Чудо во Сплит- на полноќ се родиле близначки во рок од 2 минути, а во различни години - Канал 5

Чудо во Сплит- на полноќ се родиле близначки во рок од 2 минути, а во различни години

Близначки се родиле на новогодишната ноќ во Сплит.

Чудо во Сплит- на полноќ се родиле близначки во рок од 2 минути, а во различни години

Мајката родила две ќерки во сплитското породилиште. Едната е родена минута пред полноќ, а другата минута по полноќ. Префектот Блаженко Бобан денеска ги посети бебињата и нивната мајка и им подари подароци.

Далмација Данас пишува дека породувањето поминало добро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска–Варнс: Потврдено силното партнерство со САД, енергетската независност е клуч за стабилна и просперитетна држава

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс.

Божиновска–Варнс: Потврдено силното партнерство со САД, енергетската независност е клуч за стабилна и просперитетна држава

Главен фокус на средбата беше динамиката во реализацијата на актуелните проектни активности на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, хармонизирањето на правната регулатива со европските стандарди, како и идните планови и проекти во енергетскиот сектор.

Потенцирајќи ја важноста на стратешките проекти во енергетиката, вршителката на должност амбасадор на САД, Варнс ги истакна напорите на министерката Божиновска и Министерството насочени кон енергетска независност на земјата, кои, како што беше посочено, се клучни за создавање услови за стабилна и просперитетна држава.

Министерката Божиновска на средбата информираше за текот на градежните работи во врска со изведбата на гасниот интерконектор со Грција, коешто се очекува да финишира во текот на 2027 година, а беше дискутирано и за гасното поврзување со Србија, коешто се одвива со забрзана динамика.

Овие два проекти министерката ги оцени како стратешки, нагласувајќи дека тие ќе ја променат енергетската слика во регионот. Дополнително, тема на разговор беше и официјалното приклучување на Македонија кон Вертикалниот гасен коридор во септември, коешто е една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во Југоисточна, Централна и Источна Европа со што се обезбедува стабилна позиционираност на нашата земја во глобални рамки.

„Инвестицијата во енергетиката е инвестиција во иднината. Работиме забрзано на реализација на енергетските проекти, но и на обврските согласно Реформската агенда. Се поврзуваме енергетски со регионот, а со тоа и со светот. Придобивките од проектите на коишто работиме ќе бидат видливи и опипливи, во корист на граѓаните и државата“, порача министерката Божиновска на состанокот.

На средбата беше потенцирана и важноста на Стратешкото партнерство меѓу двете земји, со истакнување на заложбите за понатамошно продлабочување на взаемната соработка, како и заедничките напори за промоција на демократските вредности.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андовски во Кичево: Конкретен план за нова и функционална болница

Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, градоначалникот на Општина Кичево Александар, Јованоски и директорката на Општа болница Кичево, Маја Цветановска Трајковска, заедно со делегација на Светска банка, ја посетија болницата во Кичево.

Андовски во Кичево: Конкретен план за нова и функционална болница

Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, градоначалникот на Општина Кичево Александар, Јованоски и директорката на Општа болница Кичево, Маја Цветановска Трајковска, заедно со делегација на Светска банка, ја посетија болницата во Кичево и го разгледаа концептот за изградба на нова болничка установа.

Планираната инвестиција е проценета на околу 1,38 милијарди денари, односно 22,5 милиони евра.

„Кичево со децении се соочува со несоодветни болнички услови. Време е овој проблем да добие трајно и функционално решение. Целта е граѓаните да добијат сигурна здравствена грижа во својот град, а здравствените работници современи услови за работа“, изјави Андовски.

Новиот комплекс ќе располага со современи простории за дијагностика, болничко лекување и ургентна нега, системи за медицински гасови и енергетски ефикасни решенија.

Болницата ќе обезбедува услуги за Општина Кичево, како и за населението од околните места, со што ќе се намали потребата пациентите да патуваат во Скопје, Охрид и Битола.

Новата болница треба да стави крај на долгогодишната неизвесност и да обезбеди трајно здравствено решение за Кичево и околината, соопштуваат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Месеци без КТ снимања во Струмица: Болницата најавува пуштање на новиот апарат

Пациентите од струмичкиот регион реагираат дека мора приватно да се снимаат на компјутерска томографија, бидејќи во болницата се уште не е пуштен апаратот во употреба. 

Месеци без КТ снимања во Струмица: Болницата најавува пуштање на новиот апарат

Термини за во Скопје нема, а најчесто итните снимања се кај пациентите со канцер. Од струмичката болница за Канал 5 одговорија дека болницата, конечно има нов апарат и дека од наредната недела ќе биде пуштен во употреба.

„Болницата има нов апарат, во претходниот период се правеа пробни снимања и имаше добра и правилна едукација на персоналот, кој ќе работи во делот на снимање и читање на снимките“-Општа болница Струмица .

И од гевгелиската болница објаснуваат дека ги разбираат пациентите од Струмица и дека снимањата се прават во нивната болница но нема термин, имаат голема преоптовареност каде дневнио се прават и над 20 снимања, потврдија за Канал 5 од болницата.

Тие објаснуваат дека работат без прекин и очекуваат по почнување со работа на новиот томограф во Струмица да се намали притисокот во нивната болница.

Министерот за здравство Сашо Клековски објаснува дека еден од приоритетите е да се променат апаратите што се стари и немаат добар квалитет пред се во внатрешноста. На тој начин ќе се намали притисокот во клиничкиот центар и болници во Скопје и нема да патуваат за снимање.

Министерот посочи дека се работи и за недостаткот на лекови кои се важни во летниот период, како што е инјекцијата Синопен која помага при алергиски шок ја нема во моментот и граѓаните ја купуваат во соседните земји.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер