Членките на ЕУ не постигнаа консензус за прекин на политичкиот дијалог со Израел - Канал 5

Членките на ЕУ не постигнаа консензус за прекин на политичкиот дијалог со Израел

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ на вчерашното заседание на Советот за надворешни работи (ФАК) со Брисел не постигнаа консензус околу предлогот на високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

Членките на ЕУ не постигнаа консензус за прекин на политичкиот дијалог со Израел

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ на вчерашното заседание на Советот за надворешни работи (ФАК) со Брисел не постигнаа консензус околу предлогот на високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел за прекин на политичкиот дијалог меѓу блокот и Израел во рамки на Договорот за асоцијација.

На средбата Борел на министрите им ја презентираше ажурираната правната оценка за почитувањето на човековите права и меѓународното право од страна на Израел, по што, како што соопшти Европскиот совет се дебатираше за предлогот на високиот претставник за прекине политичкиот дијалог со Израел.

- Повеќето од земјите членки сметаа дека е многу подобро да продолжат да имаат дипломатски и политички односи со Израел, изјави синоќа Борел по завршувањето на заседанието, оценувајќи дека „постои недостиг на емпатија за страдањето на другиот“.

Покрај за ова прашање во делот од состанокот посветен на најновите случувања на Блискиот Исток, пред се во Газа и Либан, како и за пошироката регионална ситуација, министрите разговараа за поддршката на ЕУ за УНРВА и за прашањето за рестриктивни мерки против Хамас и неговите поддржувачи, но и против насилните еврејски екстремистички доселеници на Западниот Брег.

ФАК разговараше и за напорите за заживување на мировниот процес на Блискиот Исток, при што министрите разменија мислење за активностите на Глобалната алијанса за имплементација на решението за две држави, лансирана на последното заседание на Генерално собрание на ОН, и за нејзиниот следен состанок закажан за 28 ноември во Брисел.

Според Борел, важно е луѓето да разберат дека мирот ќе дојде еден ден, но и дека тој треба да се подготви и да се одржи.

- Секогаш кога ќе се пружи прилика, ајде да зборуваме за мирот, потенцира Борел.

На состанокот стана збор и за руската агресија врз Украина, при што министрите имаа размена на мислење преку видео конференциска врска со нивниот украински колега Андриј Сибиха, кој ги информираше за најновите случувања на теренот и за најитните украински потреби.

Во продолжение европските шефови на дипломатии разговараа за натамошната поддршка на ЕУ за Украина, како и за можниот одговор на Унијата за поддршката кон Русија од страна на трети земји.

Според Борел, секој постапка на Русија кој останува без реакција само ја охрабрува дополнително да ја ескалира состојбата.

- Без реакција, имаме поголема ескалација. Почна со користење на храната како оружје, па со енергијата, користејќи ја зимата како оружје. Потоа прибегна кон иранските дронови и ракети и воена опрема од Северна Кореја, а сега дури и со севернокорејски војници на границите на Украина, нагласи Борел.

Тој оцени дека е време Европа да се засили и да ја преземе својата стратешка одговорност во однос на Украина.

- Историјата на крајот ќе не суди за тоа што сме направиле, кога моравме да се соочиме со тешки времиња, истакна Борел.

На состанокот стана збор и за обидите за заобиколувањето на санкциите и дополнителните рестриктивни мерки кон Русија, при што министрите одлучија да воведат дополнителни санкции поврзани со воената поддршка на Иран на руската агресија врз Украина, со забрана за извоз, трансфер, снабдување или продажба на компоненти за ракети произведени во ЕУ на ирански субјекти, а санкционираше и едно физичко лице и четири правни лица.

На работниот ручек на заседанието министрите се осврнаа на односите на ЕУ со САД, пред се во врска со Украина и Блискиот Исток, како и за конкретните импликации од американските претседателски избори.

Во тој контекст, Борел оцени дека изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД претставува нова можност за Европејците.

- Не само да се разбудиме, веќе се разбудивме пред пет години, туку да го искористиме нашиот капацитет и нашиот систем на работа за да дадеме јасен глас на светската сцена. Мора да инвестираме повеќе во безбедноста и одбраната, додаде Борел.

На состанокот се разговараше и на настаните во Грузија по парламентарните избори одржани на 26 октомври и за „демократското назадување во земјата“ и последиците од тоа за нејзиниот европскиот пат.

Според Борел, сите сакаат Грузија да се врати на европскиот пат, но за тоа ќе бидат потребни дополнителни напори.

- Ќе испратиме мисија во Грузија. Ќе разговараме за нерегуларностите на изборите, кои ќе треба да се истражат. Владата треба да спроведе решителни промени преку конкретни акции. Грузија не може да напредува во односите со Европската унија без големи промени, рече Борел.

Тој на грузиските граѓани им порача дека ЕУ никогаш нема да ги напушти нив и нивната борба за вредностите на ЕУ и ќе продолжи со поддршка на нивниот „избор во корист на демократијата и европската иднина“.

Министрите за надворешни работи дебатираа и за состојбите во регионот на Рогот на Африка, пред се за Сомалија и можната поддршка од ЕУ за идната Мисија на Африканската унија за поддршка и стабилизација на земјата, како и за настаните во Судан, каде се убиени илјадници луѓе, а милиони раселени. При тоа, министрите се согласија да повикаат на итен прекин на непријателствата.

Советот за надворешни работи продолжува со заседание на ниво на министри за одбрана, на кое главни теми ќе бидат за поддршката на ЕУ за Украина и за одбранбената подготвеност на блокот.

На маргините на заседанието министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и Борел ќе потпишат Договор за безбедносно и одбранбено партнерство меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта - банката на Вучиќ

Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити банката на Вучиќ од истрагата во Србија.

СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта - банката на Вучиќ

Го натера Славески да ги поднесе кривичните пријави против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Александар Саша Димитријевиќ, Андреј Жерновски и Александар Трајановски.

Граѓаните знаат дека Мицкоски сè работи по налог на Вучиќ, како што беше внесувањето на Aлта банка во Македонија, неговата лична пералница на пари. Овој пат го презема неговиот модел на кривични пријави, притисок и заплаашување на опозицијата.

Тоа што Вучиќ го правеше сега Мицкоски го прави против опозицијата во Македонија. Copy-paste. Македонија станува заробена држава.

СДСМ 11 месеци предупредува за Алта и дека не смее да се дозволи.

Мицкоски и Славески внесоа во Македонија забранета банка во Европа, под санкции во Австрија, со забранет влез во Црна Гора и под истрага за потекло на имот.

Банкарот на Вучиќ стана банкар на Мицкоски.

По информациите за истрага во Србија, стечај, одземање на лиценцата и апсење на Давор Мацура, стана јасно каква пералница на пари донесоа.

И што направија? Веднаш ја обвинија СДСМ за ширење паника.

Не ширеше СДСМ паника туку Славески и Мицкоски кои велеа дека се е во ред. Тие се виновни што ја донеса оваа криминална банка во земјава.

Сега прават притисок со кривични пријави, сакаат да не замолчат, по рецепт на Вучиќ. Тоа нема да им успее.

Ајде да видиме дали Обвинителот Савески ќе биде дел од ова и ќе стане соучесник на оваа организирана криминална група.

Вчера на надзорната расправа во Собранието Мицкоски лажеше пред македонската јавност за да се оправда со Aлта банка. Изнесе гнуасни лаги дека СДСМ ја внела Алта банка. Затоа ќе одговара.

Мицкоски, доаѓа крај на твоите лаги. Твоето копирање и служење на твојот шеф Вучиќ знаеш каде води. Сега нема назад.

Вистината веќе се гледа. Доаѓа времето на правдата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико.

Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година,

А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено.

Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата.

Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер