Четврто издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ - Канал 5

Четврто издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“

Фестивалот е дел од програмата за размена на фестивали („FEX-Festival Exchange“) на европскиот проект „МОСТ“ за развој на сцената на светска музика на Балканот, и соработува со еден од најрелевантните промотери на музика во земјава – „Аудиокултура“.

Четврто издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“

Четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“ ќе биде отворено на 18 мај, а трите фестивалски вечери ќе се случуваат на малата сцена во Македонската филхармонија и во Младинскиот културен центар. Организаторите предвидуваат најквалитетна и најразновидна програма досега и неколку промоции на нови музички изданија.

Фестивалот е дел од програмата за размена на фестивали („FEX-Festival Exchange“) на европскиот проект „МОСТ“ за развој на сцената на светска музика на Балканот, и соработува со еден од најрелевантните промотери на музика во земјава – „Аудиокултура“.

Во четврток на 18 мај, на малата сцена во Филхармонија, фестивалот ќе биде отворен со настап на Дамир Имери Трио, тивка легенда на современата македонска музика. Тромбонист и мултиинструменталист, човек кој првите десетина години од својот работен век ги минува во МРТ, каде соработува со уметници од форматот на Драган Ѓаконовски - Шпато, Александар Џамбазов, Илија Пејовски... Настапувал на сите музички сцени низ земјава и соработувал со истакнати светски познати музичари: Душко Гојковиќ, Реј Чарлс и Џани Басо. Во триото, покрај него, членуваат и Ади Имери и Александар Ванчовски. Мајсторски третираат современ џез според сопствените афинитети и се добро познати во пософистицираните музички кругови.

Истата вечер, на фестивалот ќе настапат и Перфорто (Perforto) од Полска, со Ола Ржепка на пијано и Лукаш Марчинијак на електрична гитара. Гостувањето на Перфорто на „Крај Вардарот Џез Фестивал“ е поддржано во рамките на европскиот проект „МОСТ“ во програмата за размена на фестивали и се реализира во соработката со Катовице ЏезАрт Фестивал од Полска.

Перфорто е жичано дуо за електрична гитара и пијано, а користат и дополнителни инструменти од дрво, метал, хартија и други материјали. Во импровизацијата ги истражуваат физичките карактеристики на звукот, како што се висината, темброт, интензитетот и неговите последици во временска линија. Интензивно, деликатно, продорно и радикално музичко доживување.

Во петок на 19 мај, во лобито на кино Фросина - МКЦ во рамки на „Крај Вардарот Сесии со Аудиокултура“ ќе биде промовирано најновото винил издание на ПМГЏез, компилацијата „Крај Вардарот Џез Vol.2“.

Од 21 часот во киното Фросина ќе се реализираат два концерти, на Букршлиев/Томевски и Кондовски/Дробицки од нашата држава. Соработувајќи долги години како композитори и изведувачи во повеќе македонски џез ансамбли, Филип Букршлиев и Благојче Томевски успеаја да развијат телепатска вештина за музичка комуникација, благословена од необичната звучна палета, формирана од инструментите што ги користат: бас кларинет и гитара.

Во оваа прилика ќе го промовираат материјалот од албумот „Something Lonely in the Bone“. Настапот на „Кондовски/Дробицки“ е логична прогресија на нивните чести соработки, што резултираше со неколку изданија на ПМГЏез. Владан Дробицки (тромбонист) е еден од водечките џез музичари во земјата, додека Глигор Кондовски (виолина, електроника) исцртува езотерична фигура, лизгајќи се помеѓу класика, експеримент, џез, фотографија и филм.

Во сабота, во денсинг салата на МКЦ, ќе настапат „Ларта“, проектен состав на тапанарот Дино Милосављевиќ, кој, минатата година за „ПМГ Џез“ издаде прв самостоен албум „Fragments“, во соработка со долгогодишните пријатели Ѓоко Максимовски - бас, Васко Бојаџиски - саксофон и Владан Дробицки - тромбон. Милосављевиќ е еден од најистакнатите тапанари во регионов. Соработува со врвни и познати музичари и уметници, како „Сетстат“, „Кабадајас“, „Алшар“ - проект на Никола Коџабашија, „Беневентан трио“ и „Инфјус“. Милосављевиќ е еден од основачите на „Skopje Drum Talks“, првото здружение за едукација и поддршка на тапанари во земјава.

Фестивалското издание ќе се заокружи со ѕвездите на фестивалот „Чуи“ (Chui) од Хрватска, загрепски квартет, чија визија е спој на џез со современа клупска танцова музика, електроника и рокенрол. Уште со првиот албум од 2012 година, обезбедија култен статус на хрватската музичка сцена. Во 2017 снимија албум со џез оркестарот на Хрватската Радио Телевизија и композиција со легендарната дива Јосипа Лисац.

Досега имаат издадено шест студиски албуми. Седум пати се закитија со најпрестижната хрватска музичка награда „Порин“ во различни категории, и четири пати со наградата на независните музичките новинари Рок&Оф. Работат и музика за театар и за филм. Чуи ќе настапи во состав Тони Старешиниќ (клавијатури и електроника), Војкан Јациќ (саксофон и електроника), Иван Левачиќ (тапани) и Конрад Ловренчиќ (бас). Досега имаат настапувано на сите големи џез и рок фестивали низ Хрватска и Европа. Хрватската музичка критика ги доживува како моментално главна концертна атракција во нивната земја.

За затворањето на фестивалот, по 23 часот предвидена забава со ПМГЏез диџеј сет на Мирко Попов, во лобито на киното Фросина.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура. Фестивалот се реализира во соработка со МКЦ и Филхармонија, а негови партнери се Аудиокултура и Божиновски часовници и накит.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во масовна тепачка во село Баница струмичко повредени неколку лица

Четворица со тешки телесни повреди по  масовна тепачка во село Баница струмичко. 

Во масовна тепачка во село Баница струмичко повредени неколку лица

На 11.10.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во 22:30 часот во дворно место на куќа во село Баница, струмичко, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М. и К.М. од една страна и П.С., М.С., Т.С., С.С., С.С. и С.С., од друга страна, сите од село Баница, во која со различни предмети си нанеле повреди по главата и телото. Повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде кај лицата Р.М., К.М., Т.С. и М.С. биле констатирани тешки телесни повреди. Предметите кои ги користеле при пресметката се пронајдени и одземени. За настанот е известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, стои во билтенот на МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два патнички автобуса се превртеа во Турција, десетици повредени

Два патнички автобуса се превртеле денес во Турција, а според локалните медиуми, има повредени лица. 

Два патнички автобуса се превртеа во Турција, десетици повредени

Пет лица се повредени денес во Турција откако минибус се превртел на патот Анталија-Испарта.

Несреќата се случила околу 10:30 часот во близина на крстосницата Топали во областа Аксу, а причина за несреќата било масло истурено на коловозот, објави порталот „Ахабер“ (Ahaber).

Екипите за итна помош што пристигнаа на местото на настанот им пружиле помош на повредените, а започната е и истрага за да се утврдат деталите за несреќата.

Денес во Турција се случи уште една сообраќајна несреќа, во која патничко комбе се преврте и заврши во канал во Мерсин, при што беа повредени 17 лица, пренесува истиот турски портал.

Во областа Силифке во Мерсин, на патот од Силифке кон Ѓулнар, патнички минибус излетал од патот и се превртел во канал поради лизгавиот коловоз предизвикан од дождот.

Минибусот е отстранет од местото на настанот со помош на служба за влечење, а беше покрената и истрага за несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Несторовски расположен за постигнување на голови сезонава во Хрватска

Поранешниот македонски репрезентативец, 36 годишниот Илија Несторовски сезонава ја доживува втората младост и е еден од најдобрите напаѓачи во Хрватското фудбалско првенство.

Несторовски расположен за постигнување на голови сезонава во Хрватска

Македонскиот фудбалер викендов постигна два гола во победата на Славен Белупо од 4:1 над фаворизираната Риека во деветтото коло од првенството, со што стигна до вкупно седум гола на девет настапи оваа сезона.

Особено е импресивно тоа што четири од тие голови ги постигна само во последните две кола.

На натпреварот против Риека, популарниот Нестор двапати ја затресе мрежата во рок од само пет минути. Најпрво постигна гол со одличен удар од далечина во 69-тата минута, а потоа го постави конечниот резултат од 4:1 во 74-тата минута. Овој настап ја потврди одличната форма што ја покажа во претходното коло, кога со два гола му донесе бод на Славен во ремито 2:2 против Рудеш.

Така, искусниот напаѓач постигна четири гола на последните два првенствени натпревари и моментално има просек од речиси еден гол по натпревар оваа сезона. Со седум гола, тој го дели второто место на листата на најдобри стрелци со Емил Фредериксен од Истра, заостанувајќи само зад Дион Дрена Бељо, кој има постигнато 10 гола.

Несторовски му се приклучи на Славен Белупо во летото 2024 година, по осум сезони поминати во Италија. Во својата прва сезона по враќањето во хрватскиот фудбал постигна осум првенствени гола, додека минатата сезона реализираше шест.

Сега веќе има постигнато седум гола на само девет натпревари, со што го надмина учинокот од целата претходна сезона и се приближува до бројката од својата прва година во Копривница.

Сè појасно станува дека тој е на добар пат кон својата најефикасна сезона откако се врати во хрватскиот фудбал.

Несторовски првпат се прослави во хрватската фудбалска јавност додека настапуваше за Интер Запрешиќ во периодот од 2013 до 2016 година.

Првите две сезони ги мина во втората лига, постигнувајќи 20, а потоа и 24 гола, при што во двата наврати ја освои титулата најдобар стрелец во лигата. Тој ја задржа таа импресивна форма и откако Интер избори пласман во ХНЛ (хрватската прва лига). Во сезоната 2015/16, постигна импресивни 25 гола на 33 првенствени натпревари, повторно станувајќи најдобар стрелец во лигата.

Особено е впечатлив неговиот хет-трик против Осиек во последното коло, со кој ја заокружи таа извонредна сезона. Тој учинок од 25 гола останува еден од најдобрите индивидуални голгетерски резултати во поновата историја на ХНЛ. Во деветте сезони што следеа, таа бројка беше надмината само од Марко Ливаја – кој постигна 28 гола за Хајдук во сезоната 2021/22 – и Дион Дрена Бељо, кој постигна 31 гол за Динамо минатата сезона.

- Ваквите настапи му донеа трансфер во Палермо, клуб што во тоа време се натпреваруваше во италијанската елитна лига. Постигна 11 гола во својата дебитантска сезона во Серија А, иако Палермо не успеа да избегне испаѓање во понизок ранг. Останал во Палермо уште две сезони, во текот на кои продолжил редовно да постигнува голови во Серија Б.

Потоа, во 2019 година, преминал во Удинезе, каде што минал четири сезони играјќи во Серија А. Во својата последна сезона во Италија, 2023/24, настапувал за Асколи во втората лига.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер