ЖивотЧудесната моќ на Острошкиот манастир - момче со аутизам проговори по седум години молк Во семејството Апостоловски Мемиш секоја нова година се дочекува со молитва за здравје и благодарност на светецот Василиј Острошки. Леон Апостоловски дете со аутизам за кој никој не верувал дека ќе проговори во 2019 година од дете со еден до два искажани зборови почнал да говори цели разговори. Се почнало во март кога неговата мајка Амела сонувала анѓел кој и рекол да одат во манастирот Василј Острошки за помош на нивното дете. Таа и сопругот веднаш заминле. Иако како што вели таа била муслимнка вербата во доброто во правилното и во услушаните молитви и го отвориле патот. „Кога отидовме имавме исповед не однесоа до моштите таму ги допревме се помоливме. Кога излегов во дворот плачев, многу плачев. Тогаш, дојдоа две монахињи и ми рекоа: Мајка твоето дете ќе биде добро. Кога стигнавме дома наредниот ден Леон кажа цела реченица„мамо ајде да одиме надвор“, раскажа Амела. Откако била два пати во манаситорт и кажала дека Леон прозборел, биле повикани од отецот Василиј да одат и лично да го види Леон. „Отецот го виде со раширени раце му рече: откога се немаме видено“, ние бевме зачудени и Леон рече: „Многу одамна“, како да се познаваат. И двајцата во ист глас ја кажуваа молитвата оче наш. И Леон со посебна радост чита цели молитви знае од каде му е помошта и се радува што може да оди во училиште и да се дружи со неговите другари, најсреќен е кога добива покани за роденден и кога му доаѓаат гости. „Многу сакам родендени најубави ми е кога одам на роденден“, раскажа Леон. Амела раскажува дека денес Леон е момче кое знае да зборува да чита се дружи со него редовна работи и таа како психолог. За неа треба проемни во целиот систем но вели дека мора да се променат родителите да работат и тие заедно да се подобри состојбата со аутизмот. Таа работи како терапевт со родители. Раскажува дека кога имате дете со аутизам ретко кој останува да ви биде пријател и за тоа им треба помош на родителите како тие прво сами да го прифатат аутизмот. Амела изаде две книги „Светот на аутизмот (Патувањето на Леон)“ и „Ангелот по име Аутизам“ подарени до сите родители за да се разбере светот на аутизмот. Тагови: Острог Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот. „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги играат актерките Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Ања Митиќ. Гостувањето на Бриони ќе биде дваесетта изведба на претставата, која досега гостувала на неколку фестивали низ Македонија, како и во регионот на сцените на театрите членки на РУТА. На минатогодишниот 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Корин Фел ја доби наградата за високо актерско достигнување. Режисерка Драгана Милошевски-Попова во програмската белешка истакнува дека: „Претставата ‘Гидионовиот јазол’ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник“. Авторката Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Таа е авторка на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“. Претставата „Гидионовиот јазол“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од премиерата која се одржа во мај минатата година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30
ЕкономијаДенеска нови цени на нафтените дериватиРегуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата. Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНовак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес ОпенНајтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк, УС Опен во конкуренција на мешани двојки.Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август. Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим. И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон. Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:1510 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:30