Лефков: Национален дата центар е и обврска од реформската агенда, сега Филипче се противи и на европски проекти
1Лефков: Национален дата центар е и обврска од реформската агенда, сега Филипче се противи и на европски проекти
Новиот норвешки крал во првото обраќање му оддаде почит на починатиот татко, му затрепери гласот (ВИДЕО)
2Новиот норвешки крал во првото обраќање му оддаде почит на починатиот татко, му затрепери гласот (ВИДЕО)
ФудбалЧуамени: Сакавме да го напуштиме теренот по скандалот со ВинисиусФудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени, се осврна на скандалот со Винисиус Жуниор по победата од 1:0 над Бенфика синоќа во првиот натпревар од плејофот за Лигата на шампионите.- Сите знаат дека на крајот на краиштата, никогаш нема да ги знаеме деталите. Ние во Реал Мадрид сите го поддржуваме Вини. Тој ни кажа што се случило, а човекот од Бенфика рече дека не е вистина. На почетокот сакавме да го напуштиме теренот. Сите заедно разговаравме за тоа. Вини рече дека треба да почнеме одново за да имаме шанса да го добиеме овој натпревар, и токму тоа го направивме. На крајот, оваа победа беше заслужена, изјави за „SoFoot“ Чуамени. Натпреварот беше прекинат откако Винисиус постигна гол во 50. минута поради наводни расистички навреди упатени кон Бразилецот. Според играчот, покрај навивачите, тој бил навреден и од португалскиот крилен играч Џанлука Престијани, кој пак тврди дека не употребил расистички навреди. Реваншот ќе се одржи во Мадрид на 25 февруари. Тагови: Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛефков: Национален дата центар е и обврска од реформската агенда, сега Филипче се противи и на европски проекти СДС и Венко Филипче секојдневно критикуваат кога е во прашање развој на индустријата поврзана со дата центри. Индустрија која е иднина, индустрија која се развива во светот, но Филипче од само нему познати причини се противи. Во оваа прилика да му објасниме и на Филипче и на неговиот другар Зоран Заев кој се уште очигледно му дава насоки за работа. Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци. Затоа на Македонија и треба основен, примарен, национален дата систем за чување на сите податоци од сите институции. Македонија како држава има проект во делот на реформската агенда со ЕУ за изградба на национален дата центар. Притоа ЕУ обезбедува финансии и финансиска помош, а Македонија има обврска да изгради основен, примарен национален дата центар. Ова е начин да се заштитат податоците на државните институции од евентуални сајбер напади, односно податоците да бидат сигурни. Ова е тоа за што СДС се противи, а само да потсетиме во време на нивната влада имаше напад на системот на ФЗО и граѓаните не можеа да ги остварат своите права, не можеше да се исплаќа породилно, да се прави поврат на средства за лекови и слично. Оттука евидентно е дека СДС се противи на развој на индустрија која значи заштита на лични податоци на секој поединец, заштита на државни податоци, рече Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПокрај кејот во Охрид е пронајдена неексплодирана бомба На 28.08.2026 во 15.33 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското езеро во близина на кеј „Македонија“, пронајдена е неексплодирана бомба. Местото е обезбедено од страна на полициски службеници по што, бомбата е безбедно подигната од страна на преставник од Дирекција за заштита и спасување, за натамошна постапка, соопштуваат од СВР Охрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШтерјова: Мицкоски ги штити Стоилковиќ и Кирановиќ за величењето на Младиќ, што е следно?Мицкоски го штити својот пулен во Владата, Иван Стоилковиќ, како и директорот на Агенцијата за правата на заедниците, Далибор Китановиќ.Од никого не бара одговорност за величењето на воениот злосторник Ратко Младиќ. Мицкоски не го споменува Стоилковиќ, не го повикува на одговорност, на Китановиќ му остава простор, да го повлечел јавно искажаниот став за Ратко Младиќ или да си поднесе оставка. Наместо кривично да одговараат и давајцата, согласно член 407 од Кривичниот законик поради „Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства“. Нема тука простор за негово одлучување или различно толкување. Луѓе како Стоилковиќ и Китановиќ со такви ставови не треба и не смее да бида вршители на каква било јавна функција во Владата. Дали Мицкоски се согласува со својот министер Иван Стоилковиќ? Дали Ратко Младиќ е и негов генерал? Ако Мицкоски не се согласува со Стоилковиќ и Китановиќ, тогаш нека ги осуди нивните ставови и нека ги разреши. Ова е дел од поширока агенда, сценарио на Вучиуќ која Мицкоски ја спроведува и за која СДСМ предупредува. Создавање тензии, поделби меѓу граѓаните, етнички провокации и поделби, операција „Талог“. Медиумите се подготвени. Латас, човек на српските служби, води кампањи по методот на Гебелс, навреди, поделби, постојано повторување на ист навредлив термин за да се дехуманизира политичкиот противник. Стоилковиќ навредува пратеници во Собранието, го велича Ратко Младиќ. Се е дел од иста кампања. Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија далеку од ЕУ, во изолација а поблиску до авторитарни сили и источни влијанија. Прашањето е што е следно? Што друго имаат подготвено?, рече Кети Штерјова од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter