Читајќи вести не сфати што се случува зад камерите (видео) - Канал 5

Читајќи вести не сфати што се случува зад камерите (видео)

Во еден момент во студиото се појави нејзиното момче, следува неверување и солзи! 

Читајќи вести не сфати што се случува зад камерите (видео)

Иако многумина мислат дека за да се биде телевизиски презентер доволно е да си дотеран, насмеан и да се почне со читање, тоа не е баш така. Оваа работа честопати е далеку понапорна од она што го гледаат гледачите пред ТВ екраните, а концентрацијата и професионалноста се исклучително важни во секоја ситуација.

Оние што работат пред камерите се опкружени со тим од луѓе со точно одредени задачи, каде секој си ја врши својата работа. Но, што се случува кога презентерот ќе се најде во фокусот на вестите?

Камила Орти, репортер на „Линколнс АБЦ 8 Њуз“(Lincoln's ABC 8 News), мислела дека тоа е обичен работен ден во студиото кога таа им ги соопштува вестите на гледачите. Но, во еден момент на екранот се појавува интересен текст, што таа го чита, а во кој се наведува дека тој ден следува големо изненадување за репортерката на Канал 8, бидејќи се појавува нејзиното долгогодишно момче да ја запроси, без да сфати дека се работи токму за неа. Секако, тоа оди во програма.

Додека момчето излегува пред камерата, девојката го гледа со неверување, а потоа тој клекнува пред неа да ја запроси.

- Навистина ме изненади. Едноставно, се случи - вели новинарката во видеото.

Многумина се согласија дека идејата е сосема луда, но и трогателна и дека девојката не можеше да прочита подобра вест од оваа. И додека едни велеа дека репортерката е професионална, други ја потврдуваа својата теза бидејќи отсекогаш мислеле дека новинарите механички ги читаат вестите од екранот, и дека речиси никогаш не знаат за што всушност се работи, што секако не е така во пракса.

Иако девојката во еден момент, додека ја подава раката за нејзиното момче да ѝ го стави прстенот, вели дека ѝ е срам поради тоа, изразот на нејзиното лице и солзите говорат како таа навистина се чувствува во моментот.

@ngazi_14 The natural cry though..every girls dream 🥰🥰🥰 #assilem_14 #filipinagirl #fyp ♬ original sound - NGAZI_14

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода - И никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,  денеска, по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, оствари средба со претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода - И никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот

На денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада му ја донесоа слободата на Скопје. Со огромна храброст и саможртва го отворија патот кон иднината на нашиот град.

- Нивниот подвиг живее во секое слободно утро на Скопје. Во секоја генерација што расте со право да сонува, да создава и гордо да му припаѓа на својот град. Тие се изборија за слободата. Наша должност е да бидеме достојни за неа. Како градоначалник, таа одговорност ја носам со длабока почит и со цврста решителност да градиме Скопје во кое достоинството, солидарноста и заедништвото ќе бидат дел од секојдневниот живот. Град што ќе им го оставиме на идните генерации со гордост, свесни дека сме го дале најдоброто од себе. Нека ни биде вечен заветот на ослободителите. Да го чуваме Скопје, да го градиме и да го сакаме со дела. Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември. Слава на борците за слободно Скопје – истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски им се заблагодари на претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија за посветеноста со која го чуваат споменот на ослободителите и го пренесуваат нивниот завет на новите генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Америка депортирала 483.200 луѓе

Американската служба за имиграција и царина (ICE) депортирала 483.200 луѓе во текот на последната фискална година – што е најголем број во нејзината 23-годишна историја – соопшти денеска Министерството за внатрешна безбедност.

Америка депортирала 483.200 луѓе

Бројот на депортации во фискалната година што заврши на 30 септември е за девет отсто поголем од претходниот рекорд од 442.640, поставен една година претходно, и за 78 отсто поголем отколку во 2024 година – последната година од мандатот на поранешниот американски претседател Џо Бајден – пренесе агенцијата АП.

Администрацијата на Доналд Трамп обезбеди дополнителни средства за персонал, центри за притвор и летови за депортација. Сепак, не беше обелоденето колку од депортираните имале криминално досие, ниту пак беше даден детален преглед на статистичките податоци.

Редовното објавување на податоците за апсењата и депортациите беше прекинато на почетокот на вториот мандат на Трамп.

Марк Р. Розенблум, соработник во Институтот за политика на миграција и поранешен функционер во Министерството за внатрешна безбедност, потврди дека „ICE“ бележи рекорден број апсења, но истакна дека недостигот на детални податоци оневозможува целосно разбирање на активностите на агенцијата.

Според податоците на „Проектот за истражување на депортациите“ (Deportation Research Project), само околу една четвртина од депортираните во јули имале правосилни пресуди за кривични дела, додека повеќе од половината немале ниту покренато обвиненија – и покрај ветувањето на Трамп дека неговата политика ќе биде насочена кон мигрантите кои извршиле кривични дела. Имиграциската политика на Трамп предизвика протести, особено откако претходно оваа година повеќе од 2.000 федерални агенти беа распоредени во Минеаполис.

Двајца американски државјани – Рене Гуд и Алекс Прити, двајцата на 37-годишна возраст – починаа за време на судири со агентите, што ја натера администрацијата да се откаже од операциите што привлекуваа големо внимание во јавноста.

Бројот на депортации останува под целта на Белата куќа од еден милион годишно.

Најголемиот број депортации во историјата на САД е забележан во 1954 година, за време на кампањата на претседателот Двајт Ајзенхауер против илегалните имигранти од Мексико, кога 1,1 милион луѓе беа отстранети од земјата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, како и средбата со ВРЕДИ

Се одржа редовна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Се разговараше за актуелната економско-политичка состојба, енергетските предизвици и активизмот на партиските тела и органи.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, како и средбата со ВРЕДИ

Беше разговарано за случајот со Алта банка, каде се нотираше деструктивното делување на опозицијата во насока на рушење на банката и губење на пари на илјадници граѓани. Антидржавното делување на Венко Филипче е во насока на подривање на системот, ширење на параноја и саботажа на банкарскиот систем. Беше изразено уверување дека институциите работат и дека ќе се најде решение со кое ќе се заштитат интересите на банката.

Претседателот Мицкоски информираше за средбата со раководството на ВРЕДИ. Тој посочи дека на средбата биле дискутирани принципите на коалицијата, идните предизвици во делот на енергетските состојби, а за кадровските решенија дискусијата ќе продолжи во наредниот период.

Воедно, Извршниот комитет донесе одлука за теренска агенда на координаторите од Извршниот комитет за посета на општинските и месните комитети на партијата.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер