Чудесните својства на кората од банана - Канал 5

Чудесните својства на кората од банана

Најчесто, кога јадете банана, кората ја фрлите во ѓубре. Се надеваме дека после овој текст нема да го повторите тоа бидејќи има десетина прекрасни начини да ја искористите.

Чудесните својства на кората од банана

Кората од банана можете да ја користите во кујната за чистење или за нега на лицето и телото, пишува Bright Side.

АКНИ

Кора од банана содржи витамини Ц и Е, калиум, цинк, железо и манган. Овие хранливи материи ја смируваат воспалената кожа и појавата на акните. Освен тоа, кората од банана содржи лутеин и каротеноиди, соединенија растворливи во масти кои помагаат во борбата против воспалението и акните.

Сè што треба да направите е да ја втриете внатрешноста од кората од банана на проблематичните места и да ја оставите да делува пет до 10 минути. Потоа исплакнете со вода. Оваа постапка можете да ја повторувате два пати на ден, додека не се смири воспалението.

БРЧКИ

Брчките на лицето се појавуваат кога кожата ја губи еластичноста и цврстината. Антиоксидансите и витаминот Ц во бананите можат да помогнат да се намалат брчките што ги носат годините.

Најдобро е да ја втриете внатрешноста од кората во кожата после миење и да ја оставите да отстои најмалку 30 минути или цела ноќ. Повторувајте ја оваа постапка три пати неделно.

ПОЛИРАЊЕ СРЕБРО

Кога среброто ќе почне да потемнува, обидете се да го вратите неговиот сјај со кора од банана. Внатрешноста на кората содржи супстанции како калиум, кои помагаат при чистење на металните предмети.

Еве како да направите паста за полирање на сребро: кората од банана ставете ја во блендер, додајте половина шолја вода и мешајте додека не добиете паста со која добро ќе го истриете среброто.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ТУЃО ТЕЛО ОД КОЖАТА

Кората од банана е богата со ензими кои имаат способност да привлечат парчиња стакло или дрво кои се вовлекле под кожата.

Доколку се најдете во таква ситуација, ставете ја внатрешноста на кората на погоденото место и оставете да отстои 15 минути. Потоа отстранете ја кората без триење и нежно отстранете го туѓото тело од кожата.

КОМПОСТИРАЊЕ

Доколку правите компост, добро ќе ви дојде кората од банана која содржи многу калциум, магнезиум, сулфур, фосфат, калиум и натриум. Сите овие супстанции се добри за вашите билки. Ако не правите компост, исечете ја кората на помали парчиња и закопајте ја покрај коренот на растението, а потоа наводнете го.

БЕЛЕЊЕ ЗАБИ

Кората на зрелата банана е многу богата со калиум, кој може да помогне во намалувањето на жолтите дамки кои се појавуваат како резултат на консумирање одредени напитоци како кафе и чај и одредени видови храна како боровинки и малини.

Откако ќе ги измиете забите, доброистријте ги со внатрешноста на кората, а по две минути исплакнете ги. Постапката повторувате ја секојдневно.

ЛУЗНИ

Кората од банана има способност да ја намали иритацијата на кожата како што се оток, црвенило и лузни. Таа содржат одредени масни киселини кои се наоѓаат во лосионите кои ја намалуваат видливоста на лузните.

Внатрешноста на кората од банана треба да се стави на болното место и да се остави да отстои преку ноќ. Постапката треба да се повторува секој ден додека црвенилото не се смири.

ТРЕТМАН НА МИГРЕНА И ГЛАВОБОЛКИ

Кората треба да се стави во замрзнувач еден час, а потоа да се нанесе на челото и тилот. Треба да се чува додека не се загреае, а потоа постапката да се повторува додека главоболката не исчезне.

ОМЕКНУВАЊЕ НА МЕСО

За стекот да биде влажен и мек, додајте малку зрела кора од банана во садот за печење. Ова го одржува месото сочно бидејќи кората од банана го спречува испарувањето.

ЧЕШАЊЕ

Кората од банана е одличен домашен лек за чешање на кожата. Таа содржи хистамин, хранливи материи како магнезиум, витамин Ц и Е.

Ако ве чеша кожата поради каснување од комарец или поради допирање на отровен бршлен, нанесете кора од банана на зафатеното место и оставете да делува петнаесет минути. Отстранете ја и повторно нанесете нова кора доколку сè уште чувствувате чешање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена одлучи да проговори по бројните гласини што ја поврзуваат со сè попопуларниот фудбалер Феран Торес.

Шпанската пејачка ја откри вистината за нејзината врска со фудбалерот

Шпанската пејачка Ана Мена категорично демантираше дека е во врска со напаѓачот на Барселона, Феран Торес – освојувач на Светското првенство во 2026 година со шпанската репрезентација – и ги нарече таквите тврдења „глупости“ и „апсурдни“, откако беа видени заедно за време на прославата на светската титула.

Пејачката веднаш реагираше на гласините што се појавија во медиумите деновиве, особено на оние што ја поврзуваат со фудбалерот на Барселона.

„Ова е бесмислица, за име на Бога. Навистина е смешно“, им изјави таа на собраните новинари, пренесува Goal.com.

Медиумите почнаа да ги поврзуваат Ана Мена и Феран Торес откако беа видени заедно на прослава на плоштадот Сибелес, организирана од Шпанската фудбалска федерација, а потоа и на приватна забава во еден од најпознатите ноќни клубови во Мадрид.

Шпекулациите дополнително се разгореа кога пејачката се појави во дрес со бројот 7, кој Торес го носи во шпанската репрезентација.

Кога ја прашале Анна зошто го носела токму тој дрес, Ана Мена кратко одговори: „Па, тоа е дресот што ми го дадоа, не знам.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху ја напушти Белата куќа по средбата со американскиот претседател Трамп

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја напушти Белата куќа по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, која, според Белата куќа, била „позитивна и продуктивна“.

Нетанјаху ја напушти Белата куќа по средбата со американскиот претседател  Трамп

„Претседателот Трамп ги заврши средбите во Овалната соба со претседателот (на Украина, Володимир) Зеленски и со премиерот (на Израел, Бенјамин) Нетанјаху. Двете средби беа позитивни и продуктивни“, напиша портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, на платформата „Икс“ (X) по одвоените средби на Трамп со Нетанјаху и Зеленски, пренесува Си-ен-ен (CNN).

Израелски функционер запознаен со средбата меѓу Нетанјаху и Трамп ги потврди оценките на Белата куќа, наведувајќи дека „средбата беше многу позитивна и се одржа во добра атмосфера, во присуство на високи претставници на администрацијата“.

Тој додаде дека лидерите ја потврдиле својата заедничка цел – „на Иран во никој случај да не му се дозволи да поседува нуклеарно оружје“. Двајцата лидери разговараа и за партнерството меѓу Израел и Соединетите Американски Држави, кое е „посилно од кога било“, како и за разни можности на Блискиот Исток. Двете средби се одржаа без присуство на медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

БМВ го претстави продолжениот X5 за кинескиот пазар

Кина веќе не е „ветената земја“ ниту за BMW. Бројките на продажба опаѓаат, а баварскиот гигант се обидува да го сврти тој тренд. 

БМВ го претстави продолжениот X5 за кинескиот пазар

По неодамнешното претставување на кросоверот iX3 и седанот i3 со продолжено меѓуоскино растојание, сега и новиот BMW X5 доби верзија со продолжено меѓуоскино растојание наменета за кинескиот пазар.

Овој луксузен SUV, кој е достапен со мотори со внатрешно согорување, како и во електрична варијанта iX5, се одликува со поголеми задни врати – резултат на продолжувањето на меѓуоскиното растојание за 130 мм (со што вкупната должина сега изнесува 3.165 мм).

BMW исто така го измени дизајнот на предните светла; LED-светлата повеќе не ја формираат буквата „X“, форма што во кинеската култура носи негативни конотации. Покрај тоа што нуди повеќе простор за нозете на патниците одзади, овој X5 воведува и нова карактеристика:

„Theatre Screen“ (театарски екран). Овој екран со дијагонала од 31,3 инчи и резолуција 8K – првпат виден кај Серијата 7 – е наменет и за работа и за забава, овозможувајќи видеоповици, стримување содржини и играње видеоигри.

BMW целосно ги редизајнираше седиштата во верзијата на X5 со продолжено меѓуоскино растојание, која стандардно доаѓа и со адаптивна воздушна суспензија на двете оски. Кинеските купувачи сакаат екрани, па затоа не изненадува што покрај централниот инфозабавен систем со екран на допир од 17,9 инчи, поставен е и екран од 14,6 инчи наменет за совозачот.

Системот „Panoramic Vision“, кој се протега низ целата ширина меѓу А-столбовите, сега е веќе познат елемент од опремата на BMW; тој вклучува три фиксни елементи во видното поле на возачот и до шест приспособливи виџети на десната страна. Што се однесува до опсегот на движење, моделот iX5 ќе може да помине 845 километри со едно полнење во Европа, според WLTP циклусот на тестирање.

Во Кина, електричниот SUV ветува уште повеќе – до 1.000 километри – иако тоа првенствено се должи на кинеските стандарди за мерење, кои се значително поблаги, пренесува Motor1.com.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер