Четворица загинати во серија лавини на северот од Италија - Канал 5

Четворица загинати во серија лавини на северот од Италија

Четири лица загинаа, а неколку се повредени денеска во серија лавини на северот од Италија.

Четворица загинати во серија лавини на северот од Италија

Во алпскиот регион Валтелина, лавина погоди тројца скијачи, при што загинаа двајца од нив.

Италијанската планинска служба за спасување во Трентино пријави две лавини во кои загина по едно лице.

Во овој регион во сила е предупредување од трето ниво.

Имаше инцидент и во долината Аоста на границата со Швајцарија и Франција, каде што лавина однесе две лица од група од пет скијачи, но благодарение на опремата, тие успеаја да се ослободат од снегот.

Сите инциденти се случија во денот што беше оценет како ден со висок ризик од лавини, а во сила беше предупредување од трето ниво од вкупно пет на европската скала за опасност од лавини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанска вечер на „Охридско лето“

Големата ѕвезда во светот на пијанизмот, Кристијана Пегораро вечерва ќе одржи концерт во рамки на Италијанската вечер на „Охридско лето“. Таа ќе настапи во црквата „Света Софија “ со почеток во 21 часот.

Италијанска вечер на „Охридско лето“

Опишана од дневниот весник „Њујорк Тајмс“ како „уметница од најголем калибар“, Кристијана Пегораро настапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и во Австралија.

Настапувала пред претседателите на Италија, Серџо Матарела и Карло Азељио Кјампи, пред лидерите во Собранието на ОН, пред гувернерот на Њујорк, пред војвотката од Луксембург и други високи политичари во Италија, Канада и Австрија.

Нејзината дискографија вклучува 34 носачи на звук, а за албумот со танго музика од Астор Пијацола е добитничка на Златен медал на Глобалните музички награди во Калифорнија.

Добитничка е на повеќе од 50 меѓународни награди и признанија. Во 2019 година ја добива престижната награда „Белисарио“, доделена на церемонија пренесувана во живо од италијанската телевизија РАИ. Неодамна, округот Вестчестер во државата Њујорк ѝ посвети ден од годината, па така според официјалната објава на Советот – 28 Март секоја година се празнува како ден на Кристијана Пегораро.

Италијанската вечер на фестивалот „Охридско лето“ се одржува со поддршка на Италијанската амбасада во земјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја покажа својата хипокризија на дело за Гостивар, Филипче молчи

СДС ја покажа својата хипокризија на дело за Гостивар, Филипче молчи, ги штити и не бара одговорност за своите функционери.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја покажа својата хипокризија на дело за Гостивар, Филипче молчи

СДС ја покажа својата хипокризија на дело во Гостивар, Филипче молчи, ги штити и не бара одговорност за своите функционери за кои мобилизираше луѓе да гласаат во предизборието на повторените локални избори во Гостивар.

Венко Филипче, јавно повикуваше на поддршка за Валбон Лимани, иако токму локалната власт во Гостивар, во која СДС е дел заедно со ДУИ и Арбен Таравари, потфрли во справувањето со кризата со загадената вода за пиење.

Факт е дека локалната власт не успеа навремено да го заштити здравјето на граѓаните, поради што Владата и државните институции мораа итно да интервенираат. Беше обезбедена флаширана вода, беше воспоставено снабдување со вода за техничка употреба, а во најкус можен рок ќе се создадат услови водата повторно да биде безбедна и за пиење.

СДС нема кредибилитет да зборува за одговорност сè додека ги штити сопствените функционери и ги игнорира нивните неуспеси. Ако навистина веруваат во политичка одговорност, нека почнат од своите редови.

СДС и Филипче секојдневно држат лекции за морал, бараат оставки и глумат борци за одговорност, но кога станува збор за нивните функционери тогаш молчат.

Филипче молчи и не бара одговорност од својот кандидат Валбон Лимани кој управува со општината.

Тоа е вистинското лице на СДС, двојни аршини и лицемерие, бараат одговорност од сите освен за сопствените кадри, за нив целосна амнестија.

Време е СДС да престане со лицемерието и да покаже дека законите, моралот и одговорноста важат еднакво за сите, а не само кога тоа им носи политички поени.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Власта сега признава ризик од хепатит - за труењето во Гостивар мора да има кривична одговорност

По епидемијата предизвикана од загадената вода во Гостивар, власта сега официјално признава дека постои ризик од хепатит А и Е, како и од други заразни заболувања.

СДСМ: Власта сега признава ризик од хепатит - за труењето во Гостивар мора да има кривична одговорност

Ова е токму она за што проф. д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела.

Прво, на институциите доцна им се вклучија „црвените светла“. Додека гостиварчани пиеле вода со фекалии институциите не презеле ништо.

Потоа ги криеја податоците од јавноста. Сега, кога кризата веќе се разгоре, признаваат дека постои ризик од жолтица и други заразни болести.

Граѓаните на Гостивар ја плаќаат цената затоа што наместо стручност, превенција и навремена реакција, добија политички калкулации, прикривање информации и префрлање на одговорноста.

Здравјето на граѓаните повторно беше ставено на второ место, а партиските интереси и тендерите – на прво.

Јавноста сè уште нема добиено официјален и потпишан извештај со анализите за таканаречената „техничка вода“ во Гостивар.

Кој институт ги изработил анализите? Кој го потпишал и одобрил извештајот? Врз основа на кои параметри е утврдено дека водата е безбедна за употреба?

СДСМ бара итно да се направат анализи на водата во сите населени места во Македонија, а резултатите веднаш и целосно да бидат објавени пред јавноста.

А за труењето на граѓаните мора да има кривична одговорност

Не само политички, туку и кривично треба да одговараат Клековски, Андоновска, директорите на локалните центри за јавно здравје и сите што знаеле, а криеле, што не презеле мерки и не го заштитиле здравјето на граѓаните.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер