Чулев:15 000 денари не некоја голема сума, но многу ќе значи за полициските службеници во смисла на валоризација на нивниот труд и придонес

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска во Струмица информираше дека поголем број припадници на МВР и на Армијата во Охрид се во изолација, а осуммина се позитивни на коронавирусот.

На новинарско прашање колку полицајци се во самоизолација и се заразени од Ковид-19, Чулев одговори дека во моментот има случај каде припадник на ЕБР се заразил надвор од МВР, во домашни услови и е по потекло од Велес. Меѓутоа, не знаејќи дека е заразен од Ковид-19, појасни, отишол на службена должност во Охрид, каде што има државен карантин од највисок степен на ризик, бидејќи таму доаѓаат граѓаните од Ломбардија, Италија и таму има засилено присуство на полицијата.

– Со оглед дека се работи за припадници на ЕБР од другите градови заедно со припадниците на Армијата се сместени во одмаралиштето на МВР и откако е утврдено дека овој припадник е заболен веднаш е контактирано министерството за здравство. Направени се епидемиолошки анкети и е констатирано дека уште други седум припадници на МВР се заболени, а од превентивни причини сите други припадници од Армијата и од полицијата заедно, со околу 21 припадник на МВР, кој е во прислужниот дел на одмаралиштето се ставени во самоизолација, одговори техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Според Чулев, тоа е нормална работа и не влијае на ефикасноста на министерството.

За предлогот за линеарно наградување на полициските службеници од по 15 илјади денари, техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, смета дека тоа не е само награда, туку и мотивација за полициските службеници бидејќи кризата ќе продлжи до крајот на годината.

-Тие се постојано на терен, постојано се во контакт со граѓаните и носат голем ризик и одговорност. Сега е убаво времето, но ако се сетиме како беше во март,тие се по 15-16 часови надвор под секакви атмосферски услови, јас постојано изразувам благодарност и сметам и дека 15 илјади денари не некоја голема сума, но многу ќе значи за полициските службеници во смисла на валоризација на нивниот труд и придонес кои ги даваат. Сметам дека Владата има ресурси да им ја даде оваа заслужена награда на полициските службеници на ист начин како што беше одобрено за здравствените работници, бидејќи и полициските и здравствените работници се во првите редови на оваа борба, рече Чулев, одговарајќи на новинарско прашање.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

притисни ентер