Четворица кошаркари откажуваат настап за селекцијата на Србија на ЕП - Канал 5

Четворица кошаркари откажуваат настап за селекцијата на Србија на ЕП

Кошаркарската репрезентација на Србија, еден од противниците на Македонија на престојното Европско првенство, уште пред почетокот на подготвоките се соочува со кадровски проблеми.

Четворица кошаркари откажуваат настап за селекцијата на Србија на ЕП


Како што пренесува српскиот весник „Вечерње новости“ од списокот кој го објави селкторот на Србија Душан Ивковиќ ќе отпаднат четворица кошаркари: Новица Величковиќ, Душко Савановиќ, Владимир Мицов и Зоран Ерцег.

За најискусниот Савановиќ веќе подолго време се пишуваше дека најверојатно нема да настапи на ЕП во Словенија, поради проблеми со честите повреди.

Новица Величковиќ паузираше речиси цела година поради повреда, што е главна причина за лошата форма во која се наоѓа, па прашање е дали воопшто ќе може да ги издржи напорните подготовки, пријателски средби, а потоа и силниот турнир на првенството.

Зоран Ерцег кој поради повреда на ахиловата тетива имаше долга пауза, кон крајот на сезоната се врати на теренот со солидна минутажа во дресот на ЦСКА Москва. Сепак, извесно е дека Ерцег не сака да ја загрози својата понатамошна кариера, со евентуалното прерано враќање во репрезентативниот дрес во кој рековалесцентот го очекуваат големи напори.

Енигма за „Вечерње новости“ е и најавениот отказ на Владимир Мицов, кој имаше одлична сезона во московска ЦСКА, па оттаму нејасна е причината зошто Мицов го откажал својот настап во репрезентацијата.

Останува отворено прашањето, дали најавените кошаркари ќе им се приклучат на останатите повикани од селекторот Ивковиќ, на првиот собир закажан за 8 јули во Белград.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска ќе биде познато дали водата во Гостивар повторно ќе може да се користи за пиење

Денеска по истекот на 72 часа од последното лабораториско испитување ќе се знаат официјалните резултати од третото тестирање на водата во Гостивар, по кое ако ги потврди претходните два резултати, гостиварци ќе можат да пијат вода од чешма.

Денеска ќе биде познато дали водата во Гостивар повторно ќе може да се користи за пиење

Ова било констатирано на вчерашниот состанок на Кризниот штаб во Гостивар. Извори од штабот за Канал 5 велат дека последните микробиолошки тестови се чисти, а по наредбата за намалување на количината на хлор, и двете последователни мерења покажале вредности во рамките на дозволените граници.

Сепак според истите извори, одлуката за евентуално укинување на забраната за користење на водата за пиење треба да ја соопштат надлежните институции, најверојатно Агенцијата за храна која и донесе одлуката за забрана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија

Шестмина се приведени вчера во полициските станици низ Скопје на информативен разговор во врска со пораките кои се ширеа со тврдење дека во водата во скопје е пронајдена бактеријата ешерихија коли, дознава Канал 5. 

Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија

Сите се повикани по претходна пријава од градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој на прес конференција оцени дека станува збор за оркестрирано ширење дезинформации и паника, за што очекува да има и одговорност.

Дека водата согласно последните испирувања е и хемиски и микробиолошки исправна уверуваат и од ЈП „Водовод и канализација, а покрај градските власти, информациите дека скопската вода е неисправна ги демантираа и од АХВ, ИЈЗ и од Министерството за здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

25 години од Охридскиот договор

Македонија денеска одбележува 25 години од потпишувањето на Охридскиот  мировен договор потпишан меѓу тогашните најголеми политички партии во присуство на специјалните претставници од Европската унија и САД, Франсоа Леотар и Хавиер Солана и Пит

25 години од Охридскиот договор

Договорот беше потпишан за време на конфликтот во 2001 година меѓу македонските вооружени сили и албанската ОНА со кој се стави крај на воениот конфликт.

Преговорите траеја во периодот од јули до август и се одвиваа во вилата „Билјана“ во Охрид од каде и потекнува неговото име – Охридски договор.

Во нив учествуваа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски, тогашниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски, тогашниот претседател на ПДП Имер Имери и тогашниот претседател на ДПА Арбен Џафери.

Во очи на годишнината вчера Министерството за односи со заедниците организираше панел дискусија од која беа испратени пораки за продолжување на реформите, зајакнување на децентрализацијата, владеење на правото и европската интеграција.

Одбележувањето продолжува и денес, а Демократската унија за интеграција предводена од Али Ахмети организира посебна прослава насловена „25 години од Охридскиот мировен договор – наследството, предизвиците и иднината“ во хотелот Александар Палас во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер