Човек на момент се свртел, кога кон лицето го нападнал огромен питон (ВИДЕО) - Канал 5

Човек на момент се свртел, кога кон лицето го нападнал огромен питон (ВИДЕО)

Експертот за рептили Џеј Бруер неодамна имаше „блиска средба“ со питон, што ја илустрира нивната непредвидлива природа.

Човек на момент се свртел, кога кон лицето го нападнал огромен питон (ВИДЕО)

Огромниот рептил бил во дрвена кутија, додека Бруер стоел и гледал во камерата. Секунда подоцна следеше молскавичен напад.

Штом Бруер го тргна погледот, чудовиштето долго метар ги отвори вилиците и се упати директно кон неговото лице.

Едноставно е неверојатно што човекот успеал да се скрие и да ги избегне последиците, бидејќи сето тоа траело помалку од секунда.

„Ова покажува дека змиите не се само лукави, туку и многу паметни. Штом сфати дека го тргнав погледот, таа нападна“, рекол тој.

Клипот е објавен минатиот месец и собра повеќе од 15 милиони прегледи, пишува Times Now News.

„Вие сте извор на храна. Кокошкина или твоја глава, на змијата не ѝ е грижа“, напишал еден шокиран корисник.

„Имаш одлични рефлекси, пријателе, честитки“, додаде друг.

Имало и такви кои критикувале зошто питонот бил во гајба, опкружен со „роднини“ во кафези.

„Секое живо суштество, лишено од својата природа, еден ден ќе се одмазди“, напишало едно лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните

Општина Центар ја отстрани металната конструкција на улица „Даме Груев“, кај слаткарницата „Малага“. Со нејзиното демонтирање, пешачката патека повторно е слободна за движење.

Герасимовски: Отстранета нелегалната конструкција на „Даме Груев“ , јавниот простор вратен на граѓаните

„Го расчистивме просторот и го вративме на пешаците, на кои им припаѓа. Јавните површини мора да бидат слободни и достапни за сите“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Конструкцијата, која претходно се користеше како тераса, ја зафаќаше пешачката зона и го попречуваше нормалното движење во строгиот центар на градот.

Општина Центар продолжува со инспекциски контроли и активности за отстранување на бесправно поставени конструкции и објекти, со цел заштита на јавниот простор и непречено движење на граѓаните.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се повеќе лица во контрола на угостителски објекти во Скопје

Ноќеска акциска контрола во угостителски објекти во Скопје, лишени од слобода повеќе лица, меѓу нив и малолетници.

Уапсени се повеќе лица во контрола на угостителски објекти во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, ноќеска изврши контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје. За време на контролата легитимирани се 37 лица и лишени од слобода се осум лица, од кои три малолетници.

Притоа, во два угостителски објекти констатирано е пречекорување на работното време, а во еден од угостителските објекти констатирано е точење на алкохол на малолетни лица, како и лица кои поседуваат наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина Аеродром

Се уредува нова парковска површина од околу 3.000 м2 во непосредна близина на комплексот „Џевахир Скај Сити“ во Општина Аеродром.

Се уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во активностите за расчистување на просторот што ќе прерасне во нов парк со детско игралиште, пешачки патеки, урбана опрема и зеленило.

На целиот простот ќе биде поставен и систем за наводнување, како и комплетно нови линии за осветлување.

Благодарност до компанијата „Џевахир“ за поддршката и соработката во реализацијата на овој проект со кој аеродромци добиваат ново место за одмор, рекреација и дружење.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер