СветЧетворица од екипажот во американскиот воен авион за дополнување гориво се загинатиЧетворица од шестмината членови на екипажот во американскиот воен авион за дополнување гориво, кој се урна вчера во западен Ирак се загинати, потврди денеска Централната команда на САД. Се работи за авион кој учествувал во операциите во Иран, но според Пентагон не бил мета на каков бил проектил. -Војната е пекол. Војната е хаос и како што видовме вчера со трагичната несреќа на нашиот KC-130 авион танкер, лоши работи се случуваат. Секој од нив е американски херој. Нивната жртва само ќе ја зголеми нашата посветеност за исполнување на оваа мисија. , изјави Пит Хегсет, секретар за одбрана на САД. Официјалниот број на загинати американски војници од почетокот на конфликтот се искачи на 11, а војната ја зеде и првата европска жртва, француски војник кој загинал во напад во ирачкиот регион Ербил, каде бил во мисија. Иранска балистичка ракета трет пат за една недела беше истрелана кон Турција, но соборена од воздушната одбрана на НАТО. Техеран се закани дека нема да бидат поштедени и европските бази што би се користеле за напади врз Иран. -Aко било која база или центар се користат за спроведување воени операции против Иран, ние ќе одговориме соодветно и ќе ја таргетираме таа локација. , изјави Али Бахреини, Амбасадор на Иран во ОН во Женева. Цената на нафтата повторно ја премина критична граница од 100 долари за барел, Ормускиот теснец останува блокиран, а Вашингтон направи неочекуван политички пресврт, ублажувајќи ги санкциите кон Русија и дозволувајќи можност да се купува сурова руска нафта што е блокирана на море, а со цел да се стабилизира глобалниот енергетски пазар. Првата реакција стигна од Германија, која одлуката ја нарече погрешна. -Mислам дека тоа е неизбежно и затоа дадовме 30-дневна дозвола, бидејќи руските буриња се на вода и тие се брз извор на нафта за индиските рафинерии. Друга работа е што тие буриња секако ќе завршеа во Кина. Дали е срамно што Русија има бенефит? Жалиме и се надеваме дека тие Русија во кус период ќе имаат бенефит. , изјави Скот Бесент, секретар за финансии на САД. -Ми се чини дека домашниот политички притисок во САД е многу многу висок и се плашам дека дополнително можеме да ги наполниме воените куфери на Путин. , Катерине Рајхе, министерка за економија на Германија. Остра реакција претходно упати и шефицата на европската диломатија, Каја Калас. Во интервју за „Фајненшл Тајмс“ изјави дека САД сакаат да ја поделат Европа и да ја спречат да стане нејзин конкурент, како што рече, забивајќи клин меѓу европските сојузници.Тагови: руска нафта САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКина по изборите на Тајван: Никој не може да го запре обединувањето Кина утрово предупреди дека „обединувањето“ не може да се запре, реагирајќи на резултатите од локалните избори во Тајван, на кои владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП) го дуплираше бројот на градови и окрузи под нејзина власт.Кина утрово предупреди дека „обединувањето“ не може да се запре, реагирајќи на резултатите од локалните избори во Тајван, на кои владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП) го дуплираше бројот на градови и окрузи под нејзина власт, и покрај тоа што ја загуби трката за градоначалник на Тајпеј. Кина го смета демократски управуваниот Тајван за дел од својата територија и никогаш не ја исклучила можноста за употреба на сила за да го стави островот под своја контрола. Тајванската влада ги отфрла територијалните претензии на Пекинг. Кина: Обединувањето е неизбежно Канцеларијата за прашања на Тајван на Кина соопшти дека ги зема предвид резултатите од изборите, додавајќи дека мнозинството Тајванци сакаат мир, развој, размена и соработка. „Без оглед на промените на политичката сцена на Тајван, тие не можат да го променат правецот и развојот на односите меѓу двете страни на Тајванскиот теснец или да го запрат историскиот процес во кој татковината мора и неизбежно ќе биде повторно обединета“, се вели во соопштението. Кинеската влада ќе продолжи „решително да се справува со сепаратистичките сили кои се залагаат за независност на Тајван и да се спротивставува на надворешното мешање“ и да ја промовира „големата цел за национално обединување“, додаде таа. Тајван му одговори на Пекинг Тајванската влада изјави дека Кина треба да го почитува демократскиот систем на Тајван и одлуките на неговите граѓани и прагматично да пристапи кон резултатите од изборите. Пекинг треба да води разговори со демократски избраната, легитимна влада на Тајван врз основа на еднаквост и меѓусебно почитување, без поставување предуслови, изјави Советот за прашања на континентална Кина на Тајван, кој е задолжен за обликување на политиката кон Пекинг. Кина одбива да разговара со претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, кого го нарекува „сепаратист“. Лаи, кој е и претседател на ДПП, истакнува дека само народот на Тајван може да одлучи за својата иднина. Пред изборите, Кина испрати десетици воени авиони и бродови во Тајван Односите со Кина не беа меѓу главните теми на изборната кампања, која се фокусираше на домашни прашања како што се безбедноста на водата и училишните оброци. Сепак, Кина постојано го критикуваше кандидатот на ДПП за градоначалник на Тајпеј, Пума Шен, пред изборите и му воведе санкции за „сепаратизам“. Во петокот, Кина испрати десетици воени авиони и воени бродови во воздушниот простор и водите околу Тајван.Тагови: Кина Тајван Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДесничарската партија на Шпанија влегува во парламентот- покажуваат излезните анкети Излезните анкети предвидуваат победа на десниот центар – и мнозинство со учество на крајната десница.Шпанските медиуми ги објавија своите излезни анкети, кои предвидуваат заедничко мнозинство за Народната партија (десен центар) и партијата „Вокс“ (крајна десница), објави Скај Њуз. Излезните анкети покажуваат дека десниот центар е на пат да освои заедничко мнозинство со крајната десница. Шпанските медиуми ги објавија своите излезни анкети, кои предвидуваат заедничко мнозинство за Народната партија (PP) од десниот центар и партијата „Вокс“ (Vox) од крајната десница. Анкетите објавени од шпанскиот весник „Ел Мундо“ (El Mundo) предвидуваат дека двете партии заедно ќе освојат околу 184 пратенички места, што е над потребниот праг од 176 места. Сепак, јавниот сервис RTVE проценува дека Народната партија и „Вокс“ би можеле да освојат и помалку – 173 пратенички места – иако исто така наведува дека би можеле да добијат до 182 места. Затворени гласачките места во континентална Шпанија Гласачките места се затворија за гласачите во континентална Шпанија во 20:00 часот. Гласачите на Канарските Острови имаат право да гласаат уште еден час, бидејќи се наоѓаат во иста временска зона како Обединетото Кралство, каде што во моментов е 19:00 часот. Резултатите од овие предвремени избори би можеле да бидат едни од најзначајните во последните децении, со реална можност партија од крајната десница да стане дел од коалициската влада. Како и да е, ќе нема јасен показател за победникот на изборите во скоро време – првичните официјални резултати ќе почнат да пристигнуваат подоцна, а пребројувањето на гласовите испратени по пошта ќе трае уште неколку дена.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
БизарноСе роди прво младенче на пингвин, родено со вештачко оплодување (ВИДЕО)Пиленце од северниот пингвин од расата рокхопер, создадено преку вештачко оплодување, беше претставено пред јавноста во зоолошката градина „Ширахама Адвенчер Ворлд“ во префектурата Вакајама, Јапонија.Загрозениот вид пингвин се извело на 28 октомври, што го прави првото младенче од северниот пингвин од расата рокхопер во светот родено преку овој процес. Ова беше потврдено со ДНК анализа, според локалните медиуми. Пилето тежело 62 грама при раѓањето, а до 27 ноември достигнало 561 грам. Раѓањето на пингвинското пиле беше емитувано во живо на YouTube, а официјалните лица ја покануваат јавноста да предложи име за новороденото пингвинче.Тагови: пингвин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter