Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
2Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
3Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
ТехнологијаЧудна материја слична на гел нашол кинескиот ровер на Месечината (ВИДЕО)Кинескиот лунарен ровер Јуту2 (Зајак од жад 2) на Месечината наишол на мистериозна материја слична на гел.На дното на еден мал и неодамна настанат кратер на спротивната страна на Месечината , роверот нашол светлечка материја , која кинеската вселенска агенција го опишала како ,,гел што таинствено светка”. Иако кинеските научници не објавиле за што точно станува збор, астрофизичарите сметаат дека станува збор за стакло настанато поради силен удар , по што е создаден и самниот кратер. Научниот тим кој управува со роверот „Јуту 2“ се подготвувал на 28 јули, три дена по почетокот на двонеделниот лунарен ден, да го подготват роверот за „попладневна пауза“, процес што го штити чувствителниот дел од механиката од прегревање кога сонцето е директно над роверот. Но, Ју Тиани, член на кинескиот научен тим, за време на анализата на снимката видел дека има нешто необично во кратерот. Така, истражувачите решиле да го одржат роверот, подолго вртејќи го директно кон центарот на кратерот за да се добие подобар преглед на интересниот наод. Таму виделе заслепувачка супстанција , различна по боја, форма и текстура од околниот предел. По дополнителното откривање на кратерот, Роверот бил испратен на попладневна пауза, а потоа повторно ставен во акција за време на попладневното сонце за да може да ја испита необичната материја од што е можно поблизу. Во овој период, тој го испитал кратерот користејќи видлив и близок-инфрацрвен спектрометар (VNIS), кој ја анализира светлината рефлектирана од разни површини за да се утврди хемискиот состав. Резултатите од анализата на спектрометарот сè уште не се познати, но површината на Месечината е прилично суво подрачје, така што веројатно е дека роверот всушност пронашол зацврстен стопен материјал од супстанца слична на гел. China's Yutu-2 lunar rover has discovered a strange "gel-like" substance on the dark side of the moon https://t.co/js9xuoz9zt — Sky News (@SkyNews) September 1, 2019 Јуту 2 беше вратен на мирување на 7 август, за време на затемнувањето, бидејќи работи на соларна енергија. Роверот се активира на почетокот на следниот лунарен ден, на 25 август, и го продолжи своето патување кон запад, во потрага по нови откритија. Yutu-2 rover, part of China’s Chang’e-4 mission, has discovered an unusually colored “gel-like” substance during its exploration activities on the far side of the moon. Mission scientists are now trying to figure out what the mysterious material is. What do you think it is? pic.twitter.com/auw2F2JYvk — People's Daily, China (@PDChina) September 2, 2019 Во врска со гелот се смета дека ударот бил толку силен што веројатно ја пробил надворешната кора на Месечината и ја истиснал содржината од нејзината внатрешност. Собраните примероци од содржината на материјата можат да им дадат на научниците подобар увид во внатрешната структура и историјата на нашиот природен сателит.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРистовски од Сплит: Спортот мора да биде право и можност за секое детеМинистерот за спорт, Борко Ристовски, присуствуваше на завршниот дел од меѓународното финале на Плазма Спортските игри за млади, што се одржа во Сплит, Хрватска.Во своето обраќање, Ристовски ги поздрави учесниците и организаторите на најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа. Игрите годинава ја одбележуваат својата јубилејна 30. сезона, во која, со заложба и поддршка поддршка од Министерството за спорт и од Владата, за прв пат се приклучи и Македонија. -Горд сум што од оваа година и Македонија е дел од големото семејство на „Плазма Спортските игри за млади“. Уште повеќе сум горд на нашите млади спортисти кои на своето прво меѓународно финале покажаа талент, спортски дух и желба за натпреварување. Медалите се важни и им честитам за секој постигнат успех. Но, вистинската вредност на овие Игри е многу поголема од резултатот. Тие им овозможуваат на децата да спортуваат, да се дружат и преку играта и натпреварувањето да учат што значат тимски дух, толеранција, почит и фер-плеј. Верувам во идејата што ја носат овие Игри - спортот не смее да биде привилегија, туку право и можност за секое дете! Спортот треба да започне со игра, да продолжи со натпревар и секогаш да завршува со почит и фер-плеј – порача министерот Борко Ристовски. Македонија за првпат оваа година е дел од Плазма Спортските игри за млади, заедно со Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Словенија. На првото меѓународно финале, младите македонски спортисти освоија седум медали – три сребрени и четири бронзени. Првиот медал за Македонија во Сплит го освои Наум Насковски од Куманово, со освоено трето место во трката на 60 метри, додека екипата на „Ролинг“ од Струмица го освои третото место во баскет 3х3. Во шах, сребрени медали освоија Илијана Велева од Свети Николе и Давид Атанасовски од скопската општина Гази Баба. Успешен настап македонските претставници имаа и во пинг-понг. Јован Пармачки од Берово освои сребро, додека бронзени медали освоија Мартин Ристевски од Прилеп и Бојана Јовевска од Пехчево. Томи Јакимовски, пак, доби признание за фер-плеј на тенискиот турнир. На меѓународната завршница во Сплит учествуваат 1.224 учесници од шест земји. Новитет е учеството на 204 деца од Украина, а поддршка на големиот спортски настан со своето присуство даде и прославениот боксер Олександр Усик, заедно со бројни познати спортски имиња и легенди од фудбалот, кошарката, тенисот, ракометот и другите спортови. Плазма Спортските игри за млади и во својата 30. сезона ја потврдија својата основна мисија – бесплатен спорт за секое дете и создавање можности најмладите преку спортот да развиваат здрави животни навики и да ги усвојуваат вистинските вредности: тимски дух, толеранција, фер-плеј и инклузија Во изминатите три децении, на Игрите учествувале повеќе од 3.869.000 деца и млади. Со учеството во Плазма Спортските игри за млади, Македонија отвора уште една можност за најмладите да бидат дел од големо меѓународно спортско семејство, да се натпреваруваат, да стекнуваат нови пријателства и преку спортот да ги градат вредностите што остануваат многу подолго од секој освоен медал.Тагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоАларм на британските метеоролози: Доаѓа најсилниот Ел Нињо во историјатаБританската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо, кој моментално се развива во Тихиот океан, би можел да стане најсилниот во модерната историја.Тоа е моќен природен климатски феномен кој ги зголемува глобалните температури и може да го зголеми ризикот од екстремни временски услови, пишува Би-Би-Си. Поради дополнителното влијание на климатските промени предизвикани од човекот, метеоролошката служба вели дека е „многу веројатно“ дека следната ќе стане најтоплата година досега. Ел Нињо е природен временски феномен што се појавува на секои две до седум години кога пасатните ветрови ослабнуваат, со што се овозможува продор на топла вода кон источниот дел на Пацификот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Утре многу високи температури – над 40 степени целзиусови Топлотниот бран не попушта. Високите температури продолжуваат и утре и ќе надминат 40 степени целзиусови, најавуваат од УХМР. Минимлано заладување е можно дури од понеделник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook