Четврта рунда преговори меѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма - Канал 5

Четврта рунда преговори меѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма

 Преговарачи од Соединетите Американски Држави и Иран денеска во Оман ќе ја одржат четврта рунда преговори за иранската нуклеарна програма.

Четврта рунда преговори меѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма

Се очекува претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, да присуствуваат на разговорите во Мускат.

Арагчи вчера изјави дека ако целта на Соединетите Американски Држави е да му ги одземат на Техеран, како што рече, нуклеарните права, Техеран нема да го прифати тоа.

Денешната рунда нуклеарни разговори првично беше закажана да се одржи на 4 мај во Рим, но беше одложена од „логистички причини“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ненадејно откажан почетокот на клучните преговори меѓу САД и Иран

Иако предвидени за денеска, преговорите меѓу Вашингтон и Техеран во Швајцарија ненадејно се откажаа. 

Ненадејно откажан почетокот на клучните преговори меѓу САД и Иран

Разговорите кои беа најавени како нов дипломатски исчекор меѓу двете земји требаше да се фокусираат на меморандумот за разбирање потпишан од двете страни, а кој отвори рок од 60 дена за постигнување на траен договор, за иранската нуклеарна програма и отворањето на Ормускиот теснец. Според најавите, американската делегација требаше да ја предводи потпретседателот Венс, кој доцна синоќа од Вашингтон порача дека очекува разговорите сепак да се одржат викендов. За прв пат по потпишувањето на меморандумот, преку пишана изјава прочитана на иранската државна телевизија се огласи и Ајатолахот Моџтаба Хамнеи кој нагласи дека Техеран чека исполнување на договорените услови.

-Планирам да одам во Швајцарија не знам точно кога, мислевме дека овие технички преговори ќе започнат викендов. Тоа е сè уште планот, но тоа може да се промени затоа што Иран не е земја од која може лесно да се излезе и затоа, се обидуваме да откриеме точно кога тоа ќе се случи. Претпоставувам дека овој викенд (би имало средба), но не сум сигурен. - Џеј Ди Венс – Потпретседател на САД

-Ако американската страна сака да прави претерани барања, ние нема да бидеме оптоварени со меморандумот. Од овој момент ние чекаме исполнување на договорените услови. Очигледно е дека директните преговори што ќе бидат одржани во иднина нема да значат дека го прифаќаме мислењето на непријателот.- Моџтаба Хамнеи – Ајатолах

Меморандумот предвидува сеопфатен прекин на непријателствата во регионот, вклучително и во Либан, но не содржи експлицитна одредба за повлекување на израелската армија. Израелскиот премиер Нетанјаху повтори дека целта е создавање на безбедносна зона во Либан, додека официјален Вашингон повика да се почитува мировниот процес.

-Израелците, исто како и сите други, мора да го почитуваат овој мировен процес кој е фундаментално добар за нив и за целиот регион. Она што претседателот понекогаш го фрустрира е тоа што се чини дека сме на прагот на голем пробив за постигнување на договор, а потоа одеднаш се случува некоја голема експлозија во Бејрут и многу луѓе кои немаат никаква врска со Хезболах ги губат животите. Тоа не е прифатливо.- Џеј Ди Венс – Потпретседател на САД

-Ќе ја вратиме безбедноста и просперитетот кај заедниците на северот. За тоа е потребно да одржуваме безбедносна зона во јужен Либан. За таа цел поребно е да не си заминеме од таму се додека безбедносна на Израел го бара тоа.- Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел

Дека постигнувањето на конечен договор се уште е неизвесно, смета и францускиот претседате Макрон.

-Кој победи во оваа војна, господине претседателе? Не мислам дека можеме да кажеме дека војната е целосно завршена. Со години знаеме за оваа ситуација. Никој не сака Иран да се здобие со нуклеарна бомба, најмалку Франција.- Емануел Макрон – Претседател на Франција

Документот кој пред два дена го потпишаа Трамп и Пезешкјан покрај итен прекин на непријателствата,предвидува и укинување на поморските блокади, пристап на Иран до светските пазари, ослободување на замрзнатите средства и 300 милијарди долари за обнова на Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неисплатени долгови и преполовен буџет – ветеринарите алармираат за финансиска криза во секторот

Ветеринарните друштва алармираат дека се соочуваат со сериозна финансиска криза поради неисплатени средства и намален буџет за здравствена заштита на животните.

Неисплатени долгови и преполовен буџет – ветеринарите алармираат за финансиска криза во секторот

Од ветеринарната комора предупредуваат дека дел од друштвата се пред финансиски колапс, а можно е и затворање на одредени амбуланти, особено во руралните средини. Велат дека тоа може да влијае врз контролата на заразните болести кај животните и врз јавното здравје. Бараат итна исплата на долговите и зголемување на надоместоците за услугите што ги извршуваат за државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе се рационализира јавната админситрација – од владата најавуваат реформа

Готова е нацрт верзијата на новиот Закон за организација и работа на органите на државната управа со кој е предвидено намалување на 40% на буџетските корисници од органите на државна управа.

Ќе се рационализира јавната админситрација – од владата најавуваат реформа

Министерот за јавна администрација Горан Минчев во синоќешното „Само интервју“ најави дека предлог решението првично ќе биде доставено до сите министерства како најзасегнати да се изјаснат по што ќе следи јавна расправа. Практично тоа би значело од околу 1400 институции во јавниот сектор во Македонија во кои се и министерства, агенции, фондови и јавни претпријатија, нивниот број да се намали под илјада со што и би се намалил и бројот на директори и раководители.

-Вакви коишто имаат по еден директор, двајца вработени или пак со повеќе вработени кои се слични или пак кореспондираат во исти области со исти надлежности ние треба да ги споиме, што значи да ги намалиме буџетските корисници. Тоа значи правно да ги нема, да паднат под илјада. Тоа се огромни заштеди во буџетот. Тргнуваме од раководните позиции. – Горан Мнчев – Министер за јавна администрација

Бројката од околу 130 илјади вработени во државната администрација и јавниот сектор во земјава не е спорна вели Минчев туку проблем е што вработените не се соодветно распоредени, има одредени сектори со превработеност додека во други недостигаат луѓе. Сепак околу перцепциите во јавност дека партиската книшка е главен услов за вработување во државната администрација, Минчев уверува во овие две години откако е на челната позиција во ресорното министерство има подобрувања.

-Немаме веќе по партиски клуч вработувања туку по основ на знаење. Процесот за пријавување на јавните конкурси или јавните огласи од одредени институции и нивното тестирање во моментов е во Агенцијата за администрација. Сега процесот оди во живо, се снима аудио и видео и се следи со седум камери што значи е прилично намалена можноста за било каква партиска ургенција. – Горан Мнчев – Министер за јавна администрација

Пртецизирани и заострени се критериумите за именување на високите раководни позиции во законот кој е во собраниска процедура. Освен директорските места со законот се опфатени за прв пат и државните секретари кои ќе се избираат преку јавен конкурс или оглас како и членовите на управните одбори.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер