Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
СДСМ: Дебакл на арамијата Мицкоски, 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштија
1Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
2СДСМ: Дебакл на арамијата Мицкоски, 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштија
3Во Милано, луксузните брендови „Шанел“, „Тифани“, „Версаче“ и „Диор“ ги тргаат своите производи од излозите!
ЖивотЧовекот амфибија Јане Петков во нов обид за подвиг на Охридското ЕзероИнтересна содржина во рамки на годинешното издание на Охридскиот фестивал на вода, со обидот на Јане Петков да го повтори неверојатниот подвиг на Хари Худини, да се ослободи од синџири и лисици од дното на Охридското Езеро.Атрактивната точка 70-годишниот Петков ќе ја изведе утре на пладне на Сараиште, секако под будно око на спасителите од охридскиот Црвен крст. Претходно во рамки на активностите на „Ohrid Water Festival 2024“, Петков вечерва во 19 часот ќе одржи презентација на тема „Неверојатните можности на човечкиот дух“, на која тој ќе открие интересни техники за дишење и медитација пред неговиот нов подвиг. Инаку, овој интересен обид е втор настан што Општинската организација на Црвениот крст од Охрид го организира со Јане Петков. Првиот настан беше организиран во септември 2013 година, кога за гинисов рекорд Петков на Охридското Езеро преплива повеќе од два километри целосно врзан во вреќа. Јанко Петков е роден на 6 август 1954 година во Сандански, Пиринска Македонија. Натпреварувач на пливачкиот клуб „Вихрен“ од 1960-тите. Добитник на многу медали од натпревари во Бугарија и Грција. На почетокот на 1990-тите тој постави уникатен рекорд за пливање 2.100 метри под вода во базен за нешто повеќе од еден час, земајќи здив само кога ќе допливаше до работ на базенот. „Човекот амфибија“ има и неколку рекорди за препливување на реката Дунав врзан во вреќа./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
МакедонијаМицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот системПретседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“.-Добар ден и од мене. Сашо кажа се прилично прецизно и јасно. Јас би сакал уште еднаш да посакам да што помалку се користат овие возила. Се разбира, колку помалку се користат тоа значи дека ќе имаме толку помалку случаи коишто треба да се третираат со овие возила. Но, онаму каде што е потребно убеден сум дека со овие возила побргу ќе се стигнува и ќе се интервенира многу попрецизно имајќи ја предвид опремата којашто ја поседуваат овие нови возила, 100 на број. Би сакал исто така да кажам неколку работи коишто се многу значајни да се споменат и за здравството но, и генерално за политиките на Владата. Многу работи се запоставени, многу работи се уништени, многу работи се украдени, но она коешто е задача на оваа Влада е тоа што е уништено, тоа што е запоставено, тоа што е украдено да го надомести. Има уште многу проблеми за решавање, не е сè решено со овие 100 возила, се разбира можеби е помалку или повеќе олеснета состојбата, но не е сè решено. Но, она коешто е значајно е дека приоритет по приоритет, проблем по проблем се решаваат. Овие 27-28 месеци, покрај нови 120 нови возила, коишто Министерството за внатрешни работи ги обезбеди после децениска негрижа таму, после оние стотина возила коишто ги доби „Пошта“, после оние 53 возила коишто се користат веќе во општините за чистење, за чистење на сметта, дојде редот и на овие 100 возила амбулантни, а многу скоро од денеска ќе имаме и нови 150 електрични автобуси коишто исто така ќе бидат распределени низ градовите во Македонија. Сето ова можеби навидум не изгледа нешто многу големо и значајно но верувајте оној момент кога тоа ќе ви биде потребно сето ова коешто ние денеска го правиме и коешто го обезбедуваме ќе биде и те како значајно кога тоа ќе ви биде потребно, бидејќи до сега тоа го немало. Сакам исто така да напомнам дека наш приоритет во периодот којшто следи се инвестициите во здравството и ќе продолжиме да инвестираме. Има многу за инвестирање, не можеме се да решиме можеби во еден цел мандат на една влада, но она коешто планираме во периодот којшто следи, а којшто веќе заедно со нашите партнери, финансиски институции го завршуваме во делот на здравството во преговорите, тоа се проектите коишто здружено Светска банка и Европската инвестициска банка ќе ги финансираат, а тоа е конечно Клиничкиот центар, односно клиничката болница во Штип, Здравствениот дом со проширена дејност Кичево и клиничката болница во Тетово. Очекувам според последната мисија на Светска банка и Европската инвестициска банка, одобрување и формално да имаме некаде кон крајот на првиот квартал од следната година за финансирање на овие проекти. И ако биде се како што треба, веднаш потоа да биде објавен и тендерот, и ако биде се како што треба, очекувам првиот проект од овие проекти да почне да се реализира некаде таму крајот на вториот, почетокот на третиот квартал од следната година. Низа проекти коишто со децении биле запоставувани или воопшто не се водело сметка, едниот за волја на вистината, отпочнат па заборавен, испокраден, уништен. И сега замислете вие кога ќе треба со проект којшто е започнат пред 15-20 години да го продолжите да го работите, а во суштина треба да размислувате што ќе се случува од денеска за 10-15 години во здравството. Значи, таа технологија којашто била пред 10-15 години, е сега веќе застарена, а замислете каква технологија треба да антиципирате што ќе се развива во следните 10-15 години. Ние сме фокусирани при рестартирањето конкретно на проектот на клиничката болница во Штип за технологија којашто ќе биде апликативна во 2035-2040-тата година. Така што сето ова бара една правилна антиципација, работа со нашите стратешки партнери и ценам дека успеавме да дојдеме до некое решение коешто ќе значи додадена вредност во македонското здравство. Се наоѓаме тука некаде помеѓу двете парцели коишто ги разгледуваме и за коишто преговараме за новиот клинички центар. Едната е пред овој базен којшто го гледате овде лево од нас којшто, исто така, беше оставен на забот на времето па сега се реконструира. А другата е позади овој тобоган којшто го гледате. Тоа се двете парцели отприлика каде што би требало да биде и новиот клинички центар. Очекувам до крајот на оваа година и тие преговори да ги завршиме. Цениме дека ова место заедно со поврзувањето на постоечката „8 Септември“, Пет центарот и болницата, односно поликлиниката „Букурешт“, мислиме дека сето тоа ќе даде една убава симбиоза овде, еден убав центар. А заедно со Општина Карпош работиме и на обезбедување нови паркинг места, бидејќи кога сето ова ќе функционира и кога сето ова ќе биде изградено, ќе има згушување и затоа планираме уште од сега како да го растеретиме и тој дел од предизвиците со коишто ќе се соочат жителите на овој дел на Градот Скопје. Така што се планира, се работи, ако направите добар план, тоа значи 90 посто добро завршена работа, ако планот не ви е добар, тогаш ни работата нема да ви биде добра. Затоа ние се трудиме планот да биде добар. Како и да е, уште еднаш нека ни се со среќа овие 100 нови амбулантни возила и ете уште многу проекти да реализираме во здравството. Јас благодарност сакам да изразам до министерот, кој со својата посветена работа, го истера овој проект и ги развива сите овие проекти за коишто претходно зборував, за луѓето од Министерството за здравство, за луѓето од мојот кабинет, за здравствените работници, за лекарите, за сите оние коишто имаат трпение, бидејќи навистина работат во услови понекогаш коишто се и натчовечки напори вложуваат да ги совладаат тие услови во коишто работат. Знам колку е сето тоа тешко, но тие покажуваат дека не е невозможно, дека се е возможно, дури и во такви услови да се работи. Како Влада се трудиме и тоа да го олесниме. Благодарност до пратениците од македонското Собрание, кои со својата работа, со своите амандмани, политиките коишто ги носат преку законите во македонското Собрание обезбедуваат побрза набавка и интервенирање во здравствениот сектор. Благодарност на сите коишто учествуваат, ќе ми простите некој ако го заборавив. Битно е дека имаме 100 нови амбулантни возила, нешто што би рекол одамна не е направено за здравствениот систем во Македонија и се надевам за нови 50, Сашо нели за тоа што зборувавме, ако биде се како што треба, би требало уште нови 50 да добиеме, веќе следната година. Но, за тоа потоа, ајде еве прво да ја изработиме и таа работа, па потоа и за тоа да се пофалиме. Уште еднаш нека ни е со среќа и аирлија нека е.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Дебакл на арамијата Мицкоски, 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијаПоследните статистики на синдикатот покажуваат дека секој трет работник во Македонија живее со плата под прагот на сиромаштија.Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно. Значи 33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата. Овие луѓе одат на работа, работат, вложуваат труд и немаат доволно за достоинствен живот – буквално живеат во сиромаштија. Потрошувачката кошничка е над 70 илјади денари а со стан оди и над 90 илјади денари. Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци. Работниците во Македонија едвај врзвуваат крај со крај, со најниски плати во Европа. Ова реалност и одлука на арамијата Мицкоски - работниците да работат, а да бидат сиромашни. Бајките на Мицкоски за трета економија во Европа постојат само во неговите изјави, а не во реалноста. Тоа го потврди и Светска банка со заклучок дека македонскиот стандард е на третина од европскиот. Ако минималната плата беше 600 евра, како што предложи СДСМ, работниците немаше да бидат оставени да живеат со приходи под овој праг на сиромаштија. Но, арамијата Мицкоски и неговата влада го одбија предлогот. Одбија да им помогнат на работниците, одбија да им биде вреднуван трудот. Имаат 5.5 милиони евра за една вечер за диџеј, имаат за тендери и провизии, немаат пари за работниците. Буџетската дупка е 900 милиони евра, за пензиите дупката е околу една милијарда евра. За само две години, Мицкоски го зголеми државниот долг за околу 4 милијарди евра, речиси половина од задолжувањата акумулирани во претходните 35 години. Годишните трошоци за камати заради долговите пораснаа на 350 милиони евра. Работникот гледа и чувствува дека трудот не му е вреднуван. Живее сè потешко, со празен фрижидер и празен паричник - во сиромаштија. До ова ниво, до дното, ги донесе арамијата Мицкоски. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалДве дерби средби во 3 коло од Лигата на шампионите, ПСЖ домаќин на Барса, во Минхен гостува АрсеналВечерва фудбалска европа пулсира во ритамот на супер дербито во „жешкиот“ Париз, на Паркот на принцовите бранителот на европскиот трон го пречекува најдобриот напад на светот, фуриозната Барселона. Во претходното коло видовме вистинска голеада низ стадионите на Стариот континент, беа постигнати рекордни 78 гола или вкупно 147 од почетокот на сезоната – што значи просек од 4,08 гола по натпревар. Зголемувањето на бројот на голови нè враќа во едно минато време, во ерата на Купот на шампионите,екипите очигледно играат поопуштено, што е овозможено благодарение на новиот формат воведен пред три сезони. Во ова коло нè очекуваат две навистина големи дерби-пресметки, а првата е на програмата во Париз, каде што европскиот шампион ја пречекува моќната Барселона, второто големо дерби се игра утре вечер во Минхен, каде Баерн ќе го нагости европскиот вицешампион Арсенбал. Вечерва во елемент ќе бидат и фаворитите како Манчестер Сити, Атлетик и Ливерпул .. Барселона вечерва во Париз ќе се обиде да му се реваншира на ПСЖ за поразот во минатиот циклус на Монжуик од 2-1. Иако двата тима имаат проблеми со повреди, сепак очекувањата за врвен фудбалот се високи. Барселона урива рекорди во Ла Лига и ја освојува третата титула по ред, но сепак, овој предизвик е малку поинаков. ПСЖ имаше слаб почеток на сезоната, но минатата недела, во првите 35 минути на „Етихад“, нè потсетија колку е силен тимот на Луис Енрике. Лига на шампиони, 3. коло вторник 18.45 Фенербахче - Славија Прага Сабах – Дортмунд 21.00 часот Рома - Слав Ливерпул - Виљареал Ман.Сити - АЕК Наполи – Боде/Глимт Порто - ПСВ ПСЖ - Барселона Штутгарт - Атлетико среда 18.45 Комо - М. Јунајтед Лил – Галатасарај 21.00 Астон Вила - Викинг Баерн - Арсенал Бетис - Феенорд Клуб Бриж - Ланс Интер - Шахтјор Реал Мадрид - Лајпциг Спортинг - ЛАСКТагови: Лига на шампионите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter