Манасиевски: Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик
Младеновска: Нов скандал на Тошковски –полицијата е како „швајцарско сирење“, наркодилер избега низ прозорец
1Манасиевски: Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик
2Младеновска: Нов скандал на Тошковски –полицијата е како „швајцарско сирење“, наркодилер избега низ прозорец
КултураЧетврта изведба на оперетата „Лилјакот“ во МОБМакедонската опера и балет за вечер најави четврта изведба на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II која, како што наведува, следува по три одлични изведби. -„Лилјакот“ е светски позната оперета што ја слави радоста, музиката и ведрината на животот, со шармантни сцени, хумор и незаборавни арии. Оперетата ја освои публиката, која ја опиша како „возбудлива, духовита и емоционално живописна“ и која ја поздрави со овации и силни аплаузи. Оваа изведба, под диригентската палка на Бисера Чадловска и во режија на Љупка Јакимовска, нуди уште една можност за љубителите на уметноста да уживаат во празнична вечер исполнета со музика, раскош и многу смеа, соопшти МОБ.Тагови: Лилјакот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаДоаѓа армија од машини: Кина ќе прави над 100.000 хуманоидни роботи оваа годинаКина очекува да произведе повеќе од 100.000 хуманоидни роботи оваа година, според Ган Сјаобин, заменик-директор на Одделот за наука и технологија во Министерството за индустрија и информатичка технологија на Кина.Во разговор со новинарите по повод Светската конференција за вештачка интелигенција (WAIC) во Шангај, тој рече дека развојот на вештачката интелигенција и проширувањето на екосистемот на вештачката интелигенција го забрзуваат растот на роботската индустрија во Кина и е еден од клучните двигатели на идниот технолошки развој на земјата. Светската конференција за вештачка интелигенција (WAIC) ќе се одржи во Шангај од 17 до 20 јули 2026 година, заедно со состанок на високо ниво за глобално управување со вештачката интелигенција. Организаторите најавија дека овогодинешниот собир ќе биде еден од најголемите глобални настани посветени на развојот и примената на вештачката интелигенција, со повеќе од 1.100 компании-изложувачи, над 3.000 презентирани производи и решенија и вкупен изложбен простор од повеќе од 100.000 квадратни метри. Програмата ќе вклучува повеќе од 140 тематски форуми, со учество на над 1.400 меѓународни гости, според веб-страницата на организаторите. Извор: Б92Тагови: Кина роботи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законикОпозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик.За првпат по подолг период постоеше реална можност новиот Изборен законик да биде донесен со широк политички консензус. Со месеци сите политички партии беа вклучени во разговорите, се усогласуваа текстови, се прифаќаа предлози и се бараше решение кое ќе биде прифатливо за сите. Но, кога требаше договорот да биде финализиран, СДС, Левица и ДУИ решија да се повлечат и да го блокираат целиот процес. Наместо Македонија да покаже политичка зрелост и да испрати порака дека најважните закони можат да се носат со договор, опозицијата избра конфронтација и дневнополитички пресметки. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува на ставот опозицијата да седне и да се договори што сака, а ние тоа веднаш ќе го прифатиме, само да се олесни гласањето на дијаспората. Одлуката да не се искористи оваа можност и на следните избори повторно да бидеме со стариот ИЗ е исклучиво одговорност на СДС, Левица и ДУИ. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМладеновска: Нов скандал на Тошковски –полицијата е како „швајцарско сирење“, наркодилер избега низ прозорецНов скандал на Панче Тошковски, наркодилер му побегна од полициска станица во Кочани.Александар Лазаров Цуна познат криминалец кој и претходно бил осудуван и лежел во затвор за трговија со дрога бега од сред полициска станица. Ако наркодилери можат слободно да бегаат од полициска станица што значи тоа? Тотален распад. Швајцарско сирење. Тоа е сликата за денешната партизираната полиција која наместо да ги гони, ги штити криминалците на власт. Но, овој скандал отвора сериозни сомнежи за пропусти, злоупотреби и спрега на ВМРО со криминалци и наркодилери на секое ниво. Тошковски треба да излезе пред граѓаните и да одговори, кој ќе понесе одговорност за овој скандал? Има ли барем малку грижа на совест што го пушти да избега наркодилерот Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс“ во Кочани? Каква е поврзаноста на Цуната со началникот на ОВР Кочани, Тоше Стојанов, поставен од Тошковски? Каква е поврзаноста со пратеникот на ВМРО Миле Лефков, кој има слики со него? Кој дозволи да побегне преку прозор од полициска станица Кочани, или пак некој намерно го пуштил? Зошто наркодилерот не бил чуван во просториите за задржување? Доколку обвинителството навистина подготвувало предлог за определување мерка притвор, тогаш овој случај е уште посериозен и бара итна и темелна истрага. Но пред се бара одговорност. Во секоја нормална држава, ваков случај ќе значеше итна одговорност и оставки. Овој скандал му се случува на истиот оној Панче Тошковски на кого му поминаа пет тони дрога преку македонската граница без никој да понесе одговорност. На истиот оној Панче Тошковски за време на чиј мандат криминалци бегаа преку граница кога сакаат. На истиот оној Тошковски кој ветуваше: „Брат да ми е, ќе одговара“, а по две години мандат никој не одговара а криминалнци бегаат од полициска станица. СДСМ бара целосно расчистување на случајот, утврдување одговорност за сите инволвирани службени лица, вклучително и на раководството на ОВР Кочани. Уште колку скандали во МВР се доволни за Тошковски да понесе оставка? Прес-конференција на СДСМ, Рената Младеновска, членка на Извршниот одборТагови: Рената Младеновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook