Четворица рудари загинаа во рудник во Полска

Четири лица загинале во рудникот Собиески во Јаворжно, јужна Полска, објави денеска портпаролката на државната агенција за рударство WUG.

Несреќата во рудникот за јаглен се случила во 15:30 часот по локално време кога пукнала цевка, јавуваат полските медиуми. Повредени се уште две лица.

„Додека цевката се полнела со вода, таа неконтролирано пукнала, при што три лица загинале на лице место“, изјави за новинската агенција ПАП, Пјотр Стрзода од WUG. Четвртото лице починало во 17:10 часот, додаде тој. Рудникот Собиески е во сопственост на полската државна енергетска компанија Таурон.

Трамп бара итно ослободување на израелските заложници,во спротивно се заканува со „ужасна цена“

-Оние кои се одговорни ќе бидат погодени посилно од кој било..., објави Трамп на „Truth Social“ и додаде порака „Ослободете ги заложниците сега“, напишана со големи букви.

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп бара итно ослободување на израелските заложници кои се уште се држат во Газа и најави дека ќе платат „ужасна цена“ на Блискиот Исток доколку не бидат ослободени пред неговата инаугурација на 20 јануари 2025 година.

-Оние кои се одговорни ќе бидат погодени посилно од кој било..., објави Трамп на „Truth Social“ и додаде порака „Ослободете ги заложниците сега“, напишана со големи букви.

Трамп им се закани со страшна цена на оние кои, како што напиша, извршиле злосторства против човештвото.

Заканата на Трамп е испратена откако израелската влада ја потврди смртта на Омер Неутра, Израелец кој исто така имал американско државјанство.

Муцунски учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО, што се одржува во седиштето на Алијансата во Брисел. 

Предвидено е на министерскиот состанок да се разговара за актуелните безбедносни предизвици на НАТО, за случувањата во јужното соседство на Алијансата, за актуелните состојби поврзани со руската агресија врз Украина, како и за досегашната имплементација на одлуките донесени на Самитот на Пактот во Вашингтон одржан во јули, годинава.

Работниот дел од состанокот ќе започне со заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на дипломатии, на кое ќе присуствува и јорданскиот Абдула Втори. Глава тема на средбата ќе бидат случувањата на Блискиот Исток и безбедносните импликации од нив по НАТО.

На крајот на првиот ден од заседанието ќе се одржи сесија на Советот НАТО-Украина во форма на работна вечера, на која ќе учествува и украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.

Министерскиот состанок на НАТО продолжува утре претпладне со заседание на Северноатлантскиот совет на кое, меѓу другото, ќе се разговара и за подготовките на Самитот на Алијансата што ќе се одржи следната година во Хаг.

На маргините на собирот, предвидено е министерот Муцунски да оствари и повеќе билатерални средби со своите колеги учесници на состанокот.

Најстудено на Попова Шапка

Најниска температура од -3 степени Целзиусови утрово е измерена на Попова Шапка. 

Следат Маврови Анови и Берово со -1 степен, 0 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Крива Паланка, Крушево, 1 Битола, Куманово, Тетово, Претор, 2 Прилеп, Охрид, Виница, 3 Штип, Струмица, Велес, 4 Кавадарци, Демир Капија и 6 степени во Гевгелија.

Најмногу воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот има наврнато во Лазарополе - 4 л/м2, 1 л/м2 во Маврови Анови и на Попова Шапка.

Висината на снежната покривка во 07 часот (во сm) изнесува 54 см во Маврови Анови, 42 Попова Шапка, 27 Крушево и 1 см во Берово.

Времето денеска претпладне променливо облачно со слаба магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне од 6 до 11 степени.

Во Скопје претпладне умерено облачно, преку денот сончево и тивко со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

притисни ентер