Човек се степа со џиновски кенгур за да си го спаси кучето, снимката е хит (ВИДЕО) - Канал 5

Човек се степа со џиновски кенгур за да си го спаси кучето, снимката е хит (ВИДЕО)

Австралија е позната по бројните суштества кои им се закануваат на луѓето, како што се змиите и пајаците, а на листата можеме да ги додадеме и кенгурите.

Човек се степа со џиновски кенгур за да си го спаси кучето, снимката е хит (ВИДЕО)

Тоа го потврди и Мик Молони, кој на интернет објави драматично видео.

Тој престојувал во Милура (државата Викторија), кога забележал двометарски кенгур во реката Мареј. Огромното животно го држело неговото куче во шепите.

„Тој стоеше во водата и ме гледаше. Кучето се бореше за воздух, едвај ја држеше главата над вода. Не можев да поверувам“, рекол поранешниот полицаец.

Се обидел да го исплаши кенгурот, но безуспешно. Цело време ја снимал бизарната сцена на својот телефон, пренесува LadBible.

Откако извикал „пушти ми го кучето“, кенгурот замавна да го удри противникот.

Се чини дека телефонот му паднал во вода, бидејќи видеото станува матно, а неколку моменти подоцна гледаме дека кучето безбедно стигнало до брегот.

Мик го испрска кенгурот со вода, а потоа го напушти „бојното поле“.

„Имам неколку гребнатини и ме боли подлактицата. Тоа беше добар удар“, објасни тој.

@the.tiser A Mildura man has gone viral after he filmed himself rushing into an outback river to save his dog from being “drowned” by a wild kangaroo. Uploaded by the Mildura Martial Arts school in Victoria, the video had been viewed more than 2.5 millions times on Tik Tok in just 10 hours. Unfortunately, the man professed his skills at Brazilian Ju Jitu were “ineffective” after he waded in to save his dog from the “7ft kangaroo”. Would you fight a kangaroo to save your dog? Video: @milduramartialarts1#justaussiethings #kangaroo #aussieanimals #dogsoftiktok #australia #aussiethings ♬ original sound - The Advertiser

Корисниците на социјалните мрежи беа шокирани од видеото.

„Овој кенгур изгледа како боди билдер со глава на елен“, „Кенгур ме дави во вода. Ова е мојот нов страв“, „Никогаш не сум видел нешто полудо“, гласат дел од коментарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златеска: Владата активно се справува со предизвиците од светската криза

Бисерка Златеска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница наменета за пратенички прашања, постави две прашања.

Златеска: Владата активно се справува со предизвиците од светската криза

Бисерка Златеска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница наменета за пратенички прашања, постави две прашања, од кои едното беше во делот на земјоделството, шумарството и водостопанството, а другото беше поврзано со економијата.

,,Земјоделството е егзистенција за илјадници семејства. Тоа е домашно производство на храна. Тоа се цели семејства кои зависат од тоа дали нивниот род ќе биде откупен, по која цена ќе биде откупен и подеднакво важно кога ќе ги добие средствата што им следуваат. Затоа секогаш кога зборуваме за субвенциите мора да имаме предвид дека не зборуваме само за буџетски средства. Зборуваме за пари, кои за еден земјоделец значат набавка на семе, ѓубриво, гориво и заштитни средства“, рече Златеска.

Прашањето што го постави Златеска, а до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство беше поврзано со исплатата на субвенциите: ,,Според официјалните информации на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во текот на 2026 година се реализираат исплати по програмата за финансиска поддршка на земјоделството, а Агенцијата за финансиска поддршка паралелно реализира исплати по мерки од претходните програмски години. Тоа е важно да се разграничи. Во август и септември агенцијата реализирала повеќе конкретни исплати, меѓу кои значајни средства за сточарите и полделците. Почитуван министре, моето прашање до вас е како тече исплатата на годинешните субвенции?“.

Второто прашање од страна на пратеничката Златеска, беше упатено до заменик министерот за економија, а во врска со намалуваувањето на ДДВ-то на дизелот и по 28 септември доколку кризата и високите цени на нафтата продолжат.

,,Актуелната мерка за намалување на ДДВ-то на дизелот од 18 на 10% има рок. Тоа е 28-ми септември, а кризата на светските енергетски пазари за жал не завршува со истекот на рокот на една владина одлука. Доколку продолжи растот на цените на светскиот пазар, доколку продолжат нарушувањата во снабдувањето или доколку се појави нов ценовен удар, институциите мора да бидат подготвени“, кажа Златеска и додаде:

,,Може ли да направите споредба со цените на дизелот и бензините во Македонија и во земјите од регионот и дали доколку продолжи кризата се размислува оваа мерка да биде продолжена и по 28ми септември. Сметам дека Владата и министерствата во Македонија се вложуваат максимално во справувањето со оваа светска криза“, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќа

ВМРО-ОКГ и нивната Орбан-Вучиќ медиумска мрежа, под палката на началникот Латас, повторно ја вклучи истата медиумска машина. 

СДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќа

Нема документ. Нема демант на FARA 6170. Нема агенда од Стејт департментот.

Но затоа има Заев, пасош, слика од отворање. Има „талог“, Бугарија, лаги....

Класично бегство од реченицата што ги болеше.

Реченицата е оваа: Во 2026 приватна фирма АТС Груп ДООЕЛ Скопје му плаќа на американскиот лобист Mercury 130.000 долари месечно, односно околу 1,56 милиони годишно.

На 2 април истата компанија го предава материјалот - „Стратешко партнерство САД–Северна Македонија“.

Во текстот стои пакет влада со влада. Име: Трамп и Мицкоски. Не стои „продајте ни шлемови“. Стои државна агенда платена од приватна компанија за муниција.

ВМРО-ОКГ велат: актуелната влада нема врска со приватен договор меѓу две фирми.

Ако нема врска, зошто во платениот текст стои името на арамијата Мицкоски?

Зошто енергија, ЛНГ, ИТ-договори, одбрана?

Зошто антимонот од пет милиони влезе во истата приказна што ја носеше низ ходниците и хотелите?

Дипломатски пасош за човек што работи извоз на оружје, што во секоја земја оди преку државна контрола, не е оправдување зошто денешниот премиер се враќа од Америка со средби во ходник и со руда за оружје, во интерес на приватна компанија.

Тоа е клучната разлика.

Ако состанокот што Мицкоски го имал го нема во агенда на Вашингтон, не е државна средба. Тоа е неформален контакт. Дома го продаваат како самит.

Приватна компанија плаќа. Мицкоски ја пласира агендата како државна. Всушност не е.

Зошто приватна компнија плаќа лоби за Мицкоски?

Антимонот е метал за воена индустрија. Се копа кај Крива Паланка. Јаловината оди во почвата и водата.

За граѓаните е отров. За нив е провизија.

Гета чинеше 5,53 милиони евра народни пари. Грантот за дупката е помал.

Прашањето е кој во 2026 плаќа лоби да зборува во име на владата, кој се крие по фоајеа, и зошто народот добива рудник наместо извештај.

Прашањето е зошто премиерот работи за интерес на приватна компанија, а не за граѓаните на Македонија.

Нема автогол. Има документ од американското Министерство за правда.

Тие немаат одговор на хартијата. Имаат матрица.

Матрицата е бегство. Бегството е признание, се наведува во партиското решение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Нова провокација од Јелена Карлеуша

Популарната српска пејачка, Јелена Карлеуша повторно ги поместува границите кога станува збор за стајлингот, па така се појави само во гаќички на снимањето за „Pink Stars“! 

Видео-фото: Нова провокација од Јелена Карлеуша

Атрактивната Карлеуша на спотото носи откопчана кожна јакна со нагласени раменици, а под неа има само градник и гаќички.

Посебно внимание привлече натписот кој Јелена го имаше на гаќичките и гласеше „18+“.

На нозете има чизми со врвки и потпетици, кои совршено се вклопуваа во оваа заводлива комбинација.

Популарната Карли инаку на снимањето пристигнала во супер секси аутфит кој посебно ги истакна нејзините бујни силиконски гради.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер