Чибишев: На Токсикологија се седум пациенти и сите се стабилни - Канал 5

Чибишев: На Токсикологија се седум пациенти и сите се стабилни

Се следи состојбата на сите хоспитализирани во сите болници.

Чибишев: На Токсикологија се седум пациенти и сите се стабилни

На Клиниката за токсикологија досега проциркулирале 20 пациенти кои вдишале отровни гасови при стравичниот пожар во дискотеката во Кочани што се случи во неделата во раните утрински часови. Од нив 13 заради влошување на состојбата или заради потреба од механичка вентилација биле префрлени на други клиники, претежно на Клиниката за интензивно лекување, односно на КАРИЛ, а некои се транспортирани надвор од државата. На Токсикологија во моментов се хоспитализирани седум пациент, а сите овие 20 пациенти вклучувајќи ги и тие на КАРИЛ и во странство се во добра општа состојба, и се стабилни, информира на денешната прес-конференција директорот на Клиниката за токсиколоција д-р Андон Чибишев.

-Кај нас во моментов се хоспитализирани седум пациенти кои имаат воглавно инхалирано голема количина на отровни гасови затоа што биле внатре во дискотеката додека таа горела. Немаат термички или механички повреди. Добра вест е што се сите стабилни без клинички манифестации. Меѓутоа ние не сме задоволни до крај од лабораториските, токсколошките наоди и од наодот на метаболната состојба на пациентите. Тие ќе бидат задржани до понеделник. Дотогаш ќе бидат собрани сите наоди од иследувањата што ги правевме во претходните денови и ќе донесеме заклучок што понатму. Секако дека и откога ќе ги испишеме тие пацинети ќе останат извесен период под наша контрола, затоа што труењето со отровни гасови може да дадат доцни компликации, вели Чибишев.

Најмладиот пациент кај нив е на возраст од 19 години, а највозрасниот има 38 години. Сите пациенти што се хоспитализирани во медицинските установи во државата се следат конзилијарно од доктори од Клиниката за токсикологија. Се очекува еден пациент кој во моментов е згрижен на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ да биде префрлен на Токсикологија, со што бројката на хоспитализирани на Клиниката за токсикологија ќе изнесува осум.

На прашањето дали овие пациенти кои инхалирале отровни гасови при пожарот во дискотеката може да имаат трајни пследици, директорот на клиниката појасни дека при пожарот горела пластика, текстил, сунѓер при што биле ослободени повеќе видови штетни гасови меѓу кои јаглероден моноксид, јаглероден диоксид и цијанводород кои може да предизвикаат сериозни нарушувања на здравјето практично на целиот организам.

-Многу е битно колалава концентрација имало во моментот кога индивидуата престојува во загадената стредина и колку временски е долга изложеноста на тие гасови. Ние отприлика знаеме колку верме биле изложени нашите пациненти, но не ја знаеме концентрацијата. Досега сите иследувања што ги направивме кои иницијално се прават по протокол во вакви ситуации се или негативни или задоволителни. Мештутоа лабораториските и токсиколошките анализи кои што ги добиваме секојдневно, се уште не се во рамките на рефернтни вредности. Како терцијарна институција, ние не смееме да си дозволиме со нерефернтни вредности да ги пуштиме дома. Ќе ги задржиме до понеделник и потоа имаме направено план да ги контролираме подолг временски период, наведе Чибишев.

Тој потенцира дека вакви токсиколошки и биолошки анализи се направени веднаш кај сите пациенти пред приемот, за да се добијат што побрзо сознанија за колкав степен на труење станува збор.

-На сите веднаш се земени, бидете убедени во тоа. По протокол материјал за токсиколошки и за биолошки анализи се зема веднаш практично пред приемот пред да се хоспитачлизира или опсервира пациентот, оти не знаеме како понатаму ќе се одвива состојбата... Овие резултатите покажуваат дека сите биле изложени на зголемена концентрација на јаглероден моноксид. Значи кај сите имаме детектирана покачена концентрација и на карбоксихемоглобин. Тоа е еден спој од хемоглобинот и јаглеродниот моноксид кој се создава кога се внесува голема концентрација на јаглероден моноксид и бидејќи има 270 пати поголем афинитет кон хемоглобинот од кислородот, го зазема неговото место, а бидејќи хемоглобониот е физиолошки пренесувач на кислородот, настанува блокада на дишењето, односно на размена на гасови и настанува тежок недостиг на кислород во сите ткива на организмот, и последиците што настануваат се поради тоа, вели Чибишев.

Според него, среќа е што повредените брзо се донесени, и многу брзо, стручно и енергично е реагирано.

-Сите бевме вклучени практично целата клиника веднаш се посветивме на пацинентите и јас сум среќен што досега немаме загуба на човечки живот ни посериозни компликации заради таа хипоксија што настанува што може да биде трагична кога го зафаќа мозокот, потенцира директорот на Токсикологија.

Во однос на пациентот кој треба да биде префлен кај нив денеска од старата градска болница, тој кажа дека според неговите сознанија пациентот имал тегоби кои укажуваат на тоа дека има вдишано поголема концентрација на отровни гасови, а сите други повреди - термички и механички се санирани. Во договор со колегите од Хируршката болница, утврдено е дека нема потреба таму да лежи, а ќе биде задржан на Токсикологија уште неколку дена заради дополнителни анализи и натамошно следење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка од пеколот: Тримесечното синче било пронајдено мртво со кокаин во организмот, ја осудија на две години

Триесет и шестгодишна жена е осудена за смртта на нејзиното тримесечно бебе во 2022 година, кое починало откако било пронајдено во несвест со кокаин во неговиот организам.

Мајка од пеколот: Тримесечното синче било пронајдено мртво со кокаин во организмот, ја осудија на две години

Бебето, Алистер фон Ли, било прогласено за мртво во болница во Ланкашир, Велика Британија, на 9 август 2022 година, неколку часа откако беше оставено без надзор во автомобил подолг временски период во еден жежок летен ден.

Неговата мајка, 36-годишната Џоана Ли, се изјасни за виновна за злоупотреба на деца, соопшти полицијата во Ланкашир во вторник, 24 ноември, објави списанието „Пипл“.

Истрагата откри ужасно злоставување на кое Ли го подложил детето во деновите пред неговата смрт.

На 8 август 2022 година, Ли нацртала превртен крст со крв на челото на Алистер, а потоа направила фотографии и видеа што потоа им ги испратила на пријателите, соопшти полицијата во Ланкашир.

Полицијата соопшти дека таа се „однесувала неправилно“ тој ден, вклучително и возење со дупната гума и под дејство на кокаин додека Алистер бил во автомобилот.

Го оставила детето само во возилото подолг временски период на жежок летен ден, додека тој бил гладен и плачел, соопшти полицијата.

Рано наутро на 9 август, полицајците пристигнале во домот на Ли по пријава дека Алистер не дише. Ја пронашле Џоан Ли, нејзината мајка, како му дава кардиопулмонална реанимација на детето.

Полицијата дознала дека Ли ја повикала нејзината мајка на Фејсбук и ѝ рекла: „Мамо, Алистер е мртов“.

Детето било прогласено за мртво во болницата околу еден час подоцна.

Властите, исто така, пронашле кокаин во системот на Алистер, за кој веруваат дека бил внесен преку мајчиното млеко. Полицијата вели дека Ли лажела за време на сослушувањето, тврдејќи дека нејзиното млеко можеби било извалкано со нешто и се обидела да обвини пријател.

Полицијата во Ланкашир во вторникот соопшти дека Ли може да биде обвинета само за злоупотреба на деца бидејќи причината за смртта на Алистер не може да се утврди.

Таа е осудена на две години затвор.

„Ова беше длабоко вознемирувачки случај кој за жал доведе до тоа Алистер да го изгуби животот на само три месеци“, изјави детективот полицаец Кон Кили Пауел од полицијата во Ланкашир, додавајќи дека Ли покажала малку каење за своите постапки.

„Ќе продолжиме напорно да работиме со нашите партнери за да ги заштитиме децата како малиот Алистер од злоупотреба, да ги едуцираме и поддржуваме родителите, но пред сè да ги заштитиме децата, да бидеме нивниот глас и да спречиме повторно да се случат овие трагични инциденти“, рече Пауел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мистериозни луѓе- кртови се снимени во Њујорк, петмина излегуваат од канализација (ВИДЕО)

Пет лица биле забележани како излегуваат од канализација на Менхетен во раните утрински часови, што е најновиот во низата мистериозни случаи на таканаречени кртови, соопшти полицијата.

Мистериозни луѓе- кртови се снимени во Њујорк, петмина излегуваат од канализација (ВИДЕО)

Група неидентификувани лица биле забележани како излегуваат од канализација во близина на Втората авенија и Источната 17-та улица околу 5 часот наутро во среда.

Досега нема апсења

Објавените фотографии ги прикажуваат необичните „истражувачи“ со фенерчиња, лопати и работни ракавици кратко откако излегле.

Властите велат дека се верува дека една жена и четворица мажи излегле од канализацијата. Потоа петмината влегле во црвена лимузина, управувана од друга жена, пред да исчезнат.

Сè уште нема апсења, а инцидентот е под истрага, објавува „Њујорк пост“.

Случајот е најновиот во низата сомнителни влегувања во канализацискиот систем на Њујорк во последните месеци, што покренува прашања за мистериозните групи на таканаречени кртови кои го истражуваат подземјето на градот.

„Барале вредни предмети“

Полицијата соопшти дека друга група урбани истражувачи биле забележани како излегуваат од канализациска шахта на Ист Сајд на Менхетен во раните утрински часови на 6 октомври. Не беше веднаш јасно зошто се впуштиле во таква експедиција.

Меѓутоа, во септември, две лица беа уапсени откако беа откриени како истражуваат канализации во истиот дел од градот.

Нивната авантура ги однесе до простор под хотелот каде што престојуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на Генералното собрание на Обединетите нации, соопшти полицијата и извори запознаени со случајот.

Еден од двајцата обвинети, венецуелски државјанин, им кажал на властите дека влегол во канализацијата „барајќи вредни предмети што биле заглавени во одводите“. Сепак, експертите предупредуваат дека е малку веројатно златото, среброто и другите вредни предмети всушност да можат да се најдат во подземните канализациски системи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисирка не сака да стане вечера за Денот на благодарноста- и полицијата ја брка по автопат (ВИДЕО)

Дива мисирка предизвика брканица на Гарден Стејт Парквеј во американската држава Њу Џерси кога почна да бега од полициско возило, движејќи се меѓу сообраќајните ленти во пресрет на Денот на благодарноста.

Мисирка не сака да стане вечера за Денот на благодарноста- и полицијата ја брка по автопат (ВИДЕО)

Инцидентот се случил во среда, еден ден пред американскиот празник Денот на благодарноста, а полицијата на државата Њу Џерси објави видео од брканицата на социјалната мрежа X.

Безбедно го напуштила патот

Видеото ја прикажува мисирката како трча по автопатот со четири ленти, додека полициско возило ја следи со вклучена сирена. Во еден момент, птицата дури се обидела да лета во средината на патот.

„Вчера, мисирка одлучила дека не сака да заврши како главно јадење и повела полицаец во необична брканица по Гарден Стејт Парквеј“, соопшти полицијата.

На крајот од видеото, кое трае 22 секунди, птицата може да се види како се оддалечува кон тревна површина покрај патот.

Полицијата соопшти дека мисирката успеала безбедно да го напушти патот и да го избегне сообраќајот, но и да избегне да заврши на празничната трпеза.

Средби со диви мисирки

Ова не е прв пат дива мисирка да биде во центарот на вниманието на патиштата во Њу Џерси.

Во 2009 година, властите речиси се откажаа од обидот да фатат дива мисирка која се населила на крстосницата 14Б на автопатот Њу Џерси.

Вработените во патарината ја нарекоа Тами, а службениците на државната служба за рибарство и див свет на крајот успеаја да ја фатат со мрежа, објави ABC.

Слични средби со диви мисирки се случиле и во други американски држави.

Полицијата на државата Висконсин соопшти дека мисирка во Гранд Шут не покажала страв од полицајците и ги сфатила обидите на полицајците да ја избркаат од патот како предизвик.

Откако полицаецот се обидел да ја тргне со маневрирање со своето службено возило, птицата почнала да ја клука гумата на неговиот автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер