Четирите полуфиналисти на ракометното ЕП на средба со новинарите - Канал 5

Четирите полуфиналисти на ракометното ЕП на средба со новинарите

На Европското првенство во ракомет во Хрватска остана да се одигра уште „завршниот викенд“, односно последните пет натпревари.

Четирите полуфиналисти на ракометното ЕП на средба со новинарите
Утре први на теренот во „Арена Загреб“ ќе истрчаат ракометарите на Хрватска и Чешка во дуелот за 5. место, а потоа се полуфиналните дуели. Полуфиналистите денеска имаа „медиа кол“, односно средба со новинарите.

Во 18 часот утре е дуелот Франција - Шпанија. Светскиот првак Франција ќе го игра своето шесто полуфинале, а има скор од три победи и два пораза, додека Шпанија ќе го игра осмото полуфинале на ЕП, а има скор (4-3). Франција има три европски титули, а Шпанија ниту една.

- Полуфиналето беше нашата цел, иако не бевме сигурни дека ќе стигнеме до тука. Натпреварот против Норвешка на почетокот беше од клучно значење, таа победа ни донесе многу самодоверба, од тој момент моторот почна да работи и сега е многу забавно, изјави францускиот репрезентативец Никола Карабатиќ.

Шпанија дури во последниот дуел против Германија го обезбеди полуфиналето, што воедно беше „мал“ реванш за поразот во финалето на претходното ЕП во Полска.

- Најважно е дека стигнавме до полуфиналето. Многу сме среќни, сите сонуваме да играме во финалето и да станеме европски прваци. Мора да покажеме се што имаме, бидејќи францускиот тим игра многу моќно, изјави пикерот на Шпанија, Жулиен Агинагалде.

Второто полуфинале ќе биде „скандинавска пресметка“ меѓу Данска и Шведска, со почеток утре во 20:30 часот.

- Ние сме комплетно задоволни од тоа што го одигравме на турнирот, со исклучок на дуелот со Чешка, што за нас беше изненадувачки. Ќе биде тоа тежок дуел против Шведска, но очекувам да го најдеме решението за победа, изјави данскиот ракометар Мадс Ларсен Менсах.
Шведска последна избори полуфинале, откако домаќинот Хрватска загуби од Франција.

- Прво бевме лути сами на себе затоа што загубивме од Норвешка, но поразот од три разлика беше доволен да бидеме во игра. Го следевме дуелот Франција - Хрватска и по првиот дел се виде дека Французите навистина сакаат победа. Данска е одличен тим, последните години се секогаш при врвот, нема што да загубиме ќе одиме да се надигруваме, изјави репрезентативецот на Шведска, Хампус Ван.

Олимпискиот првак Данска го игра своето осмо полуфинале и има три победи и четири порази, додека Шведска има најдобар биланс во полуфиналните мечеви 4-1 (победи-порази). Шведска е најуспешната селекција со четири европски титули, а Данска има две./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директно предупредување: Америка ја чека брутален одговор

„Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи.

Директно предупредување: Америка ја чека брутален одговор

Ниту една американска агресија против Иран не смее да остане без одговор, предупреди денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, наведувајќи дека Техеран се потпира на сопствените способности и не се надева на помош од другата страна.

Багеи на прес-конференција рече дека користењето на дипломатски канали не треба да се толкува како Иран да ги полага своите надежи во која било друга земја, објави Тасним.

„Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи.

Тој рече дека Иран не е загрижен за внатрешните спорови меѓу американските претставници, но оцени дека Вашингтон „ја лишил дипломатијата од нејзиното значење“.

Тој нагласи дека дипломатијата треба да служи како средство за спречување на тензиите, додека, како што изјави, САД ја користеле како „алатка за поставување заседи и извршување изненадувачки напади“.

„Светот со сомнеж гледа кон американските дипломатски тврдења“, рече Багеи, истакнувајќи дека Иран, со оглед на неговото негативно искуство во соработката со Вашингтон, е особено должен да ги земе предвид минатите настани.

Зборувајќи за прекините во летовите кон САД, Багеи рече дека американската влада треба да модернизира застарена опрема и инфраструктура, наместо да троши пари за купување оружје и „убивање луѓе во Иран“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол.

Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер