Чучуљ: Борбата против корупцијата не е натпревар меѓу институциите, тоа е заеднички фронт во создавање подобро општество - Канал 5

Чучуљ: Борбата против корупцијата не е натпревар меѓу институциите, тоа е заеднички фронт во создавање подобро општество

-Целта е преку овие механизми да ја засилиме довербата во институциите, да го зајакнеме нивниот капацитет, да го штитат јавниот интерес и да придонесеме за подобро и побрзо приближување на Македонија кон европското семејство, рече првиот човек.

Чучуљ: Борбата против корупцијата не е натпревар меѓу институциите, тоа е заеднички фронт во создавање подобро општество

Граѓаните денес со право очекуваат резултати, очекуваат декларативната волја за борба против корупцијата, да ја видат во пракса. Борбата против корупцијата не е натпревар меѓу институциите, тоа е заеднички фронт во создавање подобро општество за сите, порача денеска претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ на настанот посветен на 9 декември - Меѓународниот ден за борба против корупцијата.

Во своето обраќање новоизбраниот претседател на ДКСК истакна дека голема е честа да се биде на чело на оваа институција, но, нагласи дека уште поголема е одговорноста што таа ја носи со себе, особено во време кога очекувањата на јавноста се високи, а потребата од интегритет и системски промени е неопходна и итна.

Тој во својот говор се осврна на клучните активности на ДКСК во престојниот период во насока на изградба на поефикасен систем за превенција на корупцијата - изготвување на нова национална стратегија за превенција на корупцијата 2026-2030 година, промовирање на интегритетот и подигање на јавната свест за лобирањето.

-Целта е преку овие механизми да ја засилиме довербата во институциите, да го зајакнеме нивниот капацитет, да го штитат јавниот интерес и да придонесеме за подобро и побрзо приближување на Македонија кон европското семејство, рече првиот човек на ДКСК.

Изготвувањето на новата Национална стратегија е во завршна фаза и како што посочи тој нивната визија е таа да не биде само декларација, туку алатка за реални промени.

-Затоа таа ќе биде концизна и фокусирана на секторски на состојбите најранливи на корупцијата, со јасни и остварливи мерки и активности.

За успехот на Националната стратегија е потребен ангажман од целото општество, Собранието, Владата, локалната самоуправа, правосудството граѓанскиот сектор, медиумите, рече Чучуљ.

Во однос на интегритетот нагласи дека особено значајно, ако не и најважно е воспоставување на систем за одговорна отчетност, спроведување на мерките и активностите кои ќе бидат утврдени.

-Интегритетот е поим кој се почесто го слушаме, кој не е административна процедура, тоа е морален капитал, тој е темел на доброто управување и стратешки и одржлив одговор на ризиците од корупцијата. Коку е посилен интегритетот толку е помала корупцијата, рече Чучуљ и додаде дека ДКСК веќе неколку години го промовира системот на интегритет и го поддржува работењето на лицата за интегритетот во институциите.

Како особен предизвик посочи дека ќе претставува прилагодување имплементација на системот интегритет во институциите на правосудството, за што со поддршка на нашите партнери, додаде, ќе вложиме максимални напори во периодот што следи.

Во однос на лобирањето истакна дека современите демократски системи не ја исклучуваат комуникацијата меѓу институциите, граѓаните и приватниот систем, но кога таа комуникација се одвива надвор од институционални рамки, станува извор на ризици.

-Затоа целта на ДКСК во наредниот период е да ја подигне свеста на лобирањето односно лобирањето мора да биде регулирано. Контактите со носителите на јавни функции треба да бидат транспарентни. Јавноста мора да знае кога кога, кој и во чие име влијае врз донесување на одлуките. Целта е се стави крај на културата на неформални центри на моќ и да се изгради систем во кој влијанието е легитимно. Во наредниот период со поддршка на меѓународните фактори ќе преземеме активности за подигање на јавната свест за лобирањето преку инклузивен процес со сите релевантни чинители, додаде првиот антикорупционер.

Претседателот на Собранието Африм Гаши истакна дека корупцијата не е само законски прекршок, туку длабока општествена рана што го допира животот на секој граѓанин, ги разнишува темелите на демократијата и го забавува економскиот потенцијал.

-Таа е невидливата рака што им ги краде правата и надежите на луѓето. За жал, овој порок е и главната причина зошто нашите најсветли умови ја гледаат својата иднина надвор од земјата. И ова повеќе не е само начин на гледање на реалноста, туку факт потврден во секој меѓународен извештај и во секоја домашна анкета. Иако се претпоставува дека политиката треба да го подобри животот и да ја гради иднината, трагично е кога една земја ќе дојде до точка каде што за многу граѓани зборот „политика“ се поврзува со зборот „корупција“. Ова е индикатор дека веќе не се соочуваме само со институционален проблем, туку со длабока рана во општествената култура, менталитет кој е вкоренет години наназад преку злоупотреби и разочарувања. Соочени со ваквата реалност, не е доволна само да реагираме, туку пред се, неопходно е сите заедно да размислиме, отворено да го признаеме предизвикот и храбро да дејствуваме, рече Гаши.

Тој додаде дека Национална стратегија за спречување на корупцијата 2026–2030 претставува неопходна пресвртница и одразува нова визија за тоа како треба да функционира државата, визија изградена врз сериозна анализа на ризик, врз европските практики, како и врз обемни консултации со институции, експерти, меѓународни партнери и граѓанското општество.

-Додека Стратегијата се наоѓа во својата најинтензивна фаза на подготовка, сакам посебно да ја истакнам работата на Државната комисија за спречување на корупцијата и да ја реафирмирам целосната поддршка на Собранието за овој процес. Убеден сум дека ниту една стратегија, колку и да е добра, не може да даде резултати без одговорно, активно и независно Собрание во вршењето на своите функции. Собранието е камен-темелник на владеењето на правото и институцијата каде што се поставуваат стандардите за јавен интегритет. Преку законодавната функција, ги затвораме можностите за злоупотреба; преку надзорната функција, ја држиме извршната власт одговорна; а преку претставничката функција, ние сме гласот на граѓаните кои бараат, очекуваат и заслужуваат правда и чесност, додаде Гаши.

Во овој дух, продолжи тој, од денот кога ја презедов одговорноста да ја водам оваа институција, поставив јасни приоритети за нов стандард на транспарентност, зајакнување на одговорноста, унапредување на институционалната етика и отворање на Собранието кон општеството.

-Започнавме неколку нови процеси на дигитализација и ги консолидиравме механизмите што го прават Собранието пример за интегритет, бидејќи само институција што одржува највисок морален и правен стандард може да го бара истото од другите и навистина да придонесе за праведна и некорумпирана држава. Затоа, кога станува збор за Собранието, сакам да бидам прецизен и јасен: Собранието не е набљудувач на оваа битка, туку компасот што ја насочува државата по патот на интегритетот, додаде Гаши.

Претседателот на Собранието нагласи дека борбата против корупцијата не се води сама по себе и не се ограничува само на закони и стратегии. Таа, како што посочи, бара култура на интегритет, личен пример, политичка одговорност и општествена свесност, таа се спречува и се надминува тогаш кога ја одбиваме рамнодушноста.

-Говорот го започнав со опишување на состојбата и последиците до кои нè доведе корупцијата, а сакам да го завршам со уверувањето дека корупцијата процветува таму каде што молкот е норма и каде што се предаваме пред овој озлогласен феномен и пред слоевитиот стар менталитет. Еден афоризам нè потсетува дека „Корупцијата е како снежна лавина: откако ќе почне да се тркала, може само да расте.“ Но, таму каде што општеството се издигнува, каде институциите преземаат одговорност и каде граѓанинот одбива да ја прифати неправдата како судбина, тоа е точката кога лавината почнува да се топи, заклучи Гаши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер