1Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
Други спортовиЧетврто злато за Дуплантис со нов рекорд на светски првенстваШвеѓанецот Арманд Дуплантис ја освои титулата во скок со стап на Светското првенство во атлетика во сала кое се одржува во полскиот град Торун.Дуплантис, кој минатата недела го собори светскиот рекорд по 15 пат во својата брилијантна кариера, не им остави никаква шанса на своите конкуренти и по четврти пат го освои златниот медал, прескокнувајќи ја летвичката на височина од 6,25 метри, што е нов рекорд на светски атлетски првенства во сала. Грчкиот атлетичар Емануел Каралис го освои среброто (6,05 метри), а Австралиецот Куртис Маршал се закити со бронзениот медал (6,00 метри).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваСкопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“Над 2.900 танчери пристигнуваат во Скопје – од 21 до 29 септември Т-Арена во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на еден од најголемите танцови настани во ЕвропаСо прес-конференција и атрактивен танцов спектакл во срцето на градот, вчера официјално беше најавено IDO European Dance Championship 2026 – Skopje, кое од 21 до 29 септември ќе се одржува во Т-Арена, во рамките на СЦ „Борис Трајковски“. Европското првенство во Скопје ќе собере повеќе од 2.900 танчери од повеќе европски земји, кои во текот на девет натпреварувачки дена ќе настапуваат во повеќе танцови дисциплини и категории. Заедно со натпреварувачите, во Скопје ќе пристигнат и нивните тренери, претставници на танцови федерации, семејства и поддржувачи. На вчерашната прес-конференција, деталите за организацијата, програмата и значењето на првенството ги претставија Трајче Петковски, организатор на настанот, и Данијел Апостоловски, директор на СЦ „Борис Трајковски“. Беше истакнато дека организацијата на настан од ваков меѓународен ранг претставува значаен спортски и културен момент за Скопје, но истовремено придонесува и за туристичката и економската активност во градот. Илјадниците учесници и гости кои ќе престојуваат во Скопје во текот на првенството дополнително ќе придонесат градот да живее во знакот на танцот, младоста и меѓународната културна размена. Прес-конференцијата заврши на несекојдневен и впечатлив начин – со спектакуларен флешмоб, во кој танчери го претворија центарот на Скопје во отворена танцова сцена и на најдобар начин ја најавија енергијата што ќе го одбележи градот во следните денови. ДЕВЕТ ДЕНА ВРВЕН ЕВРОПСКИ ТАНЦ ВО СКОПЈЕ Од 21 септември, вниманието на европската танцова сцена ќе биде насочено кон Скопје. Т-Арена во СЦ „Борис Трајковски“ се подготвува да пречека илјадници натпреварувачи и посетители, со професионална продукција, сценско осветлување, LED-екрани и целосна инфраструктура неопходна за реализација на натпреварување од европски ранг. Првенството ќе ѝ овозможи на македонската публика во живо да проследи врвни танцови изведби, кореографии и натпреварувачи од реномирани европски танцови школи и федерации, во повеќе дисциплини и возрасни категории. Посебен сегмент од програмата ќе биде Парадата на нациите, која ќе се одржи на 25 септември во 14:30 часот, во СЦ „Борис Трајковски“. Во рамките на парадата ќе бидат претставени сите земји и учесници на првенството, во свечен формат кој ги промовира пријателството, меѓусебната почит, културната размена и заедништвото. На Парадата на нациите е предвидено присуство и на високи државни претставници, дипломатски делегации и амбасадори, со што овој сегмент добива дополнително протоколарно и меѓународно значење. Во текот на деветте дена од првенството се очекува низ СЦ „Борис Трајковски“ да поминат илјадници посетители, со што Скопје во последната недела од септември ќе живее во ритамот на европскиот танц. Дневните влезници за публика, по цена од 1.200 денари, ќе бидат достапни на билетарницата на СЦ „Борис Трајковски“. Со IDO European Dance Championship 2026, Скопје добива уште една можност да се претстави како домаќин на голем меѓународен настан и како град во кој на едно место се спојуваат спортот, уметноста, културата, младинската енергија и меѓународното пријателство. Од 21 до 29 септември – Скопје танцува со Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Путин гласаше преку интернет на изборите во Русија, видеото стана хит.Рускиот претседател Владимир Путин вчера гласал онлајн на изборите за новиот состав на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент. Гласањето започна вчера и трае до недела, а се избираат сите 450 пратеници. Ова се првите парламентарни избори во Русија од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година. Право на глас имаат повеќе од 111 милиони гласачи, а овозможено е и електронско гласање, пренесува АП. Кремљ објави видео на кое се гледа како Путин седи пред компјутер во својата канцеларија и го спроведува процесот на електронско гласање. Тој се приближи до мониторот, неколку моменти внимателно гледаше во екранот и кликна со глувчето. Видеото од неговото гласање набрзо се прошири на социјалните мрежи. Откако на екранот се појави потврдата дека успешно гласал, Путин рече „ви благодарам“. State news agency TASS has posted this clip of Putin voting online in the Russian parliamentary election https://t.co/bdkATMFy63 — Francis Scarr (@francis_scarr) September 18, 2026 Видеото од гласањето на Путин брзо стана хит на социјалните мрежи. Многумина забележаа дека тој многу се приближил до мониторот и ги стеснувал очите додека читал од екранот, па некои почнаа да се шегуваат дека му требаат очила.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПретрес во домот на соработникот на кандидатот на АфД на изборите во Берлин!Извршен е претрес во домот на соработникот на кандидатот на АфД на изборите во Берлин! Медиумите известуваат за дрога и нацистички симбол! Берлинското јавно обвинителство соопшти дека полицијата извршила претрес во домот на соработник на Кристин Бринкер – главниот кандидат на десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) на изборите во Берлин – пет дена пред одржувањето на изборите. Четириесет и осумгодишното лице е осомничено за кршење на германските закони за експлозиви и оружје, соопштија од обвинителството. Во вторникот, полицијата извршила претрес врз основа на судски налог во берлинската населба Лихтерфелде, изјави портпарол на јавното обвинителство како одговор на новинарско прашање. За случајот претходно известија весниците „Билд“ (Bild) и „БЗ“ (BZ). Од обвинителството соопштија дека не се пронајдени докази што би ги поткрепиле сомневањата. Сепак, полицијата заплени други предмети пронајдени при претресот. Тие сега мора да бидат подложени на форензичка анализа за дополнително да се утврди нивното значење во контекст на кривичното право, наведоа од обвинителството. Според медиумските извештаи, истражителите во неговиот дом пронашле дрога и нацистички предмети. Засега, тоа тврдење треба да се припише на медиумските извештаи, бидејќи обвинителството јавно не ги потврдило конкретните наоди. Портпаролот на AfD, Роналд Глазер, го опиша случајот како „приватна работа“. – Го чекаме исходот од истрагата – рече тој. „Билд“ (Bild) ја пренесе и изјавата на Кристин Бринкер. – Никогаш немав никакви индиции дека тој застапува такви ставови. Тој едноставно е колекционер.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook