Поповски: Да се изгради национален консензус за поврзување на уставните измени со временски дефинирани придобивки од ЕУ
1Поповски: Да се изгради национален консензус за поврзување на уставните измени со временски дефинирани придобивки од ЕУ
МакедонијаЧетворица повредени во трагедијата во Кочани префрлени на лекување во Белгија Четири лица повредени во трагичниот пожар во ноќниот клуб во Кочани во неделата, минатата ноќ се префрлени на лекување во Белгија Четири лица повредени во трагичниот пожар во ноќниот клуб во Кочани во неделата, минатата ноќ се префрлени на лекување во Белгија, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што информира Македонската амбасада во Белгија, повредените се сместени во четири различни болници во градовите Брисел, Антверпен, Лиеж и Шарлероа. Настраданите беа префрлени во Белгија со специјален авион на Вооружените сили на Романија, со кој истовремено на лекување во Холандија беа пренесени уште четири други лица повредени при пожарот. - Антонија, Маја, Петар и Драгољуб пристигнаа во Белгија. Благодарност до белгиската Влада, особено нивното МНР, за сета досегашна помош, како и до Романија и Европската Унија, кои го организираа специјалниот лет од Скопје до Брисел. Утре е нов ден, нова надеж за нашите млади сограѓани, им посакувам брзо закрепнување и здравје!, наведе македонскиот амбасадор во Белгија, Методија Белевски. Истовремено, голем број македонски државјани кои живеат во Белгија понудија бесплатно сместување и превоз за членови на семејствата на повредените, а Амбасадата обезбеди и преведувачи, кои на повредените и нивните роднини ќе им помагаат за превод во комуникацијата со медицинскиот персонал. Инаку, во нашата Амбасада во Брисел е отворена книга на жалост во која наши државјани, но и странски граѓани и дипломатски претставници, оставаат пораки за сочувство за жртвите во трагичниот настан во Кочани. Заинтересираните можат да изразат сочувство секој ден во текот на оваа работна недела од 10:00 до 12:00 и од 13:30 до 15:30 часот, освен в петок, кога книгата на жалост ќе биде отворена од 10:00 до 12:00 часот. Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАНавивач влезе на теренот во НБА финалето за да направи селфи?!Навивач истрча на теренот во финалето на НБА меѓу Сан Антонио и Њујорк за да направи селфи. Поради изнцидентот тој веќе никогаш повеќе нема да оди на натпревар од НБАНавивач кој истрча на теренот за време на првиот натпревар од финалето на НБА во среда вечерта за да направи селфи со ѕвездата на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, е уапсен и доживотно суспендиран од сите НБА арени. Портпарол на лигата потврди во четврток дека истата казна му е изречена и на друго лице за неговата улога во инцидентот. Натпреварот во Фрост Бенк Центарот во Сан Антонио беше прекинат поради влегување на теренот, 6 минути и 28 секунди пред крајот на четвртата четвртина, при што Њујорк Никс водеше со 92:86. Навивач со мобилен телефон во рака се стрча кон Вембањама и центарот на Никс, Мичел Робинсон, но обезбедувањето брзо го совлада и го изнесе надвор од теренот. На крајот, Никс победија со резултат од 105:95.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
ЗабаваПред натпреварот со Панама, кафе за 8.000 луѓе од џиновски ѓезве од Босна и ХерцеговинаФудбалската селекција на Босна и Херцеговина ќе игра пријателски натпревар против Панама викендов во Сент Луис, градот во кој живее најголемата босанска заедница надвор од БиХ. Сепак, нема само фудбалот да го привлече вниманието на многумина. Имено, пред натпреварот, во центарот на Сент Луис ќе биде претставен најголемиот апарат за кафе(најголемото ѓезве) во светот, од кој организаторите ќе послужат бесплатно кафе на дури 8.000 луѓе. Настанот ќе се одржи пред стадионот „Енерџизер Парк“, каде што босанската репрезентација ќе го игра својот последен тест натпревар пред почетокот на Светското првенство. Организаторите најавуваат целодневна забава со музика, традиционална храна и неизбежното локално кафе. Според американската телевизиска станица „Фрст алерт 4“, ѓезвата била испратена директно од Босна и Херцеговина за да ја придружува репрезентацијата на нејзината турнеја низ Соединетите Американски Држави. „Ќе има музика, храна, пијалоци и многу забава. Интересен факт е дека ќе има најголема босанска цезва во светот“, рече Емир Налиќ, сопственик на познатиот ресторан „Балкан трет бокс“ и еден од организаторите на настанот. Не е случајно што ваков настан се организира во Сент Луис. Овој град во американската држава Мисури со години се смета за центар на босанската дијаспора во САД. Се проценува дека помеѓу 60.000 и 70.000 луѓе од Босна и Херцеговина живеат во областа на Сент Луис, поради што многумина го нарекуваат „најголемиот босански град надвор од Босна и Херцеговина“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКанада забранува увоз на добиток од Тексас поради опасна муваКанада воведе привремена забрана за увоз на говеда од американската држава Тексас откако оваа недела кај телињата е откриена опасната месојадна мува. Кравите и коњите кои биле во Тексас во рок од 21 ден пред да влезат во Канада нема да можат да влезат во земјата, соопшти Канадската агенција за инспекција на храна. Одлуката дојде откако Министерството за земјоделство на САД (USDA) потврди дека паразитот е пронајден и кај второ теле во Тексас, државата со најголемо производство на говедско месо во Америка. Гувернерот на Тексас, Грег Абот, синоќа прогласи состојба на катастрофа поради „непосредната закана“ што ја претставува ширењето на инфекцијата, пишува Би-Би-Си. „Постои голема веројатност дека инфекцијата ќе се прошири во текот на летото“, изјави Абот за новинарите во петокот. Мувата црв од Новиот свет е паразит чии женки ги положуваат своите јајца во отворени рани и на мукозните мембрани на топлокрвни животни, вклучувајќи ги и луѓето. Кога јајцата се изведуваат, стотици ларви ги користат своите остри усните делови за да пробијат низ живо ткиво. Доколку не се лекува, инфекцијата може да биде фатална за домаќинот. Американските власти објавија во среда дека Тексас го регистрирал својот прв случај на болеста за 60 години, во кој се работи за тринеделно теле чии ларви биле пронајдени во неговиот папок. Откритието е направено во градот Ла Прајор, околу 30 милји од мексиканската граница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20