјавата доаѓа два дена откако Трамп тврдеше на својата социјална мрежа дека САД имаат „тотална контрола“ над Ормускиот теснец..

Од Иран веднаш возвратија дека теснецот останува под иранска контрола и дека Вашингтон не може да го преземе ниту со воени закани, ниту со политички изјави.

-Откако ќе завршиме и ќе го победиме Иран, кој е многу тешко поразен.Ќе го прогласам Ормутскиот теснец за територија на САД.Навистина ни оди добро, ни оди добро во секој поглед. Знаете, ја изградив војската и ја користев малку повеќе отколку што сакав, искрено, но во ред. Не смееме да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје. Дали се согласуваме? - истакна Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер