Разговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!
2Разговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!
3ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпад
Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
1Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
СветЧистка на врвот: Уапсен е уште еден руски генерал поради корупција Уште еден руски воен командант е уапсен денеска во, како што изгледа, продолжување на широката истрага за злоупотреба на моќта во руското воено раководство.Генерал-мајор Валери Муминџанов, заменик командант на Ленинградскиот воен округ, е уапсен под сомнение дека примил поткуп од повеќе од 20 милиони рубљи (201.000 евра), соопшти Рускиот истражен комитет. Муминџанов е деветтиот висок воен лик кој е уапсен под обвинение за измама, поткуп или злоупотреба на власта во последните месеци. Во април беше уапсен Тимур Иванов, заменик министер за одбрана. Апсењата започнаа непосредно пред претседателот Владимир Путин да го отпушти министерот за одбрана Сергеј Шојгу и да го замени со економистот Андреј Белоусов, пишува Асошиетед прес. Аналитичарите сугерираат дека апсењата се знак дека соработниците на Шојгу се отстрануваат од власт и дека најлошата корупција во Министерството за одбрана повеќе нема да се толерира. Муминџанов примал мито од добавувачи кои сакале да обезбедат договор со руското Министерство за одбрана за набавка на воени униформи, вклучително и за војници кои се борат во Украина, тврди Истражниот комитет. Во тоа време Муминџанов бил началник на секторот што набавувал материјали и ресурси за Министерството за одбрана. Договорот за набавка на униформи наводно бил вреден 1,5 милијарди рубљи (15,1 милиони евра). Инспекторите, исто така, истражуваат како Муминџанов и неговото семејство стекнале имот во вредност од повеќе од 120 милиони рубљи (1,2 милиони евра) во регионите Воронеж и Москва. Не се знае дали на Муминџанов веќе му е одреден притвор. Тој е командант на Ленинградскиот воен округ, кој беше реформиран оваа година како дел од поширокиот руски одговор на приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаМицкоски: Денеска во Брисел остварив средба со Герт Јан КопманДенеска во Брисел остварив средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, објави на совјот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Во фокусот на разговорите беа европската перспектива на Македонија, напредокот во реформските процеси и следните чекори во пристапувањето кон Европската Унија. Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните. Продолжуваме со посветена работа, исполнување на реформската агенда, одговорна политика и јасна визија за европска, стабилна и просперитетна Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотСтапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултетиПариската полициска управа, почнувајќи од денес па сè до петок, забрани ненајавени собири и протестни поворки во радиус од 100 метри околу десет средни училишта и пет универзитетски објекти во француската престолнина. Одлуката за забрана, донесена во неделата поради протестите, опфаќа одредени средни училишта во четвртиот, шестиот, осмиот, единаесеттиот, тринаесеттиот и седумнаесеттиот париски округ, пренесува денес BFM. Забраната се однесува и на Техничкиот факултет при Универзитетот Сорбона, кампусот „Пари-Сите“ (Paris Cité), центрите „Рене-Касен“ и „Лурсин“ на Универзитетот Пантеон-Сорбона, како и на дел од Универзитетот Пантеон-Асас. „Забележани се бројни инциденти и блокади во близина на одредени средни училишта и високообразовни институции во Париз и неговата околина, како дел од едно општествено движење чиј обем и насилство не стивнуваат“, изјави шефот на париската полиција, Патрис Фор, образложувајќи ја одлуката. Како што појасни тој, овие инциденти резултирале со „уништување на јавен имот, пожари, сериозно насилство врз припадници на образовната заедница, како и судири со органите на редот“. Тој додаде дека од почетокот на движењето во Париз се приведени 1.548 лица. Шефот на полицијата оцени дека блокадите се предводени „главно од малцинство ученици“, но дека тие ја ограничуваат слободата на движење на сите останати, како и основното право на образование. „Тие го поттикнуваат гневот кај родителите на некои ученици, кои сакаат да се стави крај на блокадите, што доведе до тензии меѓу тие родители и мобилизираните средношколци“, заклучи тој. Во петокот, градоначалниците на осумте париски окрузи побараа од ректоратот да преземе мерки со кои ќе се овозможи обезбедување на влезовите во блокираните средни училишта, како и излезите од тие установи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЗапален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип ЖивојиновиќЏип во сопственост на мегапопуларната пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг, продуцентот и менаџер Филип Живојиновиќ бил запален во текот на ноќта на Бежанијска коса, пред нивниот семеен дом.Драма во текот на ноќта во елитната населба во белград, Бежанијска коса, каде интервенирала полицијата и екипа на итната помош Џип во сопственост на мегапопуларната пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг, продуцентот и менаџер Филип Живојиновиќ бил запален во текот на ноќта на Бежанијска коса, пред нивниот семеен дом. Автомобилот бил паркиран во непосредна близина на куќата на Александра и Филип, а пламените јазици го зафатиле возилото што се наоѓало до џипот. Полициските службеници набргу започнале со истрага и прибирање траги што би можеле да помогнат во расветлувањето на сите околности на овој инцидент. Сега влезот во семејниот дом на Прија и Филип е обезбеден од припадници на полицијата, а ролетните на прозорците од куќата се спуштени. Засега сè уште нема официјални информации за тоа како се случил инцидентот.Тагови: Александра Пријовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook