Чудо: Паднал од 1.500 метри, а останал неповреден - Канал 5

Чудо: Паднал од 1.500 метри, а останал неповреден

Припадникот на перуанските воздухопловни сили Амасифуен Гамара, чијшто падобран не се отворил за време на падобранска вежба, преживеал пад од дури 1.500 метри без ниту една скршена коска, пренесуваат денеска локалните медиуми.

Чудо: Паднал од 1.500 метри, а останал неповреден
„Вистинско чудо што е жив. Божја волја било да преживее“, рекол лекарот на итната медицинска служба, пренесува АФП.

Според неговите зборови, водникот Гамара после падот бил на детални испитувања, по што е утврдено дека нема ниту една скршена коска.

Докторот објаснил дека Гамара скокнал од воен авион на висина од 1.500 метри, но кога сакал да го отвори падобранот, јажињата му се замрсиле околу вратот и тој изгубил свест.

„Не знаеме што го амортизирало неговиот пад, но останал жив. Тоа е вистинско чудо“, рекол докторот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Србија има нов милионер, падна седумка вредна 3,4 милиони евра

Во вечерашното извлекување на играта Лото,  во Србија беше извлечена добивка во вредност од 3,4 милиони евра. 

Србија има нов милионер, падна седумка вредна 3,4 милиони евра

Среќниот добитник го уплатил тикетот во Ниш.

Добитната комбинација е 3, 5, 8, 10, 11, 21 и 26, а еден играч ги погодил сите седум броеви и ја освои мултимилионската сума.

Покрај главниот добитник, уште 19 играчи погодиле шест броеви, а секој од нив добива по 124.188 динари(околу 1000 евра). Главната награда во играта „Лото плус“, која изнесуваше околу 3,77 милиони евра, не била извлечена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Театар и музика во една вечер: МОТ со две претстави и концерт

Во рамки на 51. издание на Млад отворен театар (МОТ), денеска, 21 ноември, публиката ја очекува уште една фестивалска вечер исполнета со современи театарски и музички содржини. 

Театар и музика во една вечер: МОТ со две претстави и концерт

На програмата се две претстави од регионалната театарска сцена, како и концертот на косовско – швајцарската изведувачка на традиционални песни ARBËRESHË, за кој влезот е бесплатен.

Фестивалската вечер започнува во 20 часот, во салата „Фросина“ при МКЦ, со претставата „Закопани чуда“ на уметничката организација “Глумац има времена, глумица има времена” - ТАХТ од Хрватска, во режија на Нина Виолиќ.

Создадена според делото на Моника Херцег, оваа мултимедијална претстава е интимна сценска приказна за љубовта, сеќавањето и илузијата. Преку три симболични простори – Рајската градина, Мостот и Станот – публиката навлегува во еден живот исполнет со спомени, желби, нежност, страв и страст. Во претставата настапуваат Леон Лучев и Јелена Граовац Лучев. Претставата трае 90 минути и се изведува на хрватски јазик, со македонски наднаслови.

Во 22 часот, во Клуб МКЦ, следува „Смртен исход од атлетските повреди“ на Моје позориште од Босна и Херцеговина, во режија на Тара Маниќ, според истоимениот роман на Милица Вучковиќ.

Претставата претставува своевидна аутопсија на една љубовна врска, раскажана од перспектива на главната протагонистка Ева, која верува во љубовта од бајките, но се впушта во врска што постепено се претвора во простор на несигурност, изолација, гаслајтинг и насилство. Преку оваа интимна и вознемирувачка приказна, претставата ги отвора прашањата за манипулацијата, родовата надмоќ и границите на човечката издржливост. Во улогите се Џана Пињо, Ален Муратовиќ, Дариан Мехмедбашиќ и Мак Мисира. Претставата трае 100 минути, се изведува на босански јазик, со македонски превод.

Вечерта ќе биде заокружена со концертот на ARBËRESHË, со почеток во 22 часот во фоајето на сала Фросина. Родена во Швајцарија, со косовско-албански корени, а денес базирана во Приштина, ARBËRESHË создава автентичен музички израз во кој традиционалните песни од Косово, Албанија и Македонија добиваат нова звучна димензија. Преку спојот на гласот, гитарата, тапаните и древните инструменти, таа гради хипнотичко музичко патување кое ги поврзува балканското музичко наследство и современиот звук. Влезот е бесплатен.

Фестивалската програма продолжува и утре, 22 ноември, со претставата „Свињи“ на Театар „Златен Елец“ од Битола, со почеток во 20 часот, во салата „Фросина“ при МКЦ.

Во режија на Тамара Стојаноска, според текст на Томислав Зајец, „Свињи“ е претстава во која апсурдот, црниот хумор и гротеската создаваат сурова, поетична и вознемирувачка сценска алегорија. Преку приказната за две сестри, претставата ги истражува механизмите на моќта, насилството, осаменоста и траумите од детството, отворајќи прашања за тоа како средината и наследените модели на однесување го обликуваат човекот.

Во улогите настапуваат Илина Чоревска и Викторија Степановска Јанкуловска.

Билетите за театарските претстави се достапни онлајн на bileti.mkc.mk и на билетарницата на МКЦ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е еден од најбараните бегалци на листата на ФБИ, падна еден од најмоќните нарко-босови

Мексиканската војска го уапси Фаусто Исидро Меза Флорес, познат како „Ел Чапо Исидро“ – еден од десетте најбарани бегалци на ФБИ – јавуваат мексиканските медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори.

Уапсен е еден од најбараните бегалци на листата на ФБИ, падна еден од најмоќните нарко-босови

Операцијата во градот Гвасаве, во сојузната држава Синалоа, предизвикала вооружени судири, пукањето го прекинало дури и натпреварот во безбол, принудувајќи ги гледачите во паника да побегнат од стадионот.

Мексиканските медиуми известија за апсењето, а шпанскиот весник „Ел Паис“, повикувајќи се на извори блиски до мексиканскиот безбедносен апарат, потврди дека Меза Флорес е приведен.

Сепак, Си-Ен-Ен (CNN) наведе дека сè уште чека независна потврда од мексиканските власти.

За време на операција во Гвасаве, дојде до вооружени судири помеѓу мексиканските безбедносни сили и вооружени групи. Снимки, чија автентичност ја потврди Си-Ен-Ен (CNN), прикажуваат воени хеликоптери како летаат над градот и пукаат кон земјата.

Особено драматични сцени се одвиваа на стадионот „Курода Парк“, каде што се играше натпревар во безбол помеѓу екипите „Венадос де Мазатлан“ и „Алгодонерос де Гвасаве“. Откако се слушнаа истрели, гледачите почнаа да бегаат од трибините, прескокнувајќи огради и барајќи засолниште.

Играчите го напуштија теренот, а преносот на натпреварот беше прекинат. Коментаторите ги известија гледачите дека во близина се случува безбедносен инцидент.

Според сведоштво на локален жител, пренесено од Си-Ен-Ен, вооружени лица зазеле приватни болници, а биле запалени и разни објекти, вклучувајќи продавници и бензински пумпи. Некои граѓани останаа заробени во зградите во кои побарале засолниште.

Во февруари 2025 година, Фаусто Исидро Меза Флорес се појави на листата на ФБИ со десетте најбарани бегалци. Американските власти понудија награда во износ до пет милиони долари за информации што би довеле до негово апсење или осуда.

Според официјалното известување на ФБИ, Меза Флорес е осомничен дека раководи со тешко вооружена криминална организација со седиште во Синалоа, позната како групата „Меза-Флорес“ или „Лос Мазатлекос“.

Неговата група е обвинета за производство, дистрибуција и шверц на големи количества хероин, метамфетамин, кокаин, фентанил и марихуана во Соединетите Држави. Тој првпат беше обвинет во 2012 година, додека новото обвинение од 2019 година вклучува дополнителни кривични обвиненија поврзани со трговија со дрога и поседување огнено оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер