Четворица верници загинаа во напад на католичка миса на Филипините

Четири лица загинаа утрово во експлозија на католичка миса на југот на Филипините. 

Вкупно 42 луѓе претрпеа претежно полесни повреди, соопштија властите, додавајќи дека ситуацијата е под контрола.

Инцидентот се случил во гимназијата на државниот универзитет Минданао во Марави, најголемиот муслимански град во земјата.

Во 2017 година, во Марави се водеше петмесечна битка меѓу владините сили и милитантите поврзани со Исламската држава. Милитантите обединети во групата Даулах Исламијах-Мауте би можеле да стојат зад бомбашкиот напад, изјави бригадниот генерал Алан Ноблеза, полициски командант во регионот.

Генералот Ноблеза рече дека 11 милитанти биле убиени од филипинската војска минатиот петок во соседниот град Дату Хофер Ампатуан, што укажува на тоа дека денешната експлозија би можела да биде форма на одмазда.

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор ја осуди експлозијата како „бесмислен и најгнасен“ чин, „извршен од странски терористи“. Тој ја повика јавноста на смиреност.

- Бидете уверени дека извршителите на овој безмилосен чин ќе ги изведеме пред лицето на правдата, нагласи тој.

Шумски пожар се шири во близина на Лос Анџелес, евакуирани над илјада луѓе

Шумски пожар во јужна Калифорнија во близина на Лос Анџелес се прошири на површина од 60 квадратни километри, ден откако принуди евакуација на најмалку 1.200 луѓе.

Само околу два отсто од пожарот што избувна во саботата беше локализиран до недела навечер, пренесува Асошиејтед прес.

Засега нема извештаи за жртви. Пожарот моментално гори на околу 100 километри северозападно од Лос Анџелес, и постои опасност пожарот да се прошири до градот Кастаик, дом на околу 19.000 луѓе. Националната метеоролошка служба соопшти дека денеска се очекува мала влажност на воздухот и брзина на ветер од 80 километри на час.

Од 1 јули поскапува струјата, можно е и за повеќе од 5%?!

Одлуката на Владата во заминување да ја прифати понудата на државни електрани за зголемување на продажната цена на струјата од 57 на 60 евра за мегават час е изненадување и за првиот регулатор Марко Бислимовски. 

Како во ковид и енергетска криза, Бислимовски вели така и сега ќе направиме се за да се заштити стандардот на граѓаните. Но според него загрижува фактот што ЕСМ нема да го покрива целокупното количество на електрична енергија, туку на тендерот ќе понуди само 85 отсто, останатото количество универзалниот снабдувач ќе мора да го обезбеди од надвор. Сепак какви сметка ќе плаќаат граѓаните од 1 јули ќе се знае до крајот на месецов.

„Државните електрани во време на криза нудеа пониска цена е сега оваа цена од 60 евра за мегават час да бидам искрен е изненадување и за мене.... Значи оваа цена од 60 евра за мегават час некако можеме да ја исхендламе, но мене ме загрижуваат 15% кои што треба да се набавуваат на слободниот пазар. И тоа има сериозно влијание, ако е некаде сега на пазаров и фјучерсите кои што ги гледаме за третиот и четвртиот квартал цената во замисност од денот но се движи од 90 до кај 100 евра за мегават.“- Марко Бислимовски- претседател на РКЕ

Во тек во регулаторна се и анализите за воведувањето на дополнителен уште еден час евтина дневна тарифа на струјата, која според најавите од првиот регулатор би се вовела во текот на зимските месеци, за што ќе треба повторно да се сервираат и броилата на сите домаќинства.

„Ќе видиме во кој период ќе биде дали ќе биде од 1 декември, 1 ноември, 1 јануари ќе го видиме тоа да ги видеме што ке ни покажат анализите.....тоа што го правиме е тоа што се случува на пазарот на струја тие придобивки кои ги имаат индустриските и комерицјанлните потрошувачи што се на слободниот пазар конечно на крајот на денот да ги имаат и домаќинствата затоа што има периоди кога цената на електричната енергија е и 1 евро, 2, 3 евра и сетоа тоа е резулатат на голем број инвестицции во фотоволатици. “-Марко Бислимовски – претседател на РКЕ

Од регуларна како целосно неточни ги отфрлија и информациите дека со евентуално поскапување на струјата би скокнала и цената на лебот.

Од новата Влада, пак досега неколку пати посочија дека ќе се штити стандардот на граѓаните, евентуално поскапување на струјата велат нема да дозволат. Штом се формира новото министерството за енергетика, велат ќе бараат да се направи ревизија на работењето на РЕК Битола и ЕСМ.

Вежбите ја намалуваат опасноста од деменција до 33 отсто

 Деменцијата е синдром којшто се одликува со прогресивно влошување на когнитивните функции, како што се помнењето, размислувањето и способноста за извршување на секојдневните должности, а најчесто е предизвикана од дегенеративни заболувања на мозокот.

Возраста се смета за еден од поважните фактори на ризик, којшто човекот не може да го контролира. Сепак, и други фактори, како што се секојдневните навики, начинот на живот и сл. - играат важна улога. На некој начин, тоа е добра вест, според стручњаците, и ова значи дека имаме одредена моќ на контрола врз здравјето на својот мозок. Според истражувањето што ги поделило испитаниците во пет групи, имено, една навика може значително да ја намали опасноста од деменција - физичките вежби. Во таа смисла, дури и благото надминување на неделните препораки за вежбање може да биде прилично корисно.

Се говори за вежбите за срцето, белите дробови, мускулите, коишто исто така, се полезни и за мозокот.

Во споредба со групата испитаници означени како „најмалку фит“, оние со малку подобра форма имале 13 отсто помал ризик од Алцхајмерова болест... Натаму - средната група имала 20 отсто помал ризик, следната група на скалата имала 26 отсто помал ризик, а луѓето од „физички најактивната група“ имале 33 отсто помала опасност.

Авторите заклучуваат дека кардиореспираторната кондиција е поврзана со помали шанси за деменција, а како што луѓето стареат, сѐ тоа е поистакнато.

- Истражувањето покажа дека најмалку 150 минути вежбање со умерен интензитет неделно се клучни за оптимално здравје на мозокот како што старееме. „Помалку значи повеќе“ има свое место во одредени случаи, но и надминувањето на неделните препораки за вежбање може да биде доста корисно вели невропсихологот д-р Џесика Калдвел за „Парејд“.

Таа вели оти за помладите луѓе или оние кои биле физички активни во минатото и постојано во нивниот живот, вежбањето до 300 минути или поинтензивно вежбање може да биде уште покорисно за мозокот. Како што возраста напредува, и рамнотежата меѓу физичката кондиција и спречувањето повреди и добрата аеробна кондиција се зацврстува.

Според сѐ, вежбањето е корисно не е само здравјето на срцето, туку и за мозокот. /МИА

притисни ентер