Чоревски: Наградата е и обврска да бидеш и понатаму уште подобар - Канал 5

Чоревски: Наградата е и обврска да бидеш и понатаму уште подобар

Актерот Благоја Чоревски наградата за високо актерско остварување на 26. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, ја доби за улогата на Вилфред Бонд во претставата „Квартет“.

Чоревски: Наградата е и обврска да бидеш и понатаму уште подобар

Актерот Благоја Чоревски наградата за високо актерско остварување на 26. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, што се одржа во Струмица од 8 до 12 септември, ја доби за улогата на Вилфред Бонд во претставата „Квартет“ по текст на Роналд Харвуд, во продукција на Македонскиот народен театар и „Контрапункт“ од Скопје, како и за неговиот севкупен творечки придонес во развојот и растежот на современиот театар.

Со вакво образложение фестивалското жири, предводено од познатата српска актерка Тања Бошковиќ, одлучи единствената награда за актерско остварување да му ја додели на Чоревски.

Господине Чоревски, честитики за наградата, и што значи таа за вас?

- За мене тоа е една голема сатисфакција, пред се, затоа што наградата го носи името на мојот колега со кого сум играл. Еден од најголемите наши актери, не еден, туку сигурно најголем.

Да се добие оваа награда е истовремно и обврска да бидеш и понатаму уште подобар. Нема да бидам подобар од Шишков. Но, ќе се трудам да го достигнам барем уште малку.

Имате ли наредни предизвици?

- Јас постојано имам предизвици. Секој што ќе ме повика, јас одам со чисто срце да играм. На крајот на краиштата само тоа го знам, друго не знам да работам.

Семејството Чоревски не ја добива првпат наградата „Ристо Шишков“. Пред Вас лауреат беше брат Ви Борис.

- Големо е задоволството што во семејството Чоревски ја сум вториот кој ја добива оваа престижна награда во Македонија - една и единствена. Мојот брат ја доби наградата пред повеќе години (2011 година н.з.).

Можеби ние ќе останеме во историјата како единствени браќа-актери што ја добиле наградата на мојот другар, пријател и колега, брат - Ристо Шишков./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентите

Настапот на српската пејачка Јелена Карлеуша во „Театро клуб“ (Teatro Club) во Есен, Германија – првично закажан за 31 октомври 2026 година – е откажан. 

На Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентите

Според раководството на клубот, одлуката е донесена по разгледување на нејзините јавни изјави во врска со актуелната политичка ситуација во Србија, особено оние што се однесуваат на студентите.

Објавено соопштение „Почитувани гости, сакаме да ве информираме дека настапот на Јелена Карлеуша, планиран за 31 октомври 2026 година во ’Театро клуб‘ во Есен, нема да се одржи. До оваа одлука дојдовме по внимателно разгледување на нејзините јавни изјави и ставови во врска со актуелната политичка ситуација во Србија“, се наведува во соопштението.

Од клубот изјавија дека се оградуваат од изјавите кои – како што наведоа – ги навредуваат и омаловажуваат студентите и граѓаните што се борат за своите права, како и од реториката што поттикнува поделби и нетолеранција.

„Сметаме дека примарната улога на еден пејач е да забавува, да ги обединува луѓето и да шири позитивна енергија преку својата музика – а не да ги користи својата популарност и јавна платформа за политички пресметки, навреди или за продлабочување на поделбите меѓу луѓето. Секој, вклучително и јавните личности, има право на сопствени политички ставови. Сепак, сметаме дека постои јасна граница помеѓу изнесувањето мислење и користењето на влијанието за омаловажување на другите“, наведоа од клубот. Додадоа дека нивната сцена треба да биде простор посветен на музика и забава, а не на политичка пропаганда.

„Teatro Club Esen е место на заедништво, почит и позитивна атмосфера. Не сакаме да им понудиме простор на нашите гости каде што ќе се промовираат ставови спротивни на вредностите за кои се залагаме. Нашите принципи не се на продажба и ниту еден настап не е поважен од почитта што им ја должиме на нашите гости и вредностите што ги застапуваме. Ви благодариме за разбирањето и поддршката“, се вели во соопштението.

Од крајот на 2024 година, Јелена Карлеуша е еден од најгласните јавни критичари на студентските протести и блокади во Србија, притоа отворено поддржувајќи го претседателот Александар Вучиќ.

Пејачката ги опиша студентите што учествуваат во блокадите како „толпа“ која нема желба да учи, па дури и тврдеше дека тие ѝ нанеле поголема штета на Србија отколку која било војна. Таа исто така предложи дека деканите на факултетите би требало, наместо тоа, да одат да берат малини.

Понатаму, таа повика на апсење на ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ђокиќ, кого го обвини за предавство на сопствената земја. Нејзините ставови предизвикаа остри реакции кај дел од јавноста, што доведе до повици за бојкот на нејзините настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД

Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран.

Можни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД

Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела.

Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација.

Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период.

„Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков.

На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер