Чистачите на чевли во САД се надеваат дека нивниот занает нема да исчезне - Канал 5

Чистачите на чевли во САД се надеваат дека нивниот занает нема да исчезне

Чистењето чевли на јавни места има долга историја во САД - уште во 1860-тите, новинарот и писател Хорејшо Алџер го прослави американскиот сон за успех „од партали до богатство“ со својата книга „Парталавиот Дик“...

Чистачите на чевли во САД се надеваат дека нивниот занает нема да исчезне

Патниците на големата железничка станица „Пен стејшн“ во Њујорк, имаа(т) обичај да седнат на столче за чистење чевли, да се одморат и да го разлистаат својот весник додека чистачите чучнати пред нив посветено, вешто и професионално им ги полираат обувките до совршенство. Таа традиција денес е речиси исчезната во САД. Корона-пандемијата, работата на далечина и популарноста на полежерните „спортски чевли“ коишто не се од кожа - се само дел од современите причини за тоа.

Службата за статистика во САД последен пат го наведе чистењето чевли како занает во 2007 година, кога биле избројани само 30 вакви места. И поширокиот пазар за услуги, на пр. за поправка на чевли, е намален за 23 отсто од 2013. до 2023 година, покажуваат податоците на статистичкиот институт „Нилсен“.

Нисан Кајмов сѐ уште има своја „тезга“ на „Пен стејшн“. Тој, како што рече, пред пандемијата полирал од 80 до 100 чифта чевли дневно, а сега, од вторник до четврток има 30 - 50 муштерии, а во понеделник и петок уште помалку. Тој смета дека масовната работа од дома е главната причина за тоа.

- Сè додека луѓето не се вратат на работа, проблемот нема да се реши. Муштериите се вработени луѓе кои секојдневно патуваат во Њујорк... На крајот сѐ тоа ќе се врати во нормала, се надевам, но никогаш не се знае!, рече Кајмов.

Луѓето, велат, доаѓаат пред сѐ заради посјајни чевли, но и за малку разговор и опуштање пред или по работниот ден. Овој занает се прослави ширум светот преку филмовите. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бен Афлек ги обожава сите свои поранешни партнерки, но не престанува да зборува за овие две

Мегапопуларниот актер Бен Афлек, иако официјално е разведен, сè уште го привлекува вниманието на јавноста поради своите поранешни партнерки и пријателскиот однос што го одржува со Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер.

Бен Афлек ги обожава сите свои поранешни партнерки, но не престанува да зборува за овие две

Афлек игра главна улога во филмот „Animals“, кој воедно и го режираше за „Нетфликс“, па деновиве е на голема промотивна турнеја. Во интервју за „Варајети“ (Variety), тој беше прашан што мисли за актерскиот талент на Џенифер Лопез.

Тој беше продуцент на нејзиниот филм од 2025 година, „Kiss of the Spider Woman“, за кој многумина сметаа дека таа заслужила номинација за „Оскар“.

Истото мислење преовладуваше и по нејзината улога во филмот „Hustlers“, пренесува „Hola“. Џенифер не доби номинација за ниту еден од тие филмови, а кога го прашаа зошто смета дека нејзиниот талент често се занемарува, Бен призна дека е „пристрасен“.

„Имам голема почит и ценење за она што таа го прави. Она што го имам забележано кога станува збор за наградите е дека комерцијалниот успех на некое остварување не секогаш се совпаѓа со мојот вкус“, рече тој.

Претходно во истото интервју, тој ја спомна не само Лопез, туку и својата прва поранешна сопруга, Џенифер Гарнер, па така нивните имиња ретко се спомнуваа заедно во истиот разговор.

Кога го прашаа за ѕвездите, нивната моќ за градење бренд, како и за секторот за содржини и рекламирање на неговата компанија „Artists Equity“, Бен ги пофали двете поранешни сопруги.

„Уметниците треба да заработуваат пари. Ова е особено очигледно во музичката индустрија. Од луѓето се очекува, било премолчено или сосема отворено, да заработуваат пари и на други начини“, рече актерот.

„Денес имате и свој идентитет на социјалните мрежи. Работите на негово градење. Гледав како Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер брилијантно го развиваат своето присуство во тие простори и создаваат вредност“, рече тој и призна дека не верувал оти и самиот некогаш би можел да го направи истото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер