Четврти роденден на „Само Вистина“ со над 800 емисии ! - Канал 5

Четврти роденден на „Само Вистина“ со над 800 емисии !

На денешен ден на 15 мај 2017 година , Канал 5 започна со емитувањето на најгледаната и највлијателна политичка ТВ емисија „Само Вистина“.

Четврти роденден на „Само Вистина“ со над 800 емисии !

Емитувавме над 800 емисии , кои се препознатливи по својот независен и непартиски пристап, отворени за сите политички и социјално различни претставници.

Директорот на Канал 5 , Иван Мирчевски , како автор на овој проект изразува особено задоволство од колегите кои работеа со него, било уредници или водители. Мирјана Трпческа, која беше домаќин на првата емисија,како и на првата сезона, Елизабета Галевска , Александар Видиновски , Јулијана Николовска , Ана Торевска, како и главниот и одговорен уредник Гоце Михајловски, кој се приклучи со „Само Интервју“ , што се емитува секој петок.

Ви се заблагодаруваме на сите вас за посветеноста во овој заштитен знак на Канал 5! Благодарност и до гостите кои ги споделија своите ставови со гледачите.

Честит Роденден „Само Вистина„ и „Само Интервју“ !

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питка

Додека институциите работат и ги решаваат проблемите, СДС се обидува политички да профитира преку ширење страв и паника меѓу граѓаните.

Петрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питка

Последен пример е ширењето на лаги и манипулации за наводна загадена вода во Скопје. Прво пласираат обвинувања, а кога ќе бидат демантирани со факти, нема ниту извинување ниту одговорност.

Исто беше и со водата во Гостивар. Надлежните институции ги направија потребните испитувања и потврдија дека водата е безбедна за пиење. Наместо да ги прифати фактите, СДС продолжува да создава сомнеж кај граѓаните.

Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на СДС. Водата во Гостивар е безбедна, а институциите ја следат состојбата и постапуваат одговорно.

Додека Филипче е на Паљури со Заев, хаосот во СДС е поголем од кога било. Наместо да измислуваат кризи, во СДС треба да се справат со сопствениот хаос.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ:По Гостивар и над 50 места низ цела Македонија, четири реки, сега и лоша вода во Кривогаштани

Македонија без безбедна вода.

СДСМ:По Гостивар и над 50 места низ цела Македонија, четири реки, сега и лоша вода во Кривогаштани

По пет недели од труењето на над 5.000 луѓе во Гостивар, по новиот случај, од пред два дена, во Демир Капија и по предупредувањата дека во повеќе од 50 места низ државата нема редовни анализи - еве нов случај.

Во јавната чешма со кисела вода во Кривогаштани утврдено е присуство на бактеријата Escherichia coli, интестинални ентерококи, Pseudomonas aeruginosa и зголемен број на колиформни бактерии.

Водата и од оваа јавна чешма не е безбедна за пиење.

Ова веќе е системски колапс.

Гостивар.

Демир Капија.

Кривогаштани.

И уште десетици места за кои јавноста нема никакви информации.

Додека премиерот Мицкоски оди на увид на фекална канализација во Идризово и држи здравици преку посредници, граѓаните низ цела Македонија продолжуваат да пијат вода со фекални бактерии.

За Гостивар сè уште нема официјален документ со кој се потврдува чистотата на водата и комплетна анализа.

Сè уште нема одговорна личност која стои зад таа одлука - освен „чувството“ на Мицкоски.

Сè уште Обвинителството не дало одговор кој дозволил Гостивар со недели да пие отруена вода.

Одговорноста не може вечно да се избегнува.

Скопје, 16.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови нападнаа повеќе цели близу Москва, Русија возврати со ракетни напади врз Киев

Украинските сили во текот на ноќта извршиле напад врз цели во московскиот регион во Русија. 

Украински дронови нападнаа повеќе цели близу Москва, Русија возврати со ракетни напади врз Киев

Според каналите што ја следат војната, меѓу целите биле магацин на големиот руски онлајн-трговец „Wildberries“, како и неколку населени места во близина на Москва.

Каналот „Exilenova Plus“ известува дека избувнал пожар во најголемиот магацин на „Wildberries“ во Русија – лоциран во селото Коледино близу Москва – по украинскиот напад. Истиот извор пренесува дека за време на нападот се запалил и производно-логистичкиот комплекс „Северен Домодедово“ во градот Домодедово.

„Exilenova Plus“ исто така известува за украински напади и дејствување на противвоздушната одбрана во градот Чехов. Руските власти сè уште официјално не ги коментирале нападите. „Kyiv Independent“ не можеше независно да ги потврди овие наводи. Украина редовно изведува напади врз воената инфраструктура длабоко во руската територија и на окупираните територии. Целта на овие операции е да се ослабат воените капацитети на Русија.

„Exilenova Plus“ исто така известува за украински напади и дејствување на противвоздушната одбрана во градот Чехов. Руските власти сè уште официјално не ги коментирале нападите.

„Kyiv Independent“ не ги потврди овие наводи.

Украина според овие медиуми редовно изведува напади врз воената инфраструктура длабоко во руската територија и на окупираните територии. Целта на овие операции била слабеење навоените капацитети на Русија.

Руските сили, пак, извршија ракетни и беспилотни напади врз Киев рано утрината, предизвикувајќи пожари во најмалку два округа на главниот град на украина, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко, посочувајќи дека најмалку три лица биле повредени..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер