Чолакова-Дервишова: Сè уште нема одговор од Министерството и Фондот на нашите барања - Канал 5

Чолакова-Дервишова: Сè уште нема одговор од Министерството и Фондот на нашите барања

Во тек е вториот ден од протестот на Здружението на приватни лекари. 

Чолакова-Дервишова: Сè уште нема одговор од Министерството и Фондот на нашите барања

Претседателката на Здружението, д-р Лилија Чолакова-Дервишова во изјава за МИА вели дека сè уште не се контактирани од страна на Министерството за здравство или Фонд за здравствено осигурување.

– Ние три дена ќе го издржиме тоа што сме го донеле како одлука, во интерес да го подобриме статусот да го вратиме дигнитетот на здравствените работници, да ги задржиме младите тука. Барањата се тие, а приоритетно е покачување на капитационен бод, дали на ниво на Влада, на Министерство за финансии, негде треба да се донесе одлука бидејќи навистина со сите овие цени и поскапувањето, пет години постојано сè се движи само кај нас ништо не се движи, вели д-р Чолакова-Дервишова.

Според неа, целокупните трошоци на приватните лекари се многу високи, а постојано се изоставени од Буџетот.

– Со доаѓањето на секој нов министер и директор ние даваме поддршка, отворени сме за соработка. Имаме прашања и до Фондот и до Министерството и наведено е што треба да се направи, ги имаме лоцирано сите проблеми и за секој проблем имаме начин како да се надмине, истакна претседателката на Здружението.

Протестот на приватните лекари започна вчера, а ќе трае до утре. Тие одлучија, преку мирен протест три дена да не даваат упати и рецепти, со барање да се покачат бодовите. Покрај зголемување на капитацискиот бод, тие меѓу останатото бараат „електронско здравство, бришење на дестимулативната скала, зголемување на буџетите за специјалисти и лаборатории и за рурални амбуланти, да не се затвораат ординации на лекари кои сакаат да продолжат да работат над 64 години“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници

Од виртуелно пријателство во он-лајн игра до уцени, самоповредување и насилство на деца. 

МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници

МВР има пријави и истражува дали познатата меѓународна мрежа „7 6 4“ што постои околу 6 години се прошири и во Македонија и преку своите членови со уцени, закани и психолошка контрола принудува деца да се сечат со жилети и да снимаат насилни содржини. Засега од МВР нема официјална потврда за медиумиските објави од пред неколку дена дека дете од скопско основно училиште се самоповредувало сечејќи се по нозете со остар предмет, откако комуницирало со некого преку видеоиграта Роблокс и „Тикток“, но сепак оттаму за Канал 5 велат дека има случаи во кои се забележани елементи што укажуваат на можна поврзаност со мрежата „7 6 4“.

- „Поради тековните активности, во оваа фаза не би изнесувале конкретни податоци за бројот на пријави и градовите од кои се поднесени. По целосно утврдување на фактите, јавноста ќе биде соодветно информирана“. Оттаму упатија силен апел за внимателност до родителите појаснувајќи како доаѓа до првичен контакт на членовите од мрежата со децата.

-Најчесто контактот со децата и младите го воспоставуваат претставувајќи се како нивни врсници или како лица заинтересирани за пријателски или како лица заинтересирани за пријателски или емотивен однос. Откако ќе ја стекнат нивната доверба, започнуваат со манипулации, закани и уцени, со цел да ги принудат да споделуваат интимни фотографии и видеоснимки, да се самоповредуваат, да вршат насилство врз други лица или животни, па дури и да преземаат дејствија кои можат да имаат животозагрозувачки последици. Материјалите што ги добиваат потоа ги користат како средство за дополнително заплашување, уценување и контрола врз жртвите,- - Гоце Андреевски – МВР.

Комуникологот Бојан Кордалов смета дека е неопходна едукација за опасностите во интернет-просторот бидејќи лекот за сајбер безбедност е превенцијата, а таа се постигнува со запознавање и разговор со блиските.

Како што детето го пуштаме само да оди на училиште и тоа минува крстосници и разни опасности додека дојде до училиште, или како што го пуштаме на некој роденден или да излекува навечер така тоа го правиме и во интернет просторот. Сме му дале едукација и правила како се функционира и кои се опасностите, истото мора да се направи и тука. Мора да се работи на едукација и на возрасните, а преку нив и на децата, на осојузување на сите чинители, институциите да постапуваат,- - Бојан Кордалов - експерт за комуникации и дигитална писменост

Надлежните порачуваат родителите да внимаваат на ненадејни промени во однесувањето, повлекување, страв, таинственост при користењето на телефонот, заканувачки пораки или необјаснети повреди кај своите деца и посочуваат дека една пријава може да спаси и живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

КФМ: Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Кипар

Цена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

КФМ: Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Кипар

Кошаркарската федерација на Македонија како организатор на натпреварот Македонија - Кипар, кој е дел од втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година, информира дека од денеска, сите заинтересирани љубители на кошарката можат да обезбедат влезни билети преку онлајн сервисот „МКТикетс“.

Цена на влезниците е 150 денари за сите блокови, односно трибини во комплетно реновираната спортска сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Натпреварот Македонија – Кипар, ќе се игра на 26 ноември (четврток), со почеток од 18:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски на средба со новиот директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска оствари средба со д-р Димитар Ангелески, кој е именуван за нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. 

Клековски на средба со новиот директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Д-р Ангелески е специјалист ортопед кој своите студии ги завршил на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, а потоа завршил и специјализација од областа на ортопедија.

Во својата професионална кариера работел во Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје, а ја извршувал и функцијата директор на Медицинскиот симулациски центар.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а со тоа и од новиот директор очекувам да ја зајакне улогата на инспекторатот во заштита на јавното здравје, што е можно побрза и повидлива инспекција на терен со доследна примена на прописите, како и континуирана отчетност и транспарентност во работата. Упатувам и благодарност на досегашниот директор д-р Кирил Лазов за работата и професионалниот ангажман, истакна министерот за здравство, Сашо Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер