Чисто и зелено Водно, голема забавна еколошка акција по повод 20 години Радио Бубамара

Не е време за на улица, време е за во – шума! Да го исчистиме ѓубрето од Водно! - повикуваат од Радио Буба Мара.

Радио Бубамара ќе прослави 20 години постоење со весела еколошка акција која ќе започне од сабота на 25 април, со спонтано масовна посетеност на голем број љубители на природата и добрата музика.

Притоа ќе се организираат собирање и селектирање на пластични шишиња, ќеси и на другиот отпад што се наоѓа околу планинарските патеки на Водно.

За распаѓање на пластичните шишиња и ќесите во природата потребни се повеќе од 500 години и тие имаат негативно влијание врз почвата и развојот на целата вегетација.

Сите граѓани што во наредните две недели ќе го посетат Водно нека земат со себе и ќесичка во која ќе можат да го собираат лесниот пластичен отпад и да го фрлаат во контејнерите што во голем број ќе бидат поставени во подножјето, на повеќе места на врвот и патот на Средно Водно во близина на секоја планинарска патека.

Кон акцијата може да се вклучат и голем број на компании и друштва кој ќе се промовираат за својата активност и преку facebook.

Акцијата не е обврзувачка за сите посетители на планината па затоа еден од слоганите е - Кој може и сака нека собира, а кој не може ,барем нека не фрла ѓубре во природата - изјави првиот човек на Радио Бубамара , Ранко Петровиќ кој ни ја најави оваа акција која ќе биде пропратена и со симболично садење на 40 дрвја и правење цветно паркче од музички ѕвезди од Македонија и Балканот .

На околу 20 пункта ќе бидат поставени контејнери и канти за селектирање на отпадот. Во акцијата ќе може да учествуваат сите граѓани, ќе бидат вклучени Црвениот крст, планинарски и маунтбајк-друштва, здруженија, средни училишта, академици, а поканети се и вработените од Град Скопје, скопските општини, рекреативци и сите граѓани што ја сакаат природата и го знаат значењето на зеленото, чисто и пошумено Водно.

Акцијата ќе почне на 25 април со мал еколошко планинарски концерт со големи музички ѕвезди.

Емери најдобар тренер во Премиер лигата во изборот на „Гол“

Предводникот на Астон вила, Унаи Емери е прогласен за најдобар тренер на сезоната во Премиер лигата.

Порталот „Goal“ направи рејтинг на најдобрите тренери на последното издание на англиското фудбалско првенство, оценувајќи ги со скала од еден до десет.

Емери доби оценка 9, зад него се Пеп Гвардиола од Манчестер сити и Микел Артета од Арсенал кои добија 8.

Јирген Клоп (Ливерпул), Анже Постекоглу (Тотенхем), Андони Ираола (Борнмаут) и Оливер Гласнер (Кристал Палас) добија 7.

На последното место и единствен со оцена 1 е тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг. /МИА

Бензема би сакал да ја напушти Саудиска Арабија, разочаран е од нивото на лигата

Карим Бензема сака да ја напушти Саудиска Арабија. Според Релево, фудбалерот е разочаран од нивото на лигата во земјата, недостатокот на професионализам и инфраструктура.

Сепак, заминувањето на Французинот од Ал-Итихад ќе биде тешко да се направи, бидејќи неговиот скапо платен договор е до 2026 година. Дополнително, заминувањето на Бензема може да се смета за навреда од локалните челници кои вложија значителни средства во играчот.

Се нагласува дека во најдобар случај може да му биде дозволено да се пресели во друг саудиски клуб, подобро опремен и заземајќи повисоко место во поредокот.

Ал-Итихад е петти во првенството.

Францускиот напаѓач се соочуваше со критики за неговите игри во текот на тековната сезона. Тој во моментов закрепнува од истегнување на мускулот на потколеницата, бидејќи веќе пропуштил еден месец.

Во текот на сезоната, 36-годишниот играч одигра 29 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 голови и осум асистенции./МИА

ПЕТ ФАКТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ВИВА SMOOTHIE

Брзото секојдневие често не ни остава простор за избор и приготвување на здрави оброци. Но, затоа можеш да посегнеш по ВИВА Smoothie, овошна енергија која те движи низ денот.

Зошто тимот на ВИВА Smoothie верува дека вкусната и здрава овошна каша треба да ви биде секогаш на дофат на рака? Еве пет факти кои мора да ги знаете за ВИВА Smoothie.

1. ВИВА Smoothie се без додадени шеќери, без вода, без конзерванси и без адитиви.

За ВИВА Smoothie се користи овошје кое е селектирано со строги стандарди за квалитет што ни овозможува да произведеме вкусни и здрави овошни каши. Овошјата – јаболко, праска, капина, вишна, како и сочните домати се одбрани и откупени од најдоброто македонско поднебје, преработени и пасирани во нашата фабрика со најсовремена технологија. Задржувајќи ги сите природни витамини и минерали, ВИВА Smoothie е 100% природна овошна каша, без додадени шеќери, без вода, без конзерванси и без адитиви. Содржината на шеќер е исклучиво од самото овошје, затоа ВИВА Smoothie е вистинскиот избор за здрав и вкусен начин на живот!

2. Практично пакување идеално за секоја прилика.

Практичното пакување на ВИВА Smoothie е дизајнирано да одговара на динамичниот животен стил на модерниот потрошувач. Може да го понесете со себе и да го консумирате, без разлика дали сте на пат, на факултет, во канцеларија, дали спортувате или извршувате секојдневни активности. ВИВА Smoothie e брз To-Go оброк кој нуди максимална практичност и флексибилност, овозможувајќи ви да заштедите од вашето време и да се прилагодите на вашата дневна рутина.

ВИВА Smoothie е идеален избор за сите кои се грижат за своето здравје и здравјето на своето семејство, особено за децата и здравите оброци кои ги носат на училиште.

3. Придобивки од секојдневната консумација на ВИВА Smoothie.

ВИВА Smoothie е богат извор на витамини и минерали кои се клучни за поттикнување на здрав начин на живот. Овошната каша е брз и едноставен начин за внес на овошје секој ден, обезбедувајќи ги потребните нутриенти во секое време и во секој период од годината, за разлика од сезонските овошја кои се достапни само во одредени периоди.

Со ВИВА Smoothie, секогаш добивате производи со ист одличен вкус, без потреба од дополнително време за подготовка на „smoothie“ во кујна. Овој практичен и погоден начин на консумирање овошје ви овозможува да останете здрави и енергични без да го жртвувате вашето време и удобност.

4. 100% природни и уникатни комбинации на вкусови.

Нашиот тим задолжен за развој и иновации на нови производи составен од искусни прехранбени технолози-инженери кои работат во најсовремена хемиска и микробиолошка лабораторија, со поддршка на нашиот посветен маркетинг тим кој работи на длабински и долгорочни истражувања, овозможува континуирано развивање на нови производи и вкусови за потребите на нашите потрошувачи.

5. Три децении посветеност во производство на висококвалитетни производи.

Долгогодишната традиција на ВИВА во производство на висококвалитетни производи е основа на успехот, довербата и лојалноста кај потрошувачите од сите генерации. Компанијата веќе 30 години доследно се придржува кон високите стандарди за врвен квалитет, не отстапувајќи од потрагата да го понуди само најдоброто за своите потрошувачи.

Преку реализацијата на многубројни меѓународни едукации и усовршувања на тимот, како и со континуираното учество на најголемите и најпознати светски саеми од индустријата на пијалаци и храна, како што се „Anuga“ во Германија и „Gulfood“ во Дубаи, компанијата не само што е во тек со најновите случувања, туку и самата креира трендови.

притисни ентер