Четврта сезонска победа за МЗТ Скопје во АБА лигата - Канал 5

Четврта сезонска победа за МЗТ Скопје во АБА лигата

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ја постигна четвртата победа во регионалната АБА лига, откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во натпревар од 9.коло го совлада босанскиот шампион Игокеа со 90:85. По четвртини 23:24; 27:21; 17:20 и 23:20.

Четврта сезонска победа за МЗТ Скопје во АБА лигата
За ланскиот учесник во „фајнл-фор“ од ова натпреварување ова беше четврти сезонски пораз.

Аеродромци највисоката предност ја имаа во 23.минута кога водеа со 56:45, но дозволија противникот да фати резултатски приклучок и финишот да го направи неизвесен.

Во последната минута се влезе со изедначен резултат 80:80, но тогаш стапи на сцена центарскиот тандем Чековски – Гечевски со постигнати четири поени во серија за водство 84:80. Следуваше „пенал“ завршница во која домашните кошаркари беа сигурни и не ја испуштија предноста.

Четворица кошаркари во домашниот состав постигнаа двоцифрен број поени: Стефан Синовец 18, Урош Лучиќ и Тодор Гечевски по 17, Дамјан Стојановски 10.

МЗТ Скопје со биланс од четири победи и пет порази ќе биде некаде во средината на табелата по комплетирањето на колото в понеделник.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Прва кошаркарка во историјата што постигнала 10 тројки на еден натпревар во WNBA!

Кошаркарката Кејла Мекбрајд им приреди спектакуларна вечер на навивачите на „Минесота Линкс“ во женската НБА лига.

Видео: Прва  кошаркарка во историјата што постигнала 10 тројки на еден натпревар во WNBA!

Искусната кошаркарка која игра на бековската позиција постави нов рекорд во WNBA за најмногу постигнати тројки на еден натпревар, погодувајќи 10 тројки во победата од 103-90 над „Далас Вингс“.

Мекбрајд погоди 10 од 14 обиди од линијата за три поени (од оддалеченост од 7,24 метри) и го заврши натпреварот со рекордни 43 поени во кариерата.

YouTube video

Историската, десетта тројка беше постигната на 2 минути и 23 секунди пред крајот, со што ѝ донесе на Минесота водство од 98-83. Кога го напушти теренот нешто повеќе од една минута подоцна, таа беше испратена со аплауз од преполниот „Таргет центар“.

„Минеаполис стана мој дом и сакам да го дадам најдоброто од себе. Без разлика дали топката ќе влезе во кошот или не, чувствувам голема љубов. Токму затоа можам да излезам на теренот и да бидам она што сум. Ја сакам оваа игра и сакам да победувам“, рече Мекбрајд.

Претходниот рекорд изнесуваше девет постигнати тројки на еден натпревар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СРЦЕ ДОЛГО 4 км- “Трчаме со срце за секое дете“

По повод 25 години СОС Детско село Македонија, на 19 септември Градскиот парк во Скопје ќе се претвори во голема патека на солидарност - долга 4 километри и симболично исцртана во форма на срце.

СРЦЕ ДОЛГО 4 км- “Трчаме со срце за секое дете“

Традиционалната IT4Charity трка оваа година расте и се отвора за сите.

По повод 25 години СОС Детско село Македонија, на 19 септември Градскиот парк во Скопје ќе се претвори во голема патека на солидарност - долга 4 километри и симболично исцртана во форма на срце.

Досега ги обединуваше компаниите и луѓето од ИТ-заедницата, а оваа година, “срцето“ станува поголемо.

Под мотото „Трчаме со срце“, СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity ги повикува сите - искусни тркачи, рекреативци, тимови, пријатели и семејства да трчаат за една заедничка цел: Ниту едно дете да не расте само.

И не е важно кој прв ќе стигне до целта. Важно е зошто трчаме.

Веќе 25 години СОС Детско село Македонија обезбедува грижа, сигурност и поддршка за децата и младите без родителска грижа и им помага на семејствата кои се соочуваат со сериозни животни предизвици. Во изминатите две и пол децении, преку програмите на организацијата беа променети повеќе од 6.090 животи на деца, млади, згрижувачи и семејства.

Токму затоа и патеката на 19 септември нема случајно да биде во форма на срце.

„За некого тоа ќе бидат само четири истрчани километри. За нас, секој од тие чекори носи многу поголемо значење. Зад нив стои поддршка на многу животни приказни кои чекаат можност за подобра иднина. Патеката е во форма на срце затоа што љубовта,грижата и чувството дека некој е покрај нас навистина можат многу да променат.“, велат од СОС Детско село Македонија.

Средствата собрани преку СОС Хуманитарната трка powered by IT4Charity ќе бидат наменети за програмите преку кои организацијата обезбедува поддршка за деца и млади без родителска грижа, ги зајакнува семејствата во ризик и помага децата да растат во сигурна и грижлива семејна средина.

Затоа, на 19 септември не се трча само за медал, резултат или лично време. Се трча за ниту едно дете да не расте само.

Пријавувањето за СОС Хуманитарната трка е веќе отворено на:

https://sos.org.mk/sos-humanitarna-trka-2026/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

25 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе се положи и пред споменикот во селото Љубанци

Утринава цвеќе се положи и пред споменикот  во селото Љубанци, а во 12 часот, одбележување ќе има  и  пред спомен-плоча во касарната „Илинден“, најавија од министерството за одбрана.

25 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе  се положи и пред споменикот  во селото Љубанци

Претседател на одборот на бранители Марин Најдов вели дека 25 години бранителите беа омаловажувани и партиски манипулирани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер