Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
СветЧетворица приведени во врска со синоќешниот напад во АнтверпенПолицијата ги истражува околностите околу инцидентот. Форензичари спровеле форензички анализи, а полицијата ги прегледува и снимките од околните безбедносните камери.Четири лица се лишен од слобода поради сомнеж за поврзаност со синоќешниот инцидент на плоштадот пред Операта во белгискиот град Антверпен, при кој шест лица се здобија со убодни рани или исеченици откако биле жртви на напад со нож, соопшти денеска локалната полиција. Двајца од повредените беа во критична состојба, но според последните информации тие се надвор од животна опасност. Четири од жртвите беа пронајдени на плоштадот пред Операта, а останатите две во две околни улици. Полицијата ги истражува околностите околу инцидентот. Форензичари спровеле форензички анализи, а полицијата ги прегледува и снимките од околните безбедносните камери. Полицијата сè уште не соопшти дополнителни информации за мотивите за нападот, што се случил кон крајот на прокурдски протест на кој присуствувале 200 до 300 лица. - Демонстрациите беа мирни. На крајот од демонстрациите се слушна мала врева и се покажа дека неколку лица се повредени со убодни рани или исеченици, изјави портпролот на локалната полиција Ваутер Браунс. Тој соопшти дека по инцидентот извршени се претреси на домовите на четворицата приведени. - Она што овие претреси можеби го дале, а можеби и не, е дел од судската истрага, додаде Браунс. Според медиумските информации, еден од приведените е 18-годишен бегалец од Сирија, кој повеќе од една година живее во Холандија. Локалната курдска организација Навбел оцени дека станува збор за „терористички мотивиран напад врз курдската заедница во Антверпен“, како реакција на „протестите против џихадистичките напади врз Курдите во северна Сирија“. Полицијата сепак оцени дека е „прерано да се зборува за терористички чин“ и привремено инцидентот го класифицира како „обид за убиство“. Тагови: Антверпен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook