Член на тим на Формула 1 истрча маратон под целосна опрема

Трчањето на маратон, дури и кратката трка, е подвиг што вреди за восхит, што може да го направат само одреден број луѓе. Но, еден успеа да го стори тоа во пилот костум на Ф1.

Членот на Астон Мартин Ф1 тимот успеа токму во тоа. Џорџ Крафорд е софтверски инженер, кој очигледно сака да трча. Имено, тој неодамна успешно го заврши Лондонскиот маратон. Веќе е за пофалба, но она што го направи Џорџ е многу повеќе и се граничи со лудило.

Имено, Џорџ го истрчал целиот маратон во Ф1 тркачкиот костим на Ленс Строл. Костумот вклучува огноотпорна долна облека, чизми за возење, ракавици, па дури и шлем. И тука не станува збор за полесна и повоздушеста реплика, туку за вистинска опрема одобрена од ФИА. Покрај тоа, овој шлем го носел Строл на трките во Белгија, Холандија и Италија.

И сега најдоброто. Крафорд не го истрчал маратонот како турист, што исто така би вредело за почит, туку истрча со време од 3 часа и 58 минути. Доволно за да влезе во Гинисовата книга на рекорди, но и многу поблагородна цел: Крафорд трчал во добротворни цели за да им помогне на здружението Mind, специјализирано за менталното здравје.

Видео-Фото: Ибра како вистински борец

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, асот на Милан Златан Ибрахимовиќ покажа дека и со 40 години е вистински „ѕвер“.

Популарниот Ибра покажа дека со право не само што е мајстор со фудбалската топка дека е мајстор и во боречките вештини.

Шведскиот фудбалер со потекло од Балканот покажа и докажа зошто е носител и на црн појас.

Ибра како вистински ММА борец ја растури боксерската вреќа.

За Златан дефинитивно годините се само бројка.

Заради промоција на спортот, Златан има почесен црн појас во теквондо, кој во 2010 година му го додели олимпискиот шампион Мауро Сармиенто. Повеќе од десет години подоцна, Ибрахимовиќ се уште удира многу силно.

Најпродаваните автомобили во Европа

Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Нарушувањата во производството на нови автомобили поради недостаток на чипови се веќе познати и поради тоа фаворитите во продажба од месец во месец изгледаат поинаку. Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Првото место сега го има одличниот мал „SUV Peugeot 2008“ (18.109 продадени примероци), втор е „Renault Clio“ (14.639), потоа „Dacia Sandero“ (14.034), „Peugeot 208“ (13.978), на петтото место е „Ford Focus“. (12.704)…

Голфот испадна од првите десет - продадени се нешто повеќе од 11.000 возила. Поради недостиг на чипови, фабриката на Фолксваген во Волфсбург, Германија, работи на ниво кое не е забележано од 1958 година, пишува магазинот ХАК.

Санкционирани 78 возачи на автопат Велес – Скопје – Куманово

 На автопатот Велес – Скопје – Куманово при зајакната акциска контрола денеска се санкционирани 78 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 22 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес за побезбедни патишта.

притисни ентер