Чудо во Мјанмар: Жена е извлечена по 91 час под урнатините (ВИДЕО) - Канал 5

Чудо во Мјанмар: Жена е извлечена по 91 час под урнатините (ВИДЕО)

Шеесет и тригодишна жена е извлечена од урнатините 91 час по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мјанмар.

Чудо во Мјанмар: Жена е извлечена по 91 час под урнатините (ВИДЕО)

Таа беше спасена утрово во Најпидав, главниот град на Мјанмар. Ова е вистинско чудо, ако се земе предвид колку време поминала под урнатините , објави Скај Њуз.

Досега се пријавени повеќе од 2.700 смртни случаи, а се очекува бројката да надмине 3.000. Исто така, повредени се 4.521 лице, а 441 се водат како исчезнати.

YouTube video

Покрај жртвите, повеќе од 10.000 згради се уништени или сериозно оштетени, особено во централниот и северозападниот дел на Мјанмар.

Во Мандалеј, вториот по големина град, 50 деца и две учителки ги загубија животите при уривање на градинка. Последователните потреси и стравот од други земјотреси принудија многу луѓе да спијат надвор на улиците или на отворено на полињата.

Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски

Во законодавниот дом, во тек е седницата на која пред пратениците е ставена интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски

Власта и опозицијата и очекувано упатија меѓусебни обвинувања, особено за трагедијата во Кочани.

Во собранието е Јана Јосифоска, како тече досегашната расправа?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Прв протестен марш во Скопје на семејствата на настраданите во кочански „Пулс“

Пред собранието прв протестен марш на родителите на загинатите од трагедијата во Кочани.

Прв протестен марш во Скопје на семејствата на настраданите во кочански „Пулс“

Со транспаренти и слики од своите деца, семејствата на загинатите во кочанската трагедија денеска за прв пат на протестен марш во Скопје.

Маршот го следи Елизабета Дамјановска Спасеноска, на маршот излегоа и претставници на политичките партии, кои се главните пораки?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Таравари: Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи

Нема враќање назад од настап на локалните избори со посебни советнички листи. Арбен Таравари вели одлуката е конечна, иако како што потеницира, партијата останува отворена за дијалог со сите политички партии. 

Таравари: Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи

Таравари посочува дека е во редовна комуникација со Мицкоски и оти ја исчекува најавената средба по завршувањето на службенотп патување на премиерот.

- Штом се врати ќе се видиме ќе разговараме, инаку имаме комуникација со него. Тоа што го кажал господинот Николоски, јас сите ги слушам, меѓутоа ние сме автономна партија, одлучуваме сами. Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата и од тоа нема враќање назад, за сето друго сме подготвени и отворени да разговараме со сите во однос на локалните избори. - Арбен Таравари – лидер на Алијанска за албанците

Изјавата на Таравари следи по вчерашните пораки на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за 360 степени, каде неговата евентуална соработка со ДУИ ја оцени како политичко самоубиство.

- Јас можеби најмногу од сите што сме во постојнава влада сум го критикувал, но ако тоа го тргнеме настрана, факт е дека тој е политички искусен и не мислам дека е до толку, ај сега обратно да кажам – наивен, да влезе во соработка со ДУИ. Мислам дека малку и јавноста го потценува и не очекувам дека ќе направи чекор каде што политички би се самоубил. Би бил изненаден да покаже таква политичка наивност. - Александар Николоски – потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Николоски изјави и дека партијата и понатаму ќе се држи до ветувањето дека ДУИ за време на нивниот мандат ќе остане во опозиција. Реакција денеска стигна од Мала Речица. Изјавите на Николоски ги оценија како омраза кон ДУИ и кон Албанците, кои како што велат, имале цел да создадат марионетска албанска структура под целосна контрола, мотивирана од геополитички, антиевропски и шовинистички цели.

притисни ентер