ВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи и инвестиции обезбедува долгорочна енергетска стабилност за Македонија
2ВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи и инвестиции обезбедува долгорочна енергетска стабилност за Македонија
3Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
2 Омилен, но потценет летен деликатес: Пченката го поддржува здравјето на очите, го регулира варењето и го штити срцето
3 Основачот на OpenAI: „Поради вештачката интелигенција ќе се работи уште повеќе, но потајно ќе бидеме посреќни“
АвтомобилизамЧини милиони, па сепак често ја кршат- уште една Зонда заврши на отпад (ФОТО)Поранешниот автомобил на Луис Хамилтон имаше трета сообраќајна несреќа. И најсериозна.Добрата вест е што сопственикот преживеал без сериозни повреди. Последиците нема да ги кажеме затоа што сигурно е свесен што направил. А како повик за будење ќе има сметка за поправка, која ќе биде многу блиску до цената на новиот суперспортски автомобил. Но, не и Zonda, еден од најатрактивните хипер спортски автомобили. Според достапните информации, сообраќајната несреќа се случила во тунелот Пенменбах во Северен Велс откако возачот изгубил контрола над автомобилот. Задниот крај удрил во страничниот ѕид и продолжил да отскокнува додека конечно не запре. Каросеријата и шасијата се сериозно оштетени, но добрата вест е што моторот AMG е недопрен. View this post on Instagram A post shared by Pagani Zonda Registry (@thezondaregistry) Да потсетиме, станува збор за Pagani Zonda 760 LH, специјална верзија на моделот 760 која е произведена во десет примероци. Седумкратниот шампион во Ф1 ја купил Зонда во 2014 година, кога за неа плати околу 1,5 милиони фунти. Сепак, иако е еден од најдобрите хипер спортски автомобили, Хамилтон не го користел многу болидот Пагани. View this post on Instagram A post shared by Ethan Gale (@ethang.supercarphotographer) Хамилтон го нарече автомобилот „ужасен за возење“, но и „најдобар звучен автомобил“ во неговата колекција. Тој имал и мала сообраќајна несреќа со него во 2015 година. Наводно во моментот на продажба пред две години автомобилот имал помалку од 1000 км. 760 LH е придвижуван од 7,3-литарски атмосферски AMG мотор. V12 произведува 760 КС и 780 Nm со совршен звук, а овој е опремен со шестстепен мануелен менувач.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: САД и Иран имаат „многу добри разговори“Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација имала „многу добри разговори“ со Иран за време на вчерашните целодневните преговори, поттикнувајќи ги очекувањата за крај на петмесечниот конфликт.Утринава цените на нафтата паднаа, со надеж дека наскоро би можел да се постигне договор за обновување на сообраќајот низ блокираниот Ормутски теснец. „Тие имаа целодневни преговори“, изјави Трамп за емисијата „ Night“ на Фокс њуз. Ормутскиот теснец „ќе биде отворен многу наскоро“, додаде Трамп. „Ако повторно се повлечат, ќе бидат силно погодени“. Трамп честопати се закануваше со масовни напади доколку Техеран не постигне договор, а потоа се повикуваше на напредок во разговорите кои досега не успеаја да ги прекинат непријателствата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалУЕФА го укинува правилото што со години ги збунуваше навивачитеЕвропската фудбалска унија (УЕФА) воведе две важни измени во правилата за своите клупски натпреварувања. Веста се однесува на системот на суспензии поради жолти картони, но и на прикажувањето на времето на стадионите за време на натпреварите. Двете измени стапуваат на сила веднаш и ќе важат за сите три клупски натпреварувања на УЕФА – Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига. Една од најважните промени се однесува на акумулираните жолти картони. Според новите правила, играчот ќе добие суспензија од еден натпревар дури по четвртиот жолт картон, наместо по третиот, како што беше случај досега. Оваа промена им овозможува на играчите да одиграат повеќе натпревари пред да бидат принудени да паузираат поради акумулирани јавни опомени. Уште една промена ќе биде веднаш забележлива на стадионите. УЕФА ја укина долгогодишната забрана според која официјалните семафори не смееја да го прикажуваат времето по 45-тата и 90-тата минута од натпреварот. Тоа значи дека отсега часовникот на стадионот ќе продолжи да го мери времето и за време на судиското надополнување – практика што веќе постои во некои национални првенства, вклучително и во Премиер лигата. На тој начин, навивачите на трибините ќе имаат подобар преглед за тоа колку време преостанува до крајот на натпреварот за време на судиското надополнување.Тагови: УЕФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи и инвестиции обезбедува долгорочна енергетска стабилност за МакедонијаВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години покажа дека енергетската политика бара визија, одговорност и долгорочни решенија. Наместо краткорочни мерки, се реализираат проекти и реформи кои ја зацврстуваат енергетската стабилност и ја намалуваат зависноста на државата од надворешни влијанија. Еден од најзначајните резултати е повторното активирање на продуктоводот Солун-Скопје по пауза од 13 години. Со неговото ставање во функција се обезбедува посигурен транспорт на нафтени деривати, се зголемува стабилноста во снабдувањето и се зајакнува енергетската безбедност на државата. Во исто време, Владата инвестира во создавање нови енергетски врски со соседните земји. Изградбата на гасната интерконекција со Грција е во напредна фаза, а се преземаат интензивни активности и за интерконекцијата со Србија. Овие проекти ќе овозможат диверзификација на изворите за природен гас, поголема сигурност во снабдувањето и поконкурентен енергетски пазар. Покрај капиталните инвестиции, се реализира и процес на модернизација на пазарот на електрична енергија. Преку функционирањето на Интрадеј пазарот и приклучувањето кон европските механизми за тргување, Македонија се интегрира во современиот европски енергетски систем, што носи поголема ефикасност, транспарентност и нови можности за домашната економија. Дополнително се спроведуваат законски и регулаторни реформи со кои домашното законодавство се усогласува со европските правила. Новите стандарди за квалитет на течните горива, мерките за управување со ризици во снабдувањето со гас и зајакнувањето на стратешките резерви придонесуваат за создавање постабилен и поотпорен енергетски систем. Грижата за граѓаните останува составен дел од овие политики. За првпат е воспоставен систем за мерење на енергетската сиромаштија, доделени се над 4.000 ваучери за инвертер-клима уреди, а обезбедена е и директна финансиска поддршка во износ од речиси 149 милиони денари за ранливите категории граѓани. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инвестира во проекти кои ја прават Македонија енергетски посилна, посигурна и поконкурентна. Со јасна стратегија, современи реформи и капитални инвестиции се создаваат услови за стабилен економски развој, нови инвестиции и подобар животен стандард за сите граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook