3ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенија
КошаркаЧудо на Евробаскетот : Франција поразена од ФинскаРепрезентацијата на Финска ја совлада селекцијата на Франција по продолженија (86:84), во меч од првото коло во групата А на Евробаскетот.Финска влезе подобро во натпреварот, и го доби првиот период (23:15), во вториот период, Франција успеа да се врати во натпреварот и да поведе на натпреварот, па на полувреме заминува со еден поен предност (33:32). На отварање на второто полувреме, Финска постигнува осум врзани поени и повторно прават добра предност (33:40). Но Франција во продолжение од натпреварот успева повторно да се врати во мечот и да го преземе водството благодарение на расположениот Нандо Де Коло. Пред четвртиот период, Франција имаше предност од +5, но нешто се промени и на крајот го загубија натпреварот. Тројката на Салин од Финска носи изедначување кон средината на последната четвртина, и се влегува во трилер завршница на една минута пред крајот на мечот. Во последните минути, Финска има напад, топката доаѓа до Вилсон и Финска поведува, Франција брзо доаѓа до изедначување, но веќе во следниот напад имаат шанса за победа, но Де Коло промаши шут за два поени. Во продолжение подобра беше Финска која на крајот слави со 86:84, последните и одлучувачки поени ги постигна Вилсон и им обезбеди победа на своите. Кај останатите натпревари, во групата А, Грција ја победи селекцијата на Исланд со убедливи 90:61, Словенија беше подобра од Полска (90:81), па први на табелата се нашите јужни соседи, пред Словенија и Финска, потоа следуваат поразените Франција, Полска и Исланд. Исто така денеска се одиграа и натпреварите од групата Б, каде Германија ја победи Украина 75:63, Грузија славеше против Латвија (79:77), и Италија славеше против Израел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенеска променливо облачно со дожд претпладне и сончево попладнеВремето денеска ќе биде претпладне променливо облачно, а потоа сончево со мала облачност, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 3 Попова Шапка, 5 Лазарополе, 6 Маврови Анови, Битола, Крушево, 7 Крива Паланка, 8 Берово, Претор, 9 Охрид, Виница, Прилеп, 10 Куманово, Тетово, Штип, Струмица, 11 Скопје-Зајчев Рид, 12 Велес, Кавадарци, Демир Капија, Скопје-Петровец, 14 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 21 Крива Паланка, 9 Виница, 8 Берово, 4 Куманово, 1 Штип, Лазарополе. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно, во утринските часови ќе има повремен локален дожд, а во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 24 степени. Во Скопје, претпладне променливо облачно, а потоа сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев: 23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија, на храброста на оние што се бореа за неа и на одговорноста што ја носиме денес кон идните генерации.Идеалите на македонските револуционери се трајна обврска да ја чуваме слободата, да го градиме единството и да создаваме општество во кое правдата, достоинството и еднаквите можности се темел на заедничката иднина. Нека нивната борба биде поттик да продолжиме со верба, одлучност и посветеност кон силна, просперитетна и демократска држава, во која секој граѓанин ќе може да ја препознае својата иднина. Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! Срдечно, Горан Минчев Министер за јавна администрацијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенијаНа 23 октомври 1893 година, во тешки и неизвесни времиња, се роди Македонската револуционерна организација, која низ годините дејствувала под различни имиња, но со еден единствен код – ВМРО. Таа е сопатник и главен организатор на македонската револуционерна борба, обединувајќи ги стремежите на македонскиот народ за слобода, автономија и национално достоинство. Преку својата дејност, Организацијата е длабок белег во македонската историја и симбол на непокорот, пожртвуваноста и вековниот стремеж за сопствена држава. Македонските револуционери ги поставија темелите на борбата за слобода, национално достоинство и право македонскиот народ сам да ја гради својата иднина, слободно да ги чува и негува своите традиции, јазик, култура и национална посебност, достоинствено и рамо до рамо со европските народи. Овој ден е сведоштво за непокорот на еден народ, за силата на една идеја и за вековниот стремеж на Македонците да живеат слободни, свои на своето, во сопствена држава. Денес, со гордост и почит, се сеќаваме на македонските револуционери, на нивната храброст, самопрегор и непоколеблива верба во правдата. Нивната жртва не смее да биде заборавена. Денешната слобода и македонската државност се обврска што ја носиме пред сите генерации што се бореле, страдале и верувале во Македонија. Наше е да ја градиме државата со чесност, знаење, труд и одговорност, да се стремиме кон правда, демократија и просперитет, да создаваме општество во кое младите ќе имаат причина да останат, да учат, да работат и да ја остваруваат својата иднина во сопствената татковина. Нека 23 Октомври биде потсетник дека единството не значи сите да размислуваме исто, туку да знаеме дека љубовта кон татковината, почитта кон нашата историја и грижата за идните поколенија се вредности што нè обединуваат. Ова е наследството што треба достоинствено да им го предадеме на идните генерации. Да го чуваме она за што се бореле нашите предци, да го почитуваме она што сме и да ја градиме Македонија каква што ја посакувале генерациите пред нас, слободна, достоинствена, просперитетна. Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!,се наведува во честитката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook