Четвртото Балканско сениорско првенство во одбојка на песок од 25 до 27 јули - Канал 5

Четвртото Балканско сениорско првенство во одбојка на песок од 25 до 27 јули

Четвртото Балканско сениорско првенство во одбојка на песок, во машка и женска конкуренција „Скопје 2013“ од 25 до 27 јули ќе се одржи на Градската плажа „Парк“. Натпреварите ќе се одржуваат од 10 до 13 и од 17 до 22 часот, на двете игралиша за песок, а дополнително ќе има уште едно помошно одбојкарско игралиште.

Четвртото Балканско сениорско првенство во одбојка на песок од 25 до 27 јули
Организатор е Одбојкарската федерација на Македонија, а покровител е Град Скопје. Овој турнир ќе биде во знакот на сеќавање на 50-години од скопскиот земјотрес.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски на денешната прес-конференција рече дека ова ќе биде можност да се видат најдобрите балкански натпреварувачи во одбојка на песок и ги повика скопјани да присуствуваат на натпреварите.

- Во историјата на балканската одбојкарска асоцијација ова ќе биде најмногубројно посетен официјален балкански шампионат во сениорска категорија. Досега има меѓу 14 и 15 пара машки и 13 пара женски учесници. Ќе учествуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Турција, рече Зоран Карановиќ, генерален секретар на Одбојкарската федерација на Македонија.

Од Македонија ќе настапат Јовица Симовски и Филип Деспотовски, Александар Милков и Влатко Трајчевски, а од жените Власта Ружиновска и Сандра Георгиевска, а во текот на денот ќе се добие и вториот пар. Според него, фаворити се Бугарија, Србија и Турција.

Оваа година, како што рече, првпат сме влезени во календарот на Балканска и на Европска одбојкарска конфедерација. Од овој турнир првите натпреварувачи ќе земаат и бодови за понатамошно рангирање годишно на табелата на Европска одбојкарска конфедерација.

Учесниците ќе пристигнат на 24 јули и ќе бидат сместени во хотел „Континентал“. Првпат годинава има награден фонд, 3.500 евра делба за првите три места во машка категорија и 3.500 евра во женска категорија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„6 години Лајка – Не славиме бројка, славиме промена"

ЈП „Лајка" – Скопје оваа година одбележува шест години од своето постоење, а по тој повод, во сабота, 17 октомври 2026 година, од 12:00 до 15:00 часот, во Мамбо – Авионче, организира роденденски настан под мотото: „6 години Лајка – Не славиме бројка,

„6 години Лајка – Не славиме бројка, славиме промена"

Настанот има за цел да ги истакне резултатите од шестгодишната работа на претпријатието, но и да ја отвори пошироката тема за одговорноста на поединците и заедницата во справувањето со проблемот со бездомните кучиња.

Во рамки на програмата, која официјално започнува во 12:30 часот, ќе бидат реализирани неколку активности:

„Десет кучиња. Десет погрешни човечки одлуки." – претставување на десет кучиња од прифатилиштето, преку чии индивидуални приказни ќе се укаже на последиците од напуштањето, неодговорното сопствеништво и негрижата за животните.

Ревија на вдомени кучиња – настан на кој вдомените миленици ќе бидат претставени преку нивните животни приказни, наместо според изгледот, расата или потеклото. За учесниците се обезбедени признанија и награди со поддршка од нашите спонзори.

Креативна работилница со Luna Pet Shop – интерактивни активности во кои децата и нивните миленици ќе имаат можност за заедничко творење и дружење.

Изложба на детски цртежи – учениците од ООУ „Блаже Конески" и ООУ „Кузман Јосифовски – Питу" преку своите цртежи ги претставија кучињата од Лајка, испраќајќи порака за одговорно сопствеништво и ветување дека никогаш нема да ги напуштат своите миленици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шишарки

Во петок (09.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Соња Манасиевска Коневска

„Гответе со Дракче“ - Шишарки

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. корнфлекс од какао

250 гр. маргарин

200 гр. чоколадо за готвење

150 гр. шеќер во прав

150 гр. сусам

150 гр. сецкани ореви

8 големи лажици мед

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен 27-годишен гостиварец, со мотор возел 188 километри на час каде што е дозволено 80

Мобилната единица при МВР со полициски пресретнувач откри мотоциклист кој возел со 188 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово, лишен од слобода 27-годишник од Гостивар.

Приведен 27-годишен гостиварец, со мотор возел 188 километри на час каде што е дозволено 80

-Случајот се случил вчера попладне во 16:20 часот, кога полициските службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи регистрирале мотор од марката „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки. На делница каде што ограничувањето на брзината е строго поставено на 80 километри на час, пресретнувачот измерил движење од дури 188 километри на час, што претставува повеќе од двојно над дозволеното ниво.

Возачот В.Б.(27)од Гостивар е лишен од слобода поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се сите соодветни мерки и против него ќе следува соодветна постапка согласно закон.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со специјалните полициски возила – пресретнувачи на територијата на целата држава, со цел откривање и санкционирање на несовесните возачи, зголемување на безбедноста на патиштата и заштита на сите учесници во сообраќајот.

Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по имотот, здравјето и животот.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер