Човекот никогаш не бил подалеку од Земјата, историски момент на мисијата Аrtemis II - Канал 5

Човекот никогаш не бил подалеку од Земјата, историски момент на мисијата Аrtemis II

Астронаутите од мисијата „Artemis II“ поставија нов светски рекорд за најголема оддалеченост од Земјата и испратија најдалечна електронска порака во историјата на човештвото.

Човекот никогаш не бил подалеку од Земјата, историски момент на мисијата Аrtemis II

Четворицата астронаути од мисијата Аrtemis II влегоа во историјата надминувајќи го рекордот поставен од мисијата АПОЛО 13 во 1970 година.

Екипажот составен од Рид Вајсман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен достигна оддалеченост од над 400.000 километри од земјата, со што беше срушен повеќе од 56 години стар рекорд.

Астронаутите на „Артемис II“ се упатуваат кон земјата откако извршија лет покрај месечината и беа сведоци на целосно затемнување на Сонцето од нивното вселенско летало.

Командантот Рид Вајсман вели дека екипажот на вселенското летало Орион „видел глетки што ниту еден човек досега не ги видел“ , додека пилотот Виктор Гловер вели дека „нема зборови “ за да се опише она што го набљудувале.

Вселенското летало го достигна своето максимално растојание од земјата - 406.771 км.

Претходно астронаутите ја изгубија врската со наса додека беа зад Месечината - прекинот беше очекуван и траеше околу 40 минути.

„Толку е одлично повторно да се слушне од земјата“, рече Кристина Кох додека ја прекинуваше тишината од вселенското летало.

Трамп им рече на астронаутите дека „напишале историја и ја направиле цела Америка навистина горда“ - и ги покани во Белата куќа.

Астронаутите треба да се спуштат во Тихиот океан покрај западниот брег на САД во петок вечер во 20 часот и 7 минути по источно американско време

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер