3ЛиДеМ и Форум на жени на ЛДП: Откако им кажа на првачињата родителите да им се сексаат, сега слуша попови за сексуалното здравје! Има ли крај лудилово?
Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска
1Од 2 до 8 септември, се пријавени два нови случаи на заболени и двајца починати од западно-нилска треска
3Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
НБАЧикаго го продолжи договорот со тренерот ДонованНБА-лигашот Чикаго го продолжи договорот со тренерот Били Донован. Сепак, клубот не го откри рокот на договорот или финансиските услови.Шеесетгодишниот Донован работи за Чикаго од 2020 година. Тој исто така ги тренираше Оклахома и Флорида во НБА. Во сезоната 2024/25, Чикаго го освои деветтото место во Источната конференција во основниот дел. „Биковите“ не успеаја да се пласираат во плејофот, бидејќи во плејинот загубија од Мајами со 109:90. Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: 58 случаи на западнонилска треска и прв во Свети Николе, 8 починати, хаосот продолжуваВо Македонија веќе се регистрирани 58 случаи на западнонилска треска, прв случај има во Свети Николе.Бројот на заболени расте, а бројот на починати достигна осум. Не се ова само статистички бројки – ова се човечки животи. Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената криза од западнонилска треска. СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните. Владата нема капацитет навремено да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира откако кризата ќе ескалира. Истиот модел на задоцнета реакција, институционален хаос и молк го гледаме и со здравствената криза во Гостивар. Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата. Прво се молчи, потоа институциите задоцнуваат, а на крај граѓаните ги плаќаат последиците. Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без целосен извештај за водата во Гостивар. Две здравствени кризи, ист модел на однесување – задоцнета реакција, недоволна превенција, институционален хаос, молк и никаква одговорност. Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајмалку пет лица загинале, а 80 се водат како исчезнати откако избувнал пожар на траект (ВИДЕО)Најмалку пет лица загинале, а 80 се водат како исчезнати откако избувнал пожар на патнички траект во близина на брег на Филипините.Портпаролката на филипинската крајбрежна стража, соопшти дека во спасувачките акции што се уште траат досега од бродот се извлечени 42 лица. Траектот синоќа пловел од главниот град Манила кон Корон, кога ненадејно се запалил на околу два километри од брегот. Засега не е позната причината за пожарот. На траектот имало 134 лица. Властите започнаа истрага за причината за пожарот, како и за евентуално прекршување на безбедносните прописи, вклучително и дали траектот бил преоптоварен и дали на сите патници им биле обезбедени спасувачки елеци. PHILIPPINES FERRY FIRE LEAVES 5 DEAD, 87 MISSING At least five people died and 87 were reported missing after passenger ferry MV June Aster caught fire near Coron, Palawan. So far, 42 people have been rescued. A total of 134 people were onboard. pic.twitter.com/uLtsHnxCCP — Subodh Kumar (@kumarsubodh_) September 10, 2026 Тагови: пожар траект Филипините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаЛиДеМ и Форум на жени на ЛДП: Откако им кажа на првачињата родителите да им се сексаат, сега слуша попови за сексуалното здравје! Има ли крај лудилово?Министерката Весна Јаневска го изгуби целосно компасот на почетокот на учебната година и сега го доведе Министерството за образование до степен на целосен средновековен опскурантизам. Откако пред само неколку дена ја шокираше јавноста со бизарна изјава во која им порачуваше на шестгодишни деца нивните родители да прават деца т.е. братчиња и сестричиња, сега доживеавме нов институционален срам: наставната програма за Сеопфатно сексуално образование (ССО) за средношколци се повлекува одлучно и експресно, само затоа што еден владика ѝ напишал отворено писмо! „Иако министерката самата јавно призна дека „не е стручна“, наместо да ги слуша експертите, медицината, УНИЦЕФ, ИНТЕРПОЛ и Светската здравствена организација, таа одлучи здравствената едукација на младите да ја диктираат црковни догми“, изјави Тамара Гарческа од Либерално-демократската младина (ЛиДем). Таа ги постави следните прашања од ЛиДеМ и ФЖ на ЛДП: Дали беше стручна кога препорачуваше кога промовираше зголемена сексуална и репродуктивна активност на родителите? Дали министерката навистина мисли дека со повлекувањето на образованието од училиштата ќе ги исчезне ризиците на кои средношколците се изложени секој ден? Дали знае министерката за случајот од оваа недела за 15-годишната средношколка од Македонија сексуално малтретирана на летот Скопје-Загреб? Дали знае во кој век живееме и каде тера? Податоците на домашните и меѓународните истражувања покажуваат сурова реалност што МОН свесно избира да ја игнорира: над 12.000 деца во Македонија се изложени на онлајн сексуална експлоатација, уцени, малтретирање и споделување интимни фотографии без нивна согласност. Во земја каде што малолетничките бремености се трипати повисоки од просекот во ЕУ и каде што се регистрираат сѐ поголем број нови случаи на ХИВ, повлекувањето на ССО не ги отстранува насилниците, ниту социјалните мрежи како ТикТок и Снепчет. Тоа само им го одзема на младите единственото оружје — знаењето како да се заштитат, како да препознаат злоупотреба, да постават граници и да кажат „НЕ“. ЛиДеМ и Форумот на жени на ЛДП порачуваат дека образованието не смее да се води од страв, верски притисоци и политички кукавичлук. “Запрете го лудилото и оставете ги младите да се едуцираат врз основа на наука, превенција и факти, а не од темните агли на интернетот и догматски сфаќања!“ порачува Тамара Гарческа од младите на ЛДП. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11