Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
1Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
СветЧетворица загинати и 39 ранети во израелски напад врз јужниот дел на БејрутНајмалку четири лица загинаа, а 39 се ранети денеска во израелски воздушен напад врз јужниот дел на Бејрут, на 100 метри од болница, соопшти либанското Министерство за здравство.Нападот се случил во близина на болницата „Рафик Харири“, најголемата јавна медицинска установа во Либан. Израел од 2 март го напаѓа јужен Либан, каде што е седиштето на движењето Хезболах, поддржано од Иран.Тагови: Бејрут Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Повеќе од 12 милиони евра се инвестираат во Општина Прилеп за капитални проекти -Би сакал да ја искористам оваа можност да потенцирам дека овие проекти се многу значајни за сите општини во Македонија. „Добар ден и од мене. Би сакал да ја искористам оваа можност да потенцирам дека овие проекти се многу значајни за сите општини во Македонија. Ова што го кажа градоначалникот на Прилеп, но и потпретседателот на Владата и министер за транспорт дека со овие проекти додаваме вредност и го зголемуваме квалитетот на живот е вистина бидејќи имаме повеќе од 1.200 градилишта коишто се резултат на проектот за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините. Во оној неврзан муабет со градоначалникот бев информиран дека повеќе од 12 милиони евра се проектите коишто од страна на Владата се финансираат во Прилеп преку оваа програма. И кога на тоа ќе се додадат и средствата коишто Општина Прилеп ги издвојува како средства за капитални инвестиции, плус други програми коишто доаѓаат од другите министерства надвор од оваа програма, тогаш доаѓаме до една огромна бројка и огромна бројка на проекти коишто ќе имаат за задача да го подобрат квалитетот на живот во Прилеп. Би сакал да ја искористам оваа можност да се заблагодарам на градоначалникот и да честитам за посветената работа којашто ја прави изминатиов период, на советниците коишто ја поддржуваат неговата работа како градоначалник, на пратениците коишто се од Прилеп и коишто се борат за проект повеќе за Прилеп и овој дел од Македонија. Да се заблагодарам се разбира тука и на колегите од Владата, на сите оние коишто учествуваат во реализацијата на овие проекти бидејќи нашата цел како Влада уште на самиот почеток беше да испорачаме што е можно повеќе проекти во рамките на нашите можности со коишто ќе го подобриме онолку колку што можеме квалитетот на живот на нашите сограѓани. Така што уште еднаш еве честитам на сите и би посакал да се движиме во рамките на роковите коишто се зададени за да овие проекти бидат пуштени во употреба и ја имаат својата полна намена.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДали руски „Иљушин“ влегол во воздушниот простор на Финска? Финската гранична служба денес соопшти дека во четвртокот руски извидувачки авион „Иљушин-20“ наводно го нарушил воздушниот простор.Како што беше соопштено, постои сомневање дека руски извидувачки авион го нарушил финскиот воздушен простор јужно од Уто, во Финскиот Залив, пренесува Yle. Според финската гранична служба, наводното нарушување на финскиот воздушен простор траело околу три минути. Во својата најдлабока точка, авионот навлегол околу 4,7 наутички милји во финска територија, во Финскиот Залив. Граничната служба покрена прелиминарна истрага за случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСрпски фудбалер фатен со 1,5 тони кокаин и оружје, дрогата му припаѓала на „Балканскиот картел“Српски фудбалер фатен со 1,5 тони кокаин и оружје: дрогата му припаѓала на „Балканскиот картел“, а тој не бил единствениот уапсен.Поранешниот српски фудбалер Урош Милошевиќ, е уапсен во Португалија со 1,5 тони кокаин и оружје, во врска со „Балканскиот картел“. Поранешниот српски фудбалер, идентификуван како Урош Милошевиќ, е уапсен на автопат во Португалија додека превезувал повеќе од тон и пол кокаин и две воени оружја, објави локалниот портал „А Бола“. Дрогата, чија вредност се проценува на повеќе од 70 милиони евра, му припаѓала на „Балканскиот картел“, според пишувањата на локалниот медиум „Жорнал де Нотисијас“. Акцијата на португалската полиција, која резултираше со пресретнување на комбето минатата среда, откри дека 31-годишниот поранешен фудбалер, покрај големото количество наркотици, превезувал и наполнето воено оружје подготвено за употреба. Апсењето уследи по други акции насочени против истата криминална организација. Една недела претходно, во заедничка операција на португалската и шпанската полиција, во Шпанија беа уапсени уште двајца членови на картелот, при што беа запленети 3,7 тони дрога. „Организацијата, чија база е на југот на Шпанија, дејствува низ цела Европа и ја користела португалската крајбрежна област како место за истовар на големи количества кокаин“, беше појаснето. Истиот извор наведува дека Милошевиќ имал скромна фудбалска кариера во Србија, настапувајќи за помалку познати клубови како Чукарички, ИМ Раковица, Телеоптик и Синѓелиќ Белград.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter