Четврти филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ од утре до 26 октомври - Канал 5

Четврти филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ од утре до 26 октомври

Петнаесет филма (по пет во категориите: Јуниори, Кадети и Сениори) се во официјалната селекција на 4. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ кој ќе се одржува од утре до 26 октомври со поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија и „Giffoni Experience“ од Италија.

Четврти филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ од утре до 26 октомври
Во Кинотеката на Македонија ќе бидат активностите од програмата за јуниори (деца од 10 до 13 години), а кадетите (14-16 години) и сениорите (16-18 години) настаните ќе ги следат во Младинскиот културен центар.

Во кино „Милениум“ ќе биде свеченото отворање на фестивалот (утревечер во 19.30 часот со филмот „Италијанска трка - брз како ветрот“ на Матео Роверо) и затворањето и прогласувањето на победниците на 26 октомври.

Дарко Башевски, извршен директор на „Џифони Македонија“ и официјален преставник на „Giffoni Experience“ во Република Македонија, на прес-конференција рече дека оваа година фестивалот има силна програма во која претежно се филмови кои биле на најпознатите и најголемите меѓународни филмски фестивали, како и на фестивали посветени на младите.

- Имаме филмови од Италија, Германија, Русија, Шведска, Данска, Шпанија, Бразил, од Непал, кој е овогодишен кандидат за Оскар. Се надевам дека младите преку овие филмови не само што ќе се забавуваат, туку ќе имаат и убави теми за дискусија кои ги допираат нив, рече Башевски.

Интернационалното жири на фестивалот ќе биде составено од околу 550 деца и млади поделени во три старосни категории, а покрај од Македонија ќе опфати и повеќе од 50 млади од Италија, Хрватска, Србија, Романија, Грузија, првпат од Азербејџан, САД, Велика Британија и од Албанија.

На фестивалот ќе има и гости од два филма - од турскиот „Син велосипед“ и од рускиот „Кутија“. Покрај 15-те филмови во натпреварувачката програма, на четвртиот „Џифони Македонија“ ќе има и ревијална програма со два македонски играни филма („Превртено“ и „Панкот не е мртов“), четири кратки македонски филмови и пет анимирани од Италија.

И годинашниот „Џифони Македонија“ ќе има богата едукативна програма со вкупно десет работилници (четири за јуниори и шест за категоријата сениори и кадети). Меѓу работилниците, за кои младите во изминатите фестивалски изданија покажуваат голем интерес, ќе има за техниката на анимација, за авторски филм, филм во еден кадар, за документарен филм... на кои ментори ќе бидат експерти од Македонија и од Хрватска (за документарен филм и за филм во еден кадар).

Елена Величковска-Николовска, уметнички директор на „Џифони Македонија“, информираше дека со новата тригодишна спогодба потпишана оваа година со „Giffoni Experience“ во Италија, на Агенцијата за филм на РМ и е доверено правото брендот и логото на „Џифони‘‘ на територијата на Република Македонија да продолжи да го користи до 31 декември 2018 година.

На 22 октомври на „Џифони Македонија“ се очекува доаѓањето на генералниот директор на „Giffoni Experience“ Клаудио Губитози.

По завршувањето на фестивалот, на 27-ми и на 28 октомври „Џифоми Македонија“ ќе организира и проекции за децата на Детската клиника кои ќе бидат синхронизирани и приспособени на нивната возраст. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Алта банка наскоро да добие нов сопственик, нагласувајќи дека веќе има заинтересиран купувач. 

Мицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецот

Со тоа вели нема да се реализира сценариото за стечај, за кое според него се залагала опозицијата. Мицкоски посочи дека поминал тридневниот рок за известување на српскиот регулатор, а сега тече десетдневниот рок по кој Народната банка треба да ги понуди акциите на продажба преку Македонската берза. Потоа следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенцијалните понудувачи. Аукцијата, како што најави Мицкоски се очекува кон крајот на месецов или почетокот на идниот.

- И денеска сум голем оптимист дека, за жал, од опозицијата ќе бидат разочарани, бидејќи нивните црни сценарија и обиди банката да отиде во неизвесност, односно во стечај, нема да се реализираат. Односно, ќе имаме финансиска институција, банка којашто ќе биде сопственик на Алта банка. Значи, ќе ја спасиме банката – тоа е многу важно и за доверителите, но и за луѓето коишто се во, би рекол, некаква релација со Алта банка. А тоа е лоша вест за нашата опозиција којашто се молеше и на дневна основа водеше кампања дека банката ќе банкротира, ќе отиде во стечај итн.,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Кој е заинтересираниот купувач не е познато, а претходно, гувернерот Трајко Славески изјави дека интерес покажале шест инвеститори, меѓу нив и две домашни банки.

Во меѓувреме, Алта банка од денеска ги отвори вратите и во Тетово и Струмица, за шалтерска исплата до 20.000 денари за клиентите кои немаат платежни картички. Од денеска, зголемен е и неделниот лимит за користење на картичките и подигнување пари од банкоматите од 15 на 20 илјади денари.Но првиот ден од проширувањето на шалтерската мрежа не помина без проблеми..Слична слика како и во Битола, денеска имаше во експозитурата во Струмица, редици граѓани пред банката и незадоволство. Дел од граѓаните утрово реагираа дека чекале со часови, бидејки на шалтерите ниту во банкоматите немало пари, па се очекувало тие да бидат донесени од Скопје.

- Внатре немаат пари, ниту пак во банкомат има.

- Од 7 саат чекам тука и што да правам болна жена ако ми стане лошо кој ќе одговара?

- Таму нема на шалтерите, чекаат од Скопје да донесат, а кога ќе дојдат не знам.

Од Народната банка попладнево соопштија дека проблемот бил решен и дека исплатите на сите шалтери продолжиле да се одвиваат непречено. Велат дека во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имало краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната недела

Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг би можеле да се сретнат во Кина следната недела за да разговараат за завршување на војната во Иран.

Трамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната недела

Трамп им рече на новинарите дека очекува да се сретне со рускиот и кинескиот лидер на азиско-пацифичкиот самит во Шенжен, Кина, закажан за 18 и 19 ноември.

„Тоа ќе биде интересно. Ќе разговараме за многу работи, вклучително и за денуклеаризација. Се обидуваме да ја завршиме војната во Иран“, кажа Трамп.

Идејата за ваков самит прв ја предложи Путин, кој притоа сакал да се разговара за завршување на војната во Украина. Кремљ на 21 октомври соопшти дека се прават подготовки за ваква средба

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗС

Инфлацијата во октомври според индексот на трошоците на животот бележи зголемување од 3.3  отсто во однос на истито месец лани, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.2  отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗС

На годишно ниво најмногу поскапело горивото. Според статистичките податоци, транспортот во октомври годинава е за 9,5 отсто поскап во однос на лани. Трошоците за рекреација, спорт и култура се зголемиле за 8,5 отсто, а за образование над 5 отсто.

На месечно ниво инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, изнесува 0.4 отсто, индексот на цените на мало е повисок за 0,2 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер