ЖивотЧетворица штипјани се искачија на библискиот врв „Арарат“Четворица планинари на друштвото „Лисец“ –Штип го освоија врвот „Арарат“ во Турција, кој е на надморска височина од над 5.000 метри. Билјана Спаскова, Милорад Ангелов, Тоше Трајчев и Трајче Алексов беа дел од експедицијата, кои се искачија на библискиот врв. Спаскова, Ангелов и Трајчев во прес-центарот на МИА во Штип ја раскажаа својата приказна, за оваа планинарска авантура. Целта им била да освојат два врва „Арарат“ во Турција и „Дамаванд“ во Иран, но какошто велат од оправдани причини на граница не успеале да влезат во Иран. Ангелов појаснува дека врвот „Арарат“ го искачиле со голема поддршка од најискусниот планинар во експедицијата Трајче Алексов. Билјана, Трајче, Тоше и Милорад од Штип кон врвот „Арарат“ тргнаа со џип, за 17 дена поминаа 7.000 километри, патувајќи и минувајќи низ неколку земји. Инаку овој врв цели пет години бил затворен за искачување на планинарите. Секое освојување на врв, патување создава спомени за планинарите, но и за идните генерации. Спаскова е првата жена планинар од Штип, којашто го има освоено „Арарат“, за него вели дека тоа е изгаснат вулкан со висина од 5.137 метри. -Претходно врвот бил со висина од 5.160 метри, но со растопување на снегот, на мразот сега се има намалено за некои 30 метри. Нашата експидиција беше планирана од јануари, а смислена беше претходната година. Така да имавме време да се подготвиме логистички, психички, физички и успешно ја остваривме замислената мисија, вели Спаскова. Ангелов во разговорот во прес-центарот на МИА во Штип ја надополнува дека за нив ова е огромно планинарско искуство, а голема поддршка за сите храбро да се качат на врвот им давал најискусниот планинар Алексов. -Тој има огромно, прекрасно планинарско искуство, за нас тројцата навистина беше мотор и со неговите совети и со неговите препораки, успеавме сите заедно храбро да се качиме на врвот. Качувањето се вршеше во неколку етапи и запознавме многу пријатeли. Прво одевме до градот кој е близу „Арарат“, потоа се качивме на 2.200 метри, каде што имаше базен камп, имавме луѓе „шерпаси“, луѓе коишто ни ги носеа товарите. Затоа беше ангажирана една Агенција од Турција, таму претежно живеат Курди, во тој регион и се качивме на 3.200 каде што во базниот камп се одморивме, потоа се искачивме на 4.200 каде што требаше да правиме аклиматизација. Но, земајќи го предвид нашето искуство ноќта во 1 часот тргнавме кон врвот заедно со група од Бугарија, Босна и Херцеговина и после 6.30 и мачно качување, веќе на изгрејсонце бевме горе на врвот, вели Ангелов. Планинарите Спаскова, Ангелов и Трајчев велат дека чувствата едноставно не можат да се опишат, кога некој врв ќе се искачи, солзите сами течат, а како што вели Ангелов на врвот си како да си на друга планета. -Таму летаат авионите. Погледот беше неверојатен, дуваше силен ветар, темпеартурата беше -25 степени. Јас за моја среќа успеав да се задржам 45 минути на врвот, бидејќи имав сериозна планинарска опрема и токму тоа ми дозволи да уживам цели 45 минути на врвот и да запознаам пријатели од Австралија, Ерменија, од Грузија, вели Ангелов. Штипските планинари забележуваат дека проблем се лизгавите карпи, а се појавиле откако го освоиле врвот. Поради лизгавите карпи, тешко им одело симнувањето, односно потешко се движеле од врвот, па надолу до базните кампови. -По тие лизагви карпи, навистина требаше да се внимава како се симнуваш надолу, но успеавме и бевме среќни, радосни кога во базниот камп сите заедно се видовме, се прегрнавме, наздравивме за нашиот успех. Со ова сметам дека ДПС „Лисец“ и овој наш планинарски подвиг навистина е за респект и мотивација за сите кои сакаат да освојуваат врвови. Секој врв е можен, додава Ангелов. Спаскова надполнува дека еден од предзвиците биле ниската температура и ветрот, коишто не дозволувале да прават паузи и да земат здив. Таа потенцира дека на секое застанување за воздишка им влегува и студот во коски. -Рацете ни беа замрзнати, да не речема и нозете, така да ете тие беа најголемите предизвици, со кои се соочивме. Инаку врвот „Арарат“ не е некој што е ризичен или технички захтевен врв, рече Спаскова. Тоше Трајчев, кој ја љуби планината смета дека биле одличен и сложен тим, кој знаел заеднички да функцира и да ги решава сите проблеми и тоа во од. -Не се обасјнува, едноствано треба да се оди со нас. Точно е дека има тешки моменти, но кога си тим не и истиот начин на размислување. Потребно е и да се сака планината, а врвот „Арарат“ секако дека ќе го запаметам. Тргнав со нови гојзерици и ми направија проблем со петите. Меѓутоа благодарение на Биби ги бандажиравме и го искачив врвот, а исто така и ги скршив наочарите. Трајче Алексов на шега ми рече „ем сакат, ем ќорав“ го искачи врвот, вели Трајчев. Тие се закитија и со сертификати од Федерацијата за планинари на Турција. Сертификатите се потврда дека го освоиле „Арарат“, а кој како врв се споменува и во Библијата. Приказната за Ное и неговата арка е поврзана со врвот „Арарат“. Штипските планинари велат дека фасцинанатната приказна за арката на Ное им била мотивација да се искачат на Голем Арарат, каде што највисоката точка е 5.137 метри. Според Библијата во „горите на Арарат„ застанала арката на пророкот Ное, откако стивнал светскиот потоп. Во Ноевата арка спасени се сите животни и човештвото. Оваа штипска четврока е децидна дека имале прекрасна авантура, а се побогати со нови пријатели, кои се вљубени во планините. -Прекрасно е чувството, кога како планинар имаш во својот џеб пет илјадарка, си освоил врв и си бил на височина, на којашто многу малку луѓе во светот имаат отидено таму, а особено чест е и па кога на самиот врв го вееш и македонското знаме, додава Ангелов. Планинарството е скап спорт, една ваква експедиција бара и голема поддршка од семејството и планинарското друштво. Колку за илустрација само едни планинарски обувки „гојзерици“ чинат 1.000 евра, за да се искачи еден врв какшто е „Арарат“ еден планинар треба на себе да има опрема од над 5.000 евра. -Потребна е поддршка од државата, видете Македонија и како нуди алтернативен туризам. Сметам дека планинарството е спорт исто како фудбалот. Македонија има прекрасни планини, ние имаме 80 врва, над 2.000 метри надморска височина и тоа е ретко, со кое една земја може да се пофали. Ова значи да се работи на планинарството, нашиот планинарски дом „Вртешка“ на планината Плачковица е прогласен за најдобрите домови не само во Македонија, туку и на Балканот и буквално може да се носи рамо до рамо со најдобрите планинарски домови, потенцира Ангелов. Спаскова прва жена од Штип која го освои врвот „Арарат“ Планинарското друштво „Лисец“ има над 200 членови , од нив 140 се жени. Според оваа планинарска тројка женското планинарство во градот под Исарот реди успеси. -Еве Билјана е првата жена која го качи „Арарат“, но не е само Билјана во нашето планинарско друштво постојат прекрасни дами, кои учествуваат во сите планинарски акции. Нивните планови се многу големи, вели Ангелов. Спаскова за себе вели дека љубовта кон планината и искачување на висичините почнала спонатно. Таа е активен планинар веќе трета година или какошто вели тоа е од периодот за короната. Билјана е и иницијаторот за освојување на „Арарат“. -Членовите на експедицијата ме поддржа во идејата, се организиравме и ја остваривме мисијата успешно, вели Спаскова. Според неа во планинарството нема жени и мажи, туку на планината важи правилото, дали можеш или не можеш. -Односно дали те бива, или не. На врвот „Арарат“, според некоја статистика, сите кои тргнале да се искачуваат, од нив се имаат искачено само 67 отсто, што значи дека една третина од луѓето не успеваат да стигнат до врвот од различни причини, најчесто тоа е висинската болест, или некои други проблеми, коишто може да се јават, вели за МИА Спаскова. Таа опишува дека заедно биле 22 планинари од повеќе земји, а до врвот сепак не успеале да стигнат шест планинари, меѓу нив имало и мажи и жени. -Така да слободно можам да кажам дека поделба на мажи и жени не држи, како некое убедување дека еве или само мажи, или само жени можат да бидат успешни на висините, порача Спаскова. Штипските планинари се едногласни и сонуваат дека следниот врв кој ќе го искачат ќе биде висок 7.000 метри. Целта им е врвот „Ленин“ помеѓу Таџикистан и Киргистан, каде што ќе го развеат македонското знаме. Сепак нивна планина и дом е Плачковица. За песните на птиците во пролет, обележаните патеки, , пештерите, тишината во зимо ќе раскажуваат во следна прилика, во репортажа за МИА. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаДевојче почина откако испи милкшејк од неиспран блендер- мајка ѝ испрати силна порака Мајката на 12-годишното девојче кое почина откако испило контаминиран милкшејк решила јавно да проговори за семејната трагедија!Миа Шеј Сент Хилер, која била алергична на јаткасти плодови, доживеала тешка алергиска реакција откако испила милкшејк направен во неизмиен блендер во кафулето Pop Inn во Лондон во август 2023 година, објави Пипл. Говорејќи во британската утринска емисија Добро утро Британија, мајката на детето, Шанел Спенс, им рекла на водителките Сузан Рид и Ед Бол дека нејзината ќерка „сфатила дека милкшејкот содржи јаткасти плодови по само две голтки“. Снимката од надзорната камера го снимила моментот кога тогашниот менаџер на кафулето, Барис Жисел, кој повеќе не е сопственик и не управува со објектот, подготвувал пијалок во блендер кој не бил измиен по претходна употреба. Судскиот совет потоа утврдил дека пијалокот бил „вкрстено контаминиран со остатоци од лешник“. Шанел Спенс и таткото на девојчето, Адријан Сент Хилер, претходно повикаа на специјален систем за оценување за да им помогне на потрошувачите да проценат како рестораните во Велика Британија управуваат со ризиците од алергија. Тој систем би постоел заедно со сегашниот систем на Агенцијата за стандарди за храна, која ја проценува хигиената на храната. Водителот ги прашал родителите на починатото девојче дали Миа, која сè уште не била тинејџерка, ќе знае да ги провери хигиенските оценки кога оди во ресторан или кафуле. Родителите одговориле дека таа е навикната на тоа, и дека претходно го посетувала тоа кафуле. „Тоа беше локација која таа ја посети една недела претходно. Во никој случај не беше непознато место“, рекла мајката на починатиот. Спенс рече дека семејството било изненадено кога за време на сослушувањето дознало дека управувањето со ризикот од алергија не е покриено со истиот систем како рејтингот за хигиена на храната. „Кога ќе видите дека продавницата има оценка со пет ѕвездички, се чувствувате како, знаете, дека сте безбедни“, рече таа, објаснувајќи зошто тие сакаат посебен систем за оценување кој би бил специфичен за алергиите. „Да постоеше таков систем, денес ќе зборувавме за поинаков исход и за сосема поинаква приказна“, додаде Сент Хилер. Зборувајќи за животот повеќе од три години по смртта на нејзината ќерка, Спенс рече дека тагата сè уште е голем дел од нивниот секојдневен живот. „Тоа навистина не менува ништо, знаете, таа е дел од нашиот секој ден“, рече таа. Адвокатот Анџела Бруно им се придружи на родителите на Миа на Добро утро Британија и рече дека загриженоста за кафулето била покрената пред смртта на девојчето. Според неа, при увидот во 2020 година, во кафулето не била пронајдена табела со информации за алергени, но и покрај тоа, локалот добил оцена со пет ѕвездички. Таа изјави и дека следната инспекција, планирана две години подоцна, била „пропуштена“. „Миа умира во 2023 година и тие се враќаат на инспекција. Сè уште нема табела за алергени, нема предупредувачки знаци за алерген и други проблеми со контаминација“, рече Бруно. Таа тврдеше и дека не е извршен увидот планиран за септември 2026 година. Mom of Girl, 12, Who Died After Drinking Milkshake Made in Unwashed Blender Speaks Out, Says She Grieves ‘Every Day’ https://t.co/3Mb6rhP7h1 — People (@people) October 14, 2026 Според веб-страницата на Агенцијата за стандарди за храна (FSA), кафулето последен пат добило хигиенска оцена со пет ѕвездички во 2024 година. Барис Жисел се изјасни за виновен во јануари 2025 година за шест прекршоци, вклучително и недавање или вклучување информации за алергени на потрошувачите, неуспехот да се справи со контаминацијата со алерген за време на процесот на производство на храна и сервирање храна што содржела алергенска состојка што не требало да биде присутна. Тој е казнет со 18.000 фунти и налог од 100 часа општествено корисна работа.Тагови: девојче блендер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаНа мајка ѝ се заканува смртна казна- се правда дека 18 месечните близнаци починале од вакцина Обвинител во американската држава Ајдахо ќе бара смртна казна за Андреа Шо, 23-годишна мајка обвинета за убиство на своите 18-месечни близнаци во 2025 година. Шо се изјасни за невина пред судот. Таа тврди дека децата се разболеле и починале откако примиле вакцини, вклучително и вакцини против грип, објавува CBS News. Обвинителството бара најстрога казна Големата порота ја обвини Шо во јули по две точки за убиство од прв степен, потврдуваат судските записи и официјалното полициско соопштение. Окружниот обвинител на округот Пајет, Мајк Дјук, во судските документи изјави дека обдукцијата покажала симптоми што се во согласност со задушување и напиша дека тоа е „единственото замисливо објаснување“ за смртта на децата. Заменик-обвинителката Рајон Сиручек го информираше судот минатата недела за својата намера да бара смртна казна. Во поднесокот, тој наведе дека државата ќе се обиде да докаже четири отежнувачки околности: дека е извршено повеќе од едно убиство, дека убиствата биле особено гнасни, сурови или ѕверски, дека обвинетата покажала „целосно непочитување“ кон човечкиот живот и дека таа веројатно претставува трајна закана за општеството. Одбраната тврди дека нема докази „Скандалозно е“, рече адвокатот на обвинетата, Џозеф Филичети. „Тие нема да можат да ја докажат основаноста на случајот надвор од разумно сомнение, па затоа нема шанси смртната казна воопшто да стане опција.“ Филичети побара од судот да го отфрли обвинението поради наводните неправилности пред големата порота. Тој изјави за KBOI-TV дека на големата порота не ѝ било кажано дека мртовечникот ја прогласил причината за смртта за неутврдена, но конзистентна со хипертермија или прегревање. Според него, патолозите кои ги прегледале телата на близнаците изјавиле дека причината за смртта е неутврдена. „Обвинителот има должност на искреност, што значи дека мора да ја каже вистината пред големата порота и да презентира ослободителни докази. Тоа се докази што ѝ даваат причина на поротата да верува дека лицето не е виновно или дека смртните случаи можеле да се случат од друга причина освен убиство. Обвинителот не го сторил тоа“, изјави Филичети за KBOI. Сомневање за убиство Обвинителството во документите наведува дека температурата во собата на близнаците често достигнувала 38 степени Целзиусови, но дека децата претходно преживеале високи температури и дека времето на смртта не се совпаѓало со највисоката температура од тој ден. „Тие немаат мотив, никаква позадинска приказна, никаква признание... Таа не го направила тоа и тие не можат да докажат спротивното“, додаде Филичети. Близнаците биле пронајдени мртви во нивниот заеднички кревет на 1 мај 2025 година. Тие биле вакцинирани осум дена претходно. Денот по вакцинацијата, Шо ги однела во одделот за итни случаи бидејќи биле летаргични и имале треска. Лекар ги дијагностицирал симптомите како реакција на вакцината, па на децата им биле дадени лекови за намалување на треската и биле пуштени. Откако биле пронајдени телата, полицијата соопшти дека се „сомневаат за насилна смрт и во моментов го истражуваат случајот како убиство“, но во тоа време не именувале осомничени. Врски против вакцинирање Неколку дена по смртта на близнаците, Шо се појави во онлајн емисија продуцирана од Children's Health Defense, антиваксерска група основана од сегашниот секретар за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор. Тој не е поврзан со групата од декември 2024 година, кога поднесе оставка од функцијата претседател за да се приклучи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Медицинските експерти велат дека спорните детски вакцини - за хепатитис А, грип и DTaP - се безбедни и ефикасни. Шо е исто така тужителка во федерална тужба поднесена од Children's Health Defense и други против Американската академија за педијатрија (AAP). Тие ја обвинуваат организацијата за рекетирање и лажење за безбедноста на вакцините. AAP побара од судот да ја отфрли тужбата, нарекувајќи ја „најнов напад во кампањата против академијата“ и нејзината „употреба на докази засновани на наука во политиката за вакцинација“. Андреа Шо е притворена без кауција. Судењето е закажано за јануари.Тагови: близнаци мајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГутереш: Состојбата на Западниот брег е целосно надвор од контрола Состојбата на окупираниот Западен Брег се влоши до тој степен што е целосно надвор од контрола.Состојбата на окупираниот Западен Брег се влоши до тој степен што е целосно надвор од контрола, а интензивирањето на нападите има за цел протерување на палестинските заедници од нивната земја, предупреди денес генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. „На окупираниот Западен Брег, Палестинците сè уште се изложени на напади од израелските доселеници на дневна основа. Јасна цел е да се протераат заедниците од нивната земја“, изјави Гутереш пред новинарите. Тој истакна дека ситуацијата на окупираните територии е целосно надвор од контрола и изјави дека новинарите и дипломатите се исто така мети на напади. Тој побара помош и повика на прекин на окупацијата Зборувајќи за Газа, генералниот секретар на ОН предупреди дека пристапот до основна хуманитарна помош останува строго ограничен пред зимата. Ова дополнително го комплицира спроведувањето на планот за решавање на конфликтот одобрен од Советот за безбедност на ОН. Гутереш нагласи дека Светската програма за храна итно има потреба од 450 милиони долари за да го нахрани населението низ Газа и Западниот Брег во следните шест месеци. Тој истакна дека оваа сума е еднаква на приближно 90 минути глобални воени трошоци. Тој ги повика меѓународните донатори да ја зголемат помошта, а во исто време апелираше за прекин на окупацијата со цел да се постигне одржливо решение за две држави.Тагови: Антонио Гутереш Западниот Брег Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05